Македонски форум за електроника
Аналогна електроника => Аудио техника => Озвучување => Topic started by: batka on 15.02.2011, Tuesday, 16:57:40
-
Дали некој има сознанија или веке има купено некоја подобра ,да не кажам професионална екстерна аудио картица.Ми треба нешто подобра картица со можност за приклучување до 24 микрофона за конференциска врска,односно за озвучување на конференциска сала. Дали такво нешто има на лагер во СК? Од овие фирми кои продаваат некаква си ИТ опрема не гледам ама баш ништо такво во ценовниците!
-
Батка , прво да ти честитам 2000- илјадити пост :) и нека ти се множат за многугодини ;)
Еве заради тебе (твојата помош кон форумот и лично на мене) јас ке појдам до Зец електроник во скопје и на други места и ке се распрашам дали имаат вакво нешто ;) , и ке ти пишам ;)
-
еден познаник имше така нешто, некоја си студиска картичка уште од времето на "хакерите" , порачана од е-бај амазон или слична страна, само знам дека во македонија не праќаа, баш ради хакери. Овде на лагер досега немам загледано, така да најарно е ако знаеш некој од странство кај него да ја порачаш па да појдеш да ја земиш или по афтобус...
-
Фала ти Даниеле и тебе Бицикле.Прво јас лесно ке добијам ценовници од фирмиве што ги знам ,со кои соработувам,но ми беше зборот дека некој можеби знае некој извор во МКД ,за овие врсти на уреди.Секое мислење,сугестија или податок е добродојден,а за странство .. е лесно.Само подобро е ако тука ја имаш робата.
-
Вака сега, вакво нешто нема во Македонија, барем јас колку што знам, дека и јас барав нешто слично, но немаше. Е сега Artist Systems и Ciki Music можеби ќе може да ти набават нешто вакво, но само како нарачка, значи ќе треба однапред пари да им дадеш.
Е сега ова не ми е јасно, дали тебе всушност ти треба дигитална мискета со USB, FireWire, S/PDIF интерфејс или само ти треба „нешто како“ миксета, само да може да има (на пример) USB 2.0 интерфејс и да ги прикажува сите 24 аналогни влезни канали во некој програм за аудио продуцкија/мастеринг (Cubase, Ableton...), а ти потао да си подесуваш се дигитално (ниво на снимка, компресија, EQ, што и да е...)?
-
еве на оваа страна има онлајн каталог.Од страна 357 има по нешто такво
http://www.musicstore.com/en_EN/EUR
-
еве на оваа страна има онлајн каталог.Од страна 357 има по нешто такво
http://www.musicstore.com/en_EN/EUR
Не можам да најдам каде е страна 357 ???. Нема некој си PDF каталог?
-
еве :)
(http://pic.mk/thumbs/untitl1297817176.png) (http://pic.mk/?v=untitl1297817176.png)
-
А, го најдов ;).
Ама овие картици имаат максимум до 4 моно влезови или 2 стерео влеза на кои може паралелно да снима (знам, поседувам една таква, од тој „калибар“ ;) ;D), нема да му оговара на неговите потреби :S, барем колку што има пишано, така сватив ;). На batka му треба нешто со повеќе влезови, околу 24, што го имаат само дигиталните микс пултови со USB интерфејс :S. Друг таков уред јас не знам :S.
-
а на наредните страни разгледа? :)
-
а на наредните страни разгледа? :)
Да, видов, ама тие се бааги соленки ;D. од 4000 евра па нагоре :S.
-
Абе за во странство знам се и повеке од ова што го дадовте,ама прашам дали има нешто тука ,кај нас..
-
Абе за во странство знам се и повеке од ова што го дадовте,ама прашам дали има нешто тука ,кај нас..
Како што реков, по нарачка да, инаку не :S. И многу битно прашање, колку пари си спремен да дадеш за „картицата“ (зошто, реално гледано, тоа веќе и не спаѓа баш во класа на картици).
-
Батка што се однесува до мене... Прашав по продавнициве во Скопје (Зец ... Ботц и на други места ) ама нема таква картица ;)
-
Батка што се однесува до мене... Прашав по продавнициве во Скопје (Зец ... Ботц и на други места ) ама нема таква картица ;)
Немаат такви картици по тие продавници, или Artist Systems или Ciki Music, една од тие две ако има, инаку не верувам друга да има или да сака да набави :S.