Македонски форум за електроника

Аналогна електроника => Аудио техника => Засилувачи => Topic started by: Syrus on 23.12.2010, Thursday, 00:02:51

Title: Како да ставам лимитер на влезот на засилувач
Post by: Syrus on 23.12.2010, Thursday, 00:02:51
Ми треба некој лимитер или само лед диода или што и да е на влез на појачалото за да знам кога почнувам да му давам на влез прејак сигнал. Нешто како на миксетите да кажува кога појачалото е побудено премногу и има шанса да РИКНЕ. Однапред благодарам..
Title: Одг: Како да ставам лимитер на влезот на засилувач
Post by: VLATKO* on 23.12.2010, Thursday, 00:33:13
можеш да ставиш тример после потенциометарот за глас,го пушташ потенциометарот до крај а на тримерот местиш колкав да ти биде максимумот на појачалото на пример 70% од максималната снага и после и да попуштиш до даска тримерот ке лимитира поголем влезен сигнал.
Title: Одг: Како да ставам лимитер на влезот на засилувач
Post by: ivica.s on 23.12.2010, Thursday, 00:43:38
Најпрво треба да видиш колку му треба напон на влез на појачалото за да ја даде максималната моќност, на повеќето појачала им треба од 0,5 до 1,5 Vrms, но провери си за посигурно.

Е откако овај податок ќе го дознаеш, лимитерот треба да го ставиш на влезот на појачалото, за да го ограничува (лимитира) влезниот напон на потребната вредност. Шема за лимитерот не можам да ти дадам оти не знам колку напон на влез му треба на твоето појачало.

За истото ова да биде со ЛЕД диода малку е покомлицирано  ;)

 
Title: Одг: Како да ставам лимитер на влезот на зас&
Post by: bicikle on 23.12.2010, Thursday, 00:51:58
претежно е 0,775 волти ќај повеќето. База-емитер од бц557 на тој напон станува спродлива, т.е. се однесува како краток спој, па кога ќе дојде поголем напон, ќе се намали. треба два вакви споја, едниот да е со басата ан маса другиот со масата на плусот. Не сум баш сигурен како ќе реагира во пракса, ама ако ги имаш транзисторчињнава пробај.
Имам дома едне сличен ваков ограничувач од интегриран засилувач, кога ќе стигнам, ако е лесен за ваѓање ќе го постирам
Еве слиак од форумов
Code: [Select]
http://www.servimg.com/image_preview.php?i=86&u=11553056
Title: Одг: Како да ставам лимитер на влезот на засилувач
Post by: Syrus on 03.02.2011, Thursday, 23:19:02
До кај сме?? Ке биди?? мене ми треба како оние клип диодите на миксетите
Title: Одг: Како да ставам лимитер на влезот на засилувач
Post by: batka on 04.02.2011, Friday, 00:41:41
Лимитер или ограничувач на сигналот е една работа,а ова што ти го бараш е нешто друго.Ако ставиш лимитер тоагаш ја ограничуваш силата на засилувачот,но ако употребиш комбинација компресор/лимитер тогаш задаваш ниво на сигнал кое ке вади максимум сила од појачувачот без разлика на тоа колкав сигнал ке дојде на влезот.
Во моментов во компјутеров немам шема на компресор-лимитер,но ке се постарам да ја ставам.
Title: Одг: Како да ставам лимитер на влезот на засилувач
Post by: Syrus on 04.02.2011, Friday, 23:18:26
Батка која функција ја има компресорот-ограничувач? го ограничува сигналот кој оди на влез и што друго прави, ако ви е полесно најдете само сигнализатор да има за тоа кога се побудува премногу т.е. кога е во клипинг како што кажав како на миксетите. ;)
Title: Одг: Како да ставам лимитер на влезот на засилувач
Post by: batka on 05.02.2011, Saturday, 00:05:07
Убаво објаснив: Ако ставиш лимитер тоагаш ја ограничуваш силата на засилувачот,но ако употребиш комбинација компресор/лимитер тогаш задаваш ниво на сигнал кое ке вади максимум сила од појачувачот без разлика на тоа колкав сигнал ке дојде на влезот.
Сигнализаторот всушност е само оптички покажувач на нивото на лимитираниот сигнал.Значи,треба да направиш лимитер/компресор за да бидеш сигурен дека ке работи целиот систем во ред. Она со ледицата што ти го заговараш ,всушност може да биде обичен ЛЕД ВУ метар кој ке го мери нивото на  сигналот на предпојачувачот.
Title: Одг: Како да ставам лимитер на влезот на засилувач
Post by: Syrus on 05.02.2011, Saturday, 00:09:03
Браво бе батка в срце ме погоди ех да имаше репутација сега, остај то туку ова првото интересно е ке го правам, а и последното ме бендисува само е малце комплицирано и не ми треба толку сложена работа, само сакам да знам кога го теретам засилувачот, ме разбираш??  ;)

Споено мислење: 05.02.2011, Saturday, 00:12:57
Само како да го врзам ова, што напојување бара, она од засилувачот??? и што е она output што да врзам тука??
Title: Одг: Како да ставам лимитер на влезот на засилувач
Post by: batka on 05.02.2011, Saturday, 00:17:43
Направи ја шемата за клипингот (првата) ако сакаш директно појачувачот да го заштитиш.Еве и една шема за помали (по снага) саилувачи.Со промена на влезните вреднсости на отпорниците,може да го прилагодиш прагот на клипингот.Со овие вредности работи меѓу 20-30 вати.Втората шема е баланс метар за двата канали,за изедначување на каналите.
Title: Одг: Како да ставам лимитер на влезот на засилувач
Post by: Syrus on 05.02.2011, Saturday, 00:20:42
Мене ми треба за 150 ватно појачало, ова што ти реков ке го правам, ама како да го поврзам и со што да го напојувам, т.е. колкав напон??
Title: Одг: Како да ставам лимитер на влезот на засилувач
Post by: batka on 05.02.2011, Saturday, 00:26:55
Па пишува убаво. Одбери некоја замена за транзисторите.Ти предлагам и ова со оптокаплеров да го разгледаш,подобро е за реализација,ги одвојува излезот и мерачот.
Направи само прорачун или ако не знаеш стави два тримера и подеси влезниот напон од излезот при 2/3 од силата на појачувачот  да ја пали ЛЕД ( да мига по малку!).
Ако не си сигурен направи си класичен ВУ метар кој се спојува на излез од појачувач или оној кој се врзува на излез од пп кон појачувачот.
Title: Одг: Како да ставам лимитер на влезот на засилувач
Post by: Syrus on 05.02.2011, Saturday, 00:32:40
Првово е добро, само ова output каде да го врзам, иии ова 45 волти еднонасочна ке го напојуваат или ке го стопат??пошто толку ми е напонот за засилувачот.
Title: Одг: Како да ставам лимитер на влезот на засилувач
Post by: batka on 05.02.2011, Saturday, 00:39:28
Тоа оут.иде директно на + полот на звучникот.Мораш да направиш стабилизација за +/- 15 волти симетрично ,ако земач напон директно од појачувачот.Ако правиш и пп заедно со излезниот појачувач,мој совет е да си направиш посебен исправувач за пп,боја на тон и за вакви дополнителни мерни инструменти.
Title: Одг: Како да ставам лимитер на влезот на засилувач
Post by: Syrus on 05.02.2011, Saturday, 00:42:08
ке барам некое мало трафо,а мора точно 15 волти?? и колку ампери ке влече??
Title: Одг: Како да ставам лимитер на влезот на засилувач
Post by: batka on 05.02.2011, Saturday, 00:49:13
Не повеке од 0,1-0,2  А ( може ни толку!)
Title: Одг: Како да ставам лимитер на влезот на засилувач
Post by: Syrus on 05.02.2011, Saturday, 00:52:49
Значи вака правам: наоѓам некое трафо од 15 волти симетрично и го правам склопов, го напојувам со тоа трафо и тоа аутпут го врзувам на плусот на звучникот и имам клипинг диода така??? толку е? да не треба штелување нешто ??
Title: Одг: Како да ставам лимитер на влезот на засилувач
Post by: DX-er on 05.02.2011, Saturday, 00:53:24
Syrus одговору на службената порака од администраторот или дојди на четот
Title: Одг: Како да ставам лимитер на влезот на засилувач
Post by: Syrus on 05.02.2011, Saturday, 01:12:49
батка што напрајвме??
Title: Одг: Како да ставам лимитер на влезот на засилувач
Post by: batka on 05.02.2011, Saturday, 14:25:32
Батка,мислам дека ако за толку провидни работи ме прашуваш,не започнувај со градба ,да не си направиш проблеми! Сепак мислам дека не си дошол на тоа ниво да градиш такви конструкции.Сори! :(
Title: Одг: Како да ставам лимитер на влезот на засилувач
Post by: Syrus on 07.02.2011, Monday, 21:38:30
Мое е да пробам вие ништо не губите, можеби малку време, ама пак како ке научам ако не пробам , ако не ме удри електрониката по џеб, тоа не е можно, професорот мој вели: плати па ке научиш, ако неможиш од прва, ке платиш повекепати.во право сум??
Title: Одг: Како да ставам лимитер на влезот на засилувач
Post by: DX-er on 07.02.2011, Monday, 21:40:12
Syrus намали малце со постовите и немора секој пост да е прашање :) тука сме и да помогнеме некому а не само нас да ни помагаат.
Title: Одг: Како да ставам лимитер на влезот на засилувач
Post by: VLATKO* on 07.02.2011, Monday, 21:40:40
така е нашиот професор петре вика изгорете еден контењер делови па ке научите да правите саглам уреди  ;D
Title: Одг: Како да ставам лимитер на влезот на засилувач
Post by: batka on 07.02.2011, Monday, 21:46:33
Сириус,само ти оди постепено,не прерипувај цели теми! :D Започни и доврши го појачувачот,стабилизирај го,нека работи малку,па потоа постепено оди на нови * додатоци*! Не можеш наеднаш од магаре на коњ! ;D Само полека и стрпливо,секоја грешка е скапа ,ама најскапо е ако не научиш! ;)
Title: Одг: Како да ставам лимитер на влезот на засилувач
Post by: Syrus on 07.02.2011, Monday, 21:52:17
Малце забегавме ама ај, да ви кажам само колку научив од ова појачало, научив како функционираат елементите т.е. како дишат, научив за грешки кои не смеат да се случат, научив за тоа кој елемент која функција ја има, многу работи научив.Многу помогнавте, знам дека сум досаден или како што вели администраторот тхе аск мен :)
Title: Одг: Како да ставам лимитер на влезот на засилувач
Post by: Bojan on 08.02.2011, Tuesday, 00:55:34
ова ѓаволот го има кажано...ако некој уред проработи од прва нема да знаеш како работи, ако не проработи од прва тогаш ке разбереш како работи... :D
Title: Одг: Како да ставам лимитер на влезот на засилувач
Post by: batka on 08.02.2011, Tuesday, 21:31:34
Има еден Марфиев закон : Кога нешто гори во уредот ,гори најскапиот дел !