Македонски форум за електроника

Аналогна електроника => Аудио техника => Звучници => Topic started by: batka on 28.11.2010, Sunday, 00:02:58

Title: Звучници за дома со 6,5 инчни ТЕЛЕ басови
Post by: batka on 28.11.2010, Sunday, 00:02:58
Во план е изградба на звучни кутии со ТЕЛЕ басови од 6,5 инчи и пиезо високотонци и според сите согледувања (немам никакви податоци за звучниците!) ,а и желбите на идниот сопственик ,тоа ке биде високостоечка бас рефлекс кутија со отвор (тунел на долната страна) и кутија од шпер плоча за пиезото и свртницата.Калемот на свртницата ке биде фиксиран внатре во бас кутијата .На задниот дел на кутијата,во горниот дел ке биде приклучокот за појачувачот решен со две буксни.Финишот ке биде шприц кит + темно црвена металик боја со златни ѕвездички низ неа. :o Се ла ви... :D ;D ::)
Title: Одг: Звучници за дома со 6,5 инчни ТЕЛЕ басови
Post by: GigaWatt on 28.11.2010, Sunday, 15:06:34
Браво, браво, ова ме потсеќа на еден модел што го видов во Аудио Центар, само не ми текнува која беше марката на звучниците, мислам дека беа Infinity, ама не ме земајте за збор (и кај тие звучници високотонецот беше надвор од кутијата ;)).
Title: Одг: Звучници за дома со 6,5 инчни ТЕЛЕ басови
Post by: batka on 28.11.2010, Sunday, 21:05:09
Имам добар мајстор до себе во овој проект ;D  ,мислам мајстор-дрводелец ;D ;D кој видел некаде и сакаше такво нешто.Право да ви кажам пиезово ме излудува,ама човекот така сака.Ке биде ептен интересно! ;)Очекувам добар бас со почетна фреквенција од некои 30 Хз.
Title: Одг: Звучници за дома со 6,5 инчни ТЕЛЕ басови
Post by: batka on 01.12.2010, Wednesday, 15:01:17
Што ти е мајстор! За еден ден ги направил кутиите и ми донесе една во дукан да ја видам.Ставив еден бас на неа и неколку ролнички црн сунгер ( од матичните!) и да видиш на 20 вати како рине. Слободно може со една ваква кутија и 20 вати појачувач ( ТДА 2005 мост) да си направиш вуфер за во гепек! :D :D :D Закон за басови од 6,5 инчи! :D :D :D