Македонски форум за електроника

Аналогна електроника => Аудио техника => Звучници => Topic started by: Cyberking on 19.11.2010, Friday, 16:26:46

Title: Поврзување звучници
Post by: Cyberking on 19.11.2010, Friday, 16:26:46
Имам дома купено вуферче од 8W со два звучника кои се поврзани со вуферот преку пинови а од вуферот до компјутерот со банана кабел и уште еден кабел за напојување на 230V и има нискотонец и високотонец.
-сега најдов уште два звучника малце постари кои се поврзани мегусебно се напојуваат на 230V и приклучени директно на компјутер со банана кабелче...(поврзани како на сликата(десно)...
дали ке може сега од вуферот преку некое кабелче или раздвојувач да одвојам уште два пина и да имам 4 и на другите два место со банана кабел да ги поврзам тие два звучника преку пин,но што ке биде со напојувањето на тие два звучника бидејки се напојуваат преку надворешен извор (230Волти) а не преку компјтуер :S ?
Code: [Select]
http://pic.mk/images/untitl1290180969.png
Title: Одг: Поврзување звучници
Post by: GigaWatt on 19.11.2010, Friday, 17:19:28
Можеш да го „поделиш“ излезот од PC-то со помош на „сплитерче“ (не е баш сплитерче, само о препраќа истиот сигнал на два излези место на еден). Евентуално (ако ти поддржува аудио картицата), можеш да ја кнфигурираш да работи во "quadro" мод, односно да го носи истиот сигнал на два излези од картицата (ако станува збор за 5.1 или 7.1 картица, би требало да има ваква опција) и така ќе можеш истиот сигнал да го донесеш на двата пара звучници ;).
Title: Одг: Поврзување звучници
Post by: batka on 19.11.2010, Friday, 17:36:29
Ако е постара звучната( ако не е ХД  аудио) тогаш купи адаптерче банана 3,5 мм и стави го на звучната ,а од него дели сигнал на сараундот и на двете додатни звучничиња.Не преправај ништо друго ,оти  како што гледам не си баш запознаен со овие врзувања,па можеш лесно да останеш без звучна картица!
Title: Одг: Поврзување звучници
Post by: Cyberking on 19.11.2010, Friday, 20:19:25
Имам во пц кај да ги приклучам новите два зучника со бананче (имаче се работи за звучна Realtek HD 5.1)...но сакав да ги поврзам преку вуферот ...т.е. воопшто далии и може ...доколку не може ако може да ми дадете постапка и се што ми е потребно за изработка на вуфер за домашна употреба а водено и звучната кутија ...Благодарам однапред.
Title: Одг: Поврзување звучници
Post by: GigaWatt on 20.11.2010, Saturday, 15:30:29
Имам во пц кај да ги приклучам новите два зучника со бананче (имаче се работи за звучна Realtek HD 5.1)...но сакав да ги поврзам преку вуферот ...т.е. воопшто далии и може ...доколку не може ако може да ми дадете постапка и се што ми е потребно за изработка на вуфер за домашна употреба а водено и звучната кутија ...Благодарам однапред.

Не гледам поента зошто да правиш дупла работа (сигналот прво да оди до woofеr-от, потоа да оди до другиот пар на звучници), директно врзи ги и двата пара звучници, подеси ја картицата да работи со квадрофонија и завршена е работата ;).
Title: Одг: Поврзување звучници
Post by: Cyberking on 20.11.2010, Saturday, 15:34:35
Така и ке направам ...ке може некој да постави постапка и се што ми е потребно за изработка на еден вуфер :)
Title: Одг: Поврзување звучници
Post by: GigaWatt on 20.11.2010, Saturday, 15:40:18
Така и ке направам ...ке може некој да постави постапка и се што ми е потребно за изработка на еден вуфер :)

Колкав... моќност, пасивен/активен, големина... подтелано малку ако може... и разгледај низ форумов и мислам дека ќе најдеш како да направиш woofer ;). Има доста topic-и отвоено на таа тема ;). Користи ја функцијата „Пребарај“ ;). Ако не најдеш ништо, отвори нов topic бидејќи името на овој topic не е адекватно за таа намена, па ќе се изгуби концептот на topic-от ;).
Title: Одг: Поврзување звучници
Post by: batka on 20.11.2010, Saturday, 15:59:56
Еве две шеми са сабвуфер.За кутија имаш веке дадено повеке нацрти,ама ако сакаш посебно само кажи со какви звучници(звучник) ке го правиш?
Title: Одг: Поврзување звучници
Post by: Cyberking on 22.11.2010, Monday, 23:11:37
ги поврзав звучниците преку сплитерче и ја наместив во квадрофонија звучната така да го решив проблемот... со тоа :)
Title: Одг: Поврзување звучници
Post by: GigaWatt on 25.11.2010, Thursday, 21:42:12
ги поврзав звучниците преку сплитерче и ја наместив во квадрофонија звучната така да го решив проблемот... со тоа :)

Најпросто решение ;).