Македонски форум за електроника

Аналогна електроника => Аудио техника => Звучници => Topic started by: batka on 12.08.2010, Thursday, 14:55:12

Title: Звучници ОБЕЛИСК 1
Post by: batka on 12.08.2010, Thursday, 14:55:12
Во Велес моментално се во изградба еден пар интересни звучни кутии кои се во завршна дрвена фаза.
Се надевам дека ке можам да Ви ги претставам дефинитивно со слики (од газдата).Засега јас имам советодавно-морална  и поттикнувачка  улога во сето ова, а човекот сам се одлучи да ги изработи токму овие кутии.Има ли друг кандидат? :D
Title: Одг: Звучници ОБЕЛИСК 1
Post by: GigaWatt on 12.08.2010, Thursday, 16:07:59
Bandpass звучна кутија за басовите, одличен избор ако станува збор за евтин бас звучник (а знаеме кој е квалитетот на звучниците што се продаваат кај нас :S) ;). Ќе си извадат најдобри карактеритики со ваква звучна кутија ;).

Мада малку ми е чуден обликот на кутијата за среднотонецот. Нема да се јави резонанција и рефракција на звучните бранови бидејќи кутијата е во форма на триаголник?

За високотонецот, сите знаеме (барем за ваков тип на исокотонец, калотен) не е потребно посебно кутииче ;).

Инаку вака, звучникот изгледа супер ;D. А, исто така сакав да прашам и дали лошо или добро ќе влијае обратната распределба на високотонецот и среднотонецот (не се баш „конвенционално“ поставни, прво среднотонец па високотонец, по висината на звучникот, туку обратно)?
Title: Одг: Звучници ОБЕЛИСК 1
Post by: batka on 12.08.2010, Thursday, 22:35:54
Среднотонецот најдобро работи кога е затворен .Добро е во  целата ситуација што пријателов имаше готови кит-ови * ВИСАТОН*,со фабрички свртници,кои за воља на вистината не се ништо посебно,па изгледа ке морам да интервенирам :D. Кога ќе биде се готово,ке ги снимиме(фотосеријал) и ке презентирам тазе карактеристики на звукот за што спремам еден анализатор на спектар( 36 фреквенции) .Набавив и микрофон кој ми го препорачаа за оваа намена .Еве видете го.
Title: Одг: Звучници ОБЕЛИСК 1
Post by: GigaWatt on 12.08.2010, Thursday, 22:46:16
Аууууу, многу добра фреквенциска карактеристика има ;). Некаде од кај 150Hz па до кај 2.5KHz има само +-3dB одстапување, што е супер ;). Пред 150 опаѓа доста (до кај -15dB на 20Hz) а над 2.5KHz па расте малку, па пак опаѓа (некаде околу 4.5KHz му е максимумот, па потоа малку бранува и некаде околу 8KHz почнува да опаѓа, пак се јавува еден врв околу 15KHz, па потоа пак опаѓа некаде до кај -12dB на 20KHz).

Како и да е, супер му е карактеристиката ;). А бара фантомско напојување или не? И која цена е?

А да, заборовив, ај со среќа неа си ги користи звучниците пријателот ;).
Title: Одг: Звучници ОБЕЛИСК 1
Post by: batka on 13.08.2010, Friday, 15:15:37
Цената на микрофонот е 280 долари (канадски).Со него доаѓа програмче со софтвер,кој е специјално наменет за тој микрофон(!?) и за никој друг.Пробав со друг микрофон, не оди батки :DИма еквилајзер,анализатор на спектарот,електронски компресор,лимитер .Три во едно.Многу е добар.Прва го *севтоса* Сузана Спасовска и беше мислам задоволна.Концертот беше на отворено со комплет разглас од БИЕМА ( некаде 5000 вати) во Велес во Аmфитеатарот на Младинскиот парк на почетокот на јули.
Микрофонот бара фантом,а кабелот до мих е долг равно 100 м.