Македонски форум за електроника
Аналогна електроника => Аудио техника => Звучници => Topic started by: batka on 06.08.2010, Friday, 17:29:10
-
Ги пронајдов овие табели за 6,12 ,18 дб по октава звучни свртници.Ке поставан во нов пост или тука,ако во меѓувреме ја најдам , табела со пресметки на број на намотки за одредени индуктивитети кои најчесто се употребуваат.Се надевам ке имам внимание.Ова е пред да се јави интернетот.
-
Браво, супер се табеливе, веќе си ги симнав ;).
-
Еве ти и едно програмче.
-
Не го пушта кај мене, можеби дека работам на серверски опративен систем, кој знае... :S.
-
Ни кај мене не го пушта...
-
Јас го симнав од рарот и работи.Ова е стара верзија за Вин 98 и може би секаде нема да работи.Ке пробам да го поставам пак во рар.
-
Џабе, пак не го пушта, изгледа не е наменет за NT оперативни системи, пробав и со compatibility mode (иако ретко „пали“, ама ај да пробам) и пак не сакаше :S.
-
Жалам,а толку убаво работи.. :'(
Споено мислење: [time]07 Август 2010, 15:49:52[/time]
Ај да пробаме усте еднаш,со сите марифетлуци.
-
кај мене вика дека фалел некој фајл и не ја отвора програмата
-
Еве нешто друго!
Споено мислење: [time]07 Август 2010, 16:51:33[/time]
Гига Ват, на маил ке ти го пратам овој програм што го ставив прво (575 Кб е комплет).Пробај го,мислам дека вака треба да иде,а голем е да го ставам на форумов(до 300 кб).Ако некој сака ке покушам директно кај него на меил.
moj mail : danovdanov@gmail.com
-
Сега функционира ;). Го инсталирав (иако не му треба install-от, одкако ќе се инсталира се подига од било каде, може да се премести во друг фолдер, дури и да ставиш име на фолдер со space-ови, нема проблеми, се подига иако е старо ;)), пa сега ќе го post-ирам во секцијата за програми за електроника ;). Се надевам не ти пречи ;).
-
ОК! Разгледај ги и другиве програмчиња, можеби некому ке бидат интересни.
-
Првото не се подига кај мене, вториот го имам (Boxplot Sepaker Designer, го имам post-ирано во секцијата за програмчиња ;)), третото работи супер ;).
-
Што значи ова кај свртниците 3 дб по октава 18 дб по октава ??? ??? ???
Дали како се зголемува овој број свртницата е поефикасна ??? ??? ??? ??? ???
-
Од кој тип ке биде свртницата 6,8,12 18,24 дб.... зависи од нејзината способност за потиснување на фреквенциите на * резот*,односно преклопувањето.Ако е двосистемска свртница таа ке има само една резна фрекв. помеѓу басовите и средно- високите.Ако е тросистемска таа ке има две резни фреквенции.Е ако е 24 дб свртницата таа за толку децибели ги потиснува фреквенциите околу преклопната,резната или како да ја наречеш зона! Значи ке има подобро потиснување и басот ке си тера само басови,средните ке си ги тераат само средните,а високите само високите фреквенции. Колоритот или бојата ке биде појасна(дефинирана) зошто од басот ке слушаш само бас ( а не и средни) и ке се дисперзираат звуците така да многу појасно,прецизно и секако подобро ке ги разликуваш тоновите од оној звучник од каде идат.За 6 дб свртницата има мал број елементи и таа е повеке * широкопојасна* во однос на пр. 12 дб! Подобрите фирми кои прават звучни кутии користат подобри свртници само кај моделите кои се поскапи! Иначе не би имале финансиски ефект! :D
-
Батка каква свртница би ми препорачал за ефтина 6-ка бас звучник купен од боц електроник ;D ???
Сакам сам да ја направам и некоја шема да ми дадеш ;D ???
Ама кутијата ми е бас рефлекс само со басот и издув под басот ??? ??? ???
-
Не кажа каква 6-ка си купил: ако е гумирана(со гумен амортизер) ке извади нешто,ама ако е од оние со
хартија -како за во кола :) тогаш веднаш да ти кажам дека не е за бас кутииче.Прво види дали има долг од или е крута со поместување 2-3 мм.Не се исплати да правиш скапа свртница,освен овие од 6 дб.
Погледај ги табеливе за 6дб,двосистемска свртница и во зависност за кој високо(средно)тонец се работи ,одреди резната фреквенција.Обично овие мали зв.тераат и средни тонови ,па пробај да сечеш под 800 Хз ,во зависност од звучникот.Значи калем во серија со басот и кондензатор паралелно со басот ( експериментирај со конд. од 100 до 330 мФ ,по можност да бидат биполарни или електролити со двојна вредност врзани сериски со плусовите - минусите се излезите на кондензаторот!) Значи,за 100мФ - два од 220мФ во серија со плусови споени заедно ,а минус половите одат паралелно кон басот.Ке покушам да ти нацртам:
-
амортизерот е гумен,има ход докај 4 цм,еве како изгледа
http://www.bots.com.tr/
-
Еве батка доколку велиш таа шема е добра последната што си ми ја дал дали ке можеш да ми кажеш
каква намотка со кој индуктивитет ми е потребна и како да пресметам колку навивки ми се потребни колкавва дебелина на жицата и на што да ја намотам ???
Општо све за намотката ако може ;D
-
Кој е моделот? Го имам нивниот каталог.Отвори ги табелите кои ги имам ставено во прилог и во табела 6 дб свртница одбери резна фреквенција(според карактеристиката на басот и високотонецот),ако се работи за двосистемска свртница.
Споено мислење: [time]11 Септември 2010, 21:48:12[/time]
Не кажа ниту дали е 4 или 8 ома? Имаш ли веке готова кутија или ке ја правиш сега? Со кој високотонец ке го комбинираш басот? Според таблицата при рез 400 до 800 Хз за 4 ома звучник калемот е од 1 до 1,8 мХ (mH),а за 8 омски е скоро двојно поголема - погледај во табела!
Споено мислење: 11.09.2010, Saturday, 22:03:19
Еве како да си пресметаш калем со програмче ,а вториот скен е со формули за пресметување на индуктивитет на рака ! Само најдобро е да прочиташ и малку повеке теорија..
-
овој модел е звучникот
PA 6G55A1-2
6.5" 4 Ohm 100W
Nominal Empedans: 5±15%(Ω)
Cevap Frekansı: 43Hz-3.5KHz
Max. Hassasiyet Seviyesi: 90(dB)
Споено мислење: 11.09.2010, Saturday, 23:42:02
овој модел е звучникот
6G55A1 PA-2
6.5 "4 Ohm 100W
Nominal impedance: 5 ± 15% (Ω)
Frequency response: 43Hz-3.5KHz
Max. Sensitivity Level: 90 (dB)
-
Оди со 1,8 мХ (мили хенри) и со 100 мф биполарен или направен по опис 2х220 во серија ( најдобро 63 волти).
-
Сега можеш да ми кажеш како да ја изработам таа намотка ;D Колкава дебелина и колкава должина на жицата ми е потребна и слично ;D ???
-
кои свртници се подобри активни или пасивни??? ??? ??? ??? ???
-
Ти дадов едно програмче за пресметување калеми,искористи го.Иначе, ако ме служи добро меморијата, на тело со промер 25 мм и висина 25 мм ,без јадро , намотај околу 160 намотки 0,8 мм лакирана бакарна жица.
Активните свртници се подобра,но многу поскапа варијанта,затоа што бараат и две или три појачувачи за секој појас на фреквенции.
-
кои свртници се подобри активни или пасивни??? ??? ??? ??? ???
И двата дизајна си имаат предности и недостатоци (дизајнерски, но и финансиски), така да реално гледано не може да се каже кои се подобри или полоши, може само да се полемизира околу тоа дали за конкретната примена повеќе одговараат пасивни или активни филтри ;).
-
јас би му препорачал да си изработи активна скретница за ниски тонови.
-
која според вас е подобра
http://www.kk-pcb.com/2-way.html
или
http://users.otenet.gr/~athsam%20/2way_active_crossover_with_linear_phase.htm
??? ???
-
Кодирајте линкови !!!!
-
Стварно луѓе, читајте правила!
http://elektronika-mk.net/index.php?topic=4.0 (http://elektronika-mk.net/index.php?topic=4.0)
На нас ни отворате работа...
-
извинете не сакав ама незз како да кодирам линкови
-
http://elektronika-mk.net/index.php?topic=92.0 (http://elektronika-mk.net/index.php?topic=92.0)
или читај ми потпис ;D