Македонски форум за електроника
Општа дискусија => Општа дискусија => Topic started by: GigaWatt on 13.07.2010, Tuesday, 15:12:27
-
Самото име си кажува се, значи планираме да се собираме луѓе од форумов да се видиме како изгледаме, убави ли сме, не ли сме, хахахах ;D ;D ;D. Мала шала ;).
Кој има заинтересиран нека пише на темава, да си размениме messinger-и и некои такви работи. Плус да се договориме во кој град каде да се најдеме ;).
Ајде сега, кој ќе дигне два прсти ;D.
-
Јас кревам 3 прсти и идам сигурно само да се каже дали има заинтересирани
да не биде за џабе
-
Ако биде во Скопје и ако ми се погоди на работа да сум слободен обавезно идам и јас ;D
-
ОК, сега за сега двајца ;D.
Инаку се планира да биде викендашки (барем јас така мислам, најдобро ќе биде да биде во Сабота кога сите се слободни, не преку недела) ;).
-
Јас сум заинтересиран, ако е во Битола сигурно ќе дојдам, а и да е во Скопје најверојатно ќе дојдам оти и така летово мора да одам до Скопје да се видам со роднините ;D
-
Јас сум заинтересиран (кревам два прста) ако е во Скопје. ;D
-
Епа тројца се за Скопје, еден нема проблем да дојде до Скопје, за другите нека пишат дали ќе имаат проблеми да дојдат до Скопје или не ;).
-
јас идам кај и да било :)
-
Ако е во скопје идам!
-
Епа еве, нека биде локацијата Скопје, сега само уште место и време да договориме. Јас не би препорачал кафичи или дискотеки од следните две причини.
1. Во Скопје пијачките во дискотетеките и кафичите се изгор скапи (тоа го знаат сите Скопјани, па и тие што не живеат во Скопје се чуделе на цените). На пример, една сечена водка во кафич во центарот на Скопје варира од 80 до 100 денари, додека во Крушево имам пиено сечена водка и за 40 денари, што е релативно евтино (ова беше пред едно 2, 3 години, не знам дали сеуште се исти цените). Слична е ситуацијата и за безалкохолните пијалоци (за тие штоне пијат алкохол ;D).
2. Во дискотеките и кафичите што сакаат да бидат дискотеки (преку ден кафичи, навечер дискотеки) има релативно гласна музика, па ако се собираме навече или приквечер, нема да можеме асален муабет да си направиме, ќе мораме да се дереме за да се разбереме, и на крај пак нема да се разбереме :S.
Јас би предложил да се собереме во некое позапуштено кафанче каде што можеме да побараме од газдата да се стиша музиката ;) (што врти на радио или CD плеер најчесто, таквите канчиња немаат жива музика). Исто така би предложил и некаде надвор да се најдеме, ама не знам колку луѓе ќе бидат расположени за таа идеја :S. Башка што сите знаеме како стои ситуацијата во државава со пиење алкохол на јавно место, така да не сакам да ставам луѓе во незгодна ситуација и на крај да си отидат дома со ливче на кое пишува дека должите 50 евра на државата :S.
Темата е отворена за предлози за локација, мене што ми текна пишав ;).
-
ima devojcinja na forumov? :)
btw bolje negde na pienka da se soberete odkolku vo kafic ili diskoteka
Пишувај на кирилица!
-
Јас колку што знам нема, ама можно е некој да си ги донесе девојките, хахахаах ;D.
Па тоа ми беше и на мене идејата, ама не знам колку пијат останативе од форумов ;D (само што се издадов, хахахаха ;D).
-
Шо стори вие пијаничишта! ;D
Се зезам, мене сеедно ми е каде, дали со алкохол или без, се надевам ќе ме примат дома после ;D
Од прилика кога ја планирате собиранката?
-
прво да видиме колку има заинтересирани после ќе се доорганизира
-
Сега за сега се 5 души: Devil, cekaj, LordZi, deophorant и јас ;).
-
јас искрено сеуште не знам ама деновиве ке ви кажам
-
jas sum vo strumica i se mislam koga da si doagam nakaj doma...taka da ako sobirankata e do 23-24ti count me in....inace moze i vo gradski park da si ideme :P
P.S. pak sum vo kompjuternica i pak makedonskata poddrska zafrkava :S
-
Јас идам сигурно ако е во скопје
-
Па јас мислев да биде или овој викенд (сега што доаѓа), или наредниот, мислам дека најдобро е така да биде ;).
Споено мислење: 15.07.2010, Thursday, 22:16:54
А да, заборвив да споменам и да ми донесете (ако можете) надуени и стари електролити за да можам како што треба да го истестирам ESR метарот, пошто до сега не ми покажал вредност поголема од 1.1 ом, па се сомневам дека мери точно :S.
-
што викате во вторник една збиранка да направиме??? на бувљак да идеме заедно.... ;D
-
што викате во вторник една збиранка да направиме??? на бувљак да идеме заедно.... ;D
хахахаха може. Тогаш можам.
-
Епа ај, јас немам никакви проблеми со тоа ;D, но не знам дали ќе може Devil и останатите да дојдат, сепак некои работат дента а останатите не се од Скопје :S.
-
Се во ред само времево ми е гадно. Де е многу жешко де е запурнина :)
-
Е тоа да, во право си, да не испопаѓаме половина во несвест таму ;D.
-
Не за друго, ако начекаме нешто интересно ќе се испотепаме кој да го земе... ;D 8)
-
Да, но пак може да појдеме :)
Иначе имаш идено деновиве на пазарот? Дали е се нормално или помалце има продавачи/купувачи поради горештиниве или исто е? Јас немам одено па затоа немам претстава
-
јас присобрав пари па ке одам во вторник....за тоа и ми текна да пишам за таму...а и па како што вика LordZi ке се испотепаме за нешто интересно што ке го видиме ;D
-
Ај утре подетално ќе договориме како што ;).
-
а бе ова од играчка плачка ке испадне....ја демек на зафрканција тоа го пишав и стварно ке одиме таму ;D....и кажете ако одиме сите...ја да си земам стап некој за да тепам таму да си земам нешто...:)
-
Ако се собираме работен ден подобро е да биде поручек зашо од сабајле сум во SEAVUS
-
може па сабајле на шопинг на бувљак, после тоа ке си седнеме во парк и ке се фалиме кој што си купил ;D
-
Да, во работен ден само од поручек (после 6, 6:30 минимум). За жал бувљакот не работи на поручек и вечер :) за тие што беа ентузијасти за бувљаци :D
-
Ако се собираме работен ден подобро е да биде поручек зашо од сабајле сум во SEAVUS
Па тоа ми беше и мене поентата, не се сите (добро, не сите, барем тие што се пријавија за збиранката) слободни од сабајле, некој е на работа, некој не живее во Скопје (или моментално не е во Скопје), некој ги има и двата проблема... не знам, идејата е добра, ама не сме сите слободни тој период до денот и неделата, јас сум, ама се на се ќе се собереме околу тројца или четворица, поентата беше да се собереме барем 7, 8, 9 луѓе. Затоа и ми беше предлогот да биде се тоа во Сабота, тие што работат можат после работа да си планираат вечерта дека ќе се збираме, а тие што се надвор од Скопје да си планираат да фаќаат воз/автобус и да доѓаат. За преспивање не е проблем, ќе се снајдеме ;).
Да, во работен ден само од поручек (после 6, 6:30 минимум). За жал бувљакот не работи на поручек и вечер :) за тие што беа ентузијасти за бувљаци :D
Не е проблем да биде и поручек и сред недела, добра ти е идејата Борче, ама да не биде сабајле, како што реков, тие што работат се на работа ;).
Ајде еве нека биде овој Четврток после или во 7 поручек (попладне), може така?
-
требаше на пиво фест да се собереме сите....ем евтино пивце, и скара, а и па како што памтам не е многу гласно и супер ке си поминевме :) и GW ако доаѓаа во скопје...какво преспивање бе....ке дојдат сите, ке ги собереме и после тоа застанување само на автобуска/железничка за да чекаат автобус/воз за накај дома....следното утро... и ако бидне нешто за во четврток ако може да дојдете накај 6 саат....да ве прошетаме и низ продавници за електроника да побарате ако ви треба нешто ;D
П.С. ке сакате ние скопјанишчата да се здружиме заедно да одиме на бувљак во вторник??? или сам ке треба да идам....
-
Eпа да ама еве за некое време ке има пивофест во скопје па ако сакате може и така :)
-
е и па така може....
-
За колку време ќе има пиво фест во Скопје? Ако мислите на Пиво Ленд, тоа е дури во Септември или Октомври, така нешто, барем колку што ми текнува...
-
Па не знам за лани оти не бев ама пред тоа беше некаде 25ти август (пак накај септември) иначе да Пиво Ленд.
-
Добро, како сакате, не е проблем и тогаш, мада тогаш може јас да не можам да дојдам, можеби ќе ми биде сесијата пред почеток на Септември, крај на Август така нешто, зашто последниве година дена така ги ставаат сесиите на ЕТФ...
-
ок, тогаш друг термин може :)
-
Епа ај нека биде викендов, сега во Сабота, ќе се најдеме некаде надвор, потоа до сабале правиме што правиме, и не му ја мислиме многу ;D. Да седиме некаде надвор, парк или каде сакате, не е проблем, може така?
-
ќе ви кажам утре поточно дали идам
само кое време е тоа оти ако тргнам јас со воз дури на пладне ќе стигнам
а шо викате за неделава што иди ?
или сабота ;D
-
Па да де да, зборам за Саботава сега што доаѓа ;).
-
сабота works for me...
-
јас посекако треба в недела скопје да идам
ќе дојдам малку порано :)
-
јас посекако треба в недела скопје да идам
ќе дојдам малку порано :)
ајдете луѓе нарачувајте му што ви треба од алфа електроник да купите... :D (i am just kidding)
-
Епа луѓе ај нека биде Сабота, значие нареднава Сабота, 24-ти Јули ќе му дојде.
Да не се кошкаме многу околу терминов, зашто ако гледаме буквално на сите да им угодиме, нема никогаш да се собереме, секогаш некој ќе биде зафатен или нешто ќе прави... :S
Е сега уште за термин да се договориме, колку часот и каде да се чекаме ;D.
А, Devil, има некои посебно интересни компоненти во Алфа во Битола, вреди да нарачуваме нешто или се што има таму има и во Скопје?
-
зависи што сакаш
али чат пати има и во скопје :)
-
Сабота попладне би требало да сум слободен, ако не се деси нешто непредвидено... :)
-
Значи вака, ви одоговара ли во Сабота да се најдеме пред Ramstore (главниот влез, тој под агол што е) во 8 часот навечер, може така? Само што не знам како ќе се распознаеме... ај вака, јас ќе носам црна маичка на која го има логото на Commodore, лесно ќе ме препознаете ;).
-
И јас сум за собиранка, да се видиме, иако знам доста од форумов и ги поздравувам. Кажете само точна локација и ако сум слободен во тоа време ке дојдам.
Инаку кој сака да нарача од алфа, нека нарача преку мене зошто земам скоро секој ден. Вчера нара4ав еден комплет од елементи и денес ми прифалија усте некои делови и пак пратив порачка за утре. За брзо време пак ке порачувам. :)
-
најверојатно јас ќе дојдам на пладне :)
дружете се вие на вечер ;D
-
Па нема да доаѓаш вечерта? Па како ќе се најдеме тогаш сите ???
Инаку локацијата е пред главниот влез на Ramstore во 8 часот навечер, пишав погоре како ќе ме препознаете ;).
-
па порано ќе поминете, незнам до кога ќе можам да останам скопје ќе видиме
-
Уште не знам дали ќе сум слободен, до саботата ќе знам сигурно па ќе пишам (а можда и нема па ќе ве изненадам така собрани сите на куп пред Рамстор, бухахаха... ;D)
-
и јас не сум сигурен
но мислам дека идам :)
ама ќе ви кажам за поточно
-
Епа ај осигурајте се, да знам дали треба да се менува терминот (времето) кога ќе се чекаме ;).
-
па пожелно е порано да биде, јас сум за да не биде толку доцна ;D
-
па пожелно е порано да биде, јас сум за да не биде толку доцна ;D
до колку имаш излез од дома? хахаха се зезам
кој од колку може? јас можам цееел ден сабота, од 9 вечер сум на свирка
-
Епа ај еве нека биде преку ден, некаде околу 3, 4 попадне, може така? Мислам дека повеќето можат да излчезат (или се излезени веќе) од работа накај 4 попладне ;).
Ај еве нека биде 4 попладне, им договара ли на сите? Нека дигнат два прсти тие на кои им одговара ;D.
-
!!
-
Кревам два прста ;D
-
ОК, сега за сега двајца ;D. Дали имаме тројца...??? Имаме ли тројца... хахаха ;D ;D ;D.
-
мене ми одговара :)
излез имам неограничено инаку ;D
-
ја ке се потрудам да ви дојдам на збиранката, дека со татко ми работиме во една куќа дууури на водно таму запикана по улички едни да се изгубиш и едвај во 9 саат се враќаме дома, денеска во 10 саат се вративме....така да ако можам ке дојдам на време, ако не....ке барам телефон од некој да му се јавувам да го прашам кај сте...
-
Јас би требало да дојдам (99%), со тоа што бидејќи сум до 3 на работа, повеќе ќе ми одговара негде тоа време, за да не се мафтам наоколу до 4, ама ако треба и тоа ќе го правам ;D. Исто така не е лошо да размениме броеви, за да не се бркаме после, еве на пр. може на Гига да му ги пратиме по порака, пошто тој е организатор, па он нека не брка ;D
-
пр. може на Гига да му ги пратиме по порака, пошто тој е организатор, па он нека не брка ;D
хахаха ;D ај во три и пол,
-
јас идам со воз околу 6 сатот скопје сум :)
-
Јас викам да остане во 4, не ради друго, Devil доаѓа од Битола во Скопје и ќе дојде дури во 6, како што пишал. Ние веќе ќе си „лафиме“ едно два саати, а он ќе треба да се убаци после два саати, па да не биде помалку од два саати, ај еве нека биде два ;).
А Devil, нема да можеш да дојдеш порано, да фатиш порано воз, да се најдеме сите на време?
-
нема порано
едино да почнете подоцна вие :)
-
Па веќе се договоривме во 4 да биде :S. Ај нека пишат другите дали им одговара малку подоцна, на пример 5 еве, мне ми одговара било кое време, само да се координираме сите, тоа е проблемот :S.
Ај дечки, стварно пишете дали ви одговара малку подоцна, значи околу 5 ;). Ако не им одовара на сите, терминот си останува да биде 4, ОК?
-
Еј, мене не ме рачунајте, сега ме израдуваа дека ќе одам на пат утре >:(
-
Ајдеееееее... :(... Ајде, сеа тоа е тоа, друг пат повеќе ќе се собереме... штета, ама работа е работа, јасно е тоа... :S
Глеам alex е offline, па не вреувам дека ќе го прочита предлогот за промена на времето за еден час подоцна, така да значи, си останува да биде во 4, a Devil ќе го почекаме малку подоцна, околу 6, ако другите си отидат, јас барем ќе го пречекам ;).
-
Јас бев спремен да биде и од 6, таман ќе го соберев и Devil од железничка по пат, ама... >:( :P
-
Што да правиме, тоа е тоа, работа си е работа :S... не се одложуваат такви ствари :S... штета... :S
-
Mене ми одговара во секое време ;D кога ќе одлучите тогаш.
-
мене секое време ми одговара, ама чим Горан во 6 ќе стигни во ск... нека е 5, да не го чекаме многу :)
од Јане имате број (мене ми стигна од него порака со бројот).... така да ако некој доцни, ќе се јавува
-
Да, ако некој нешто доцни, јавете се ;).
Значи крајниот тремин е 5 часот попладне (17 часот), утре, Сабота, 24-ти Јули ;). Се гледаме пред главниот влез на Ramstore ;).
-
Фала богу се договоривте :D
-
а бе луѓе...до кога мислите вие да седите??? дека ја накај 8 едвај ке можам да стигнам....па да знам да не го брзам татко ми ако неможам да стигнам ма време пред да се разотидете сите...
-
Дечки за жал јас нема да присуствувам на собирот поради тоа што утре ќе одам Охрид, па таму ќе бидам сè до први или втори август.
-
а бе луѓе...до кога мислите вие да седите??? дека ја накај 8 едвај ке можам да стигнам....па да знам да не го брзам татко ми ако неможам да стигнам ма време пред да се разотидете сите...
ќе те почекаме де :)
-
многу убаво што ви текна за ова , и јас имам размислувано на оваа тема , така да слободно сметајте на мене, евентуално ако не ми испадне нешто по важно од ова
-
а бе луѓе...до кога мислите вие да седите??? дека ја накај 8 едвај ке можам да стигнам....па да знам да не го брзам татко ми ако неможам да стигнам ма време пред да се разотидете сите...
Да да, ќе те почекаме, не е проблем ;).
-
Абе како си поминавте, нешто ве нема од сабајле да пишете... ;) ;D
-
аааах...пијан бев не ми текнува...just kidding јас го начекав GW и Alex, а ѓаволот само што си отишол...поточно го видов ја како си оди...сакав да му отидам и да го прашам дали тој е ѓаволот ама па некако глупо ми беше...да не го утнам не за друго...па само што седнав Alex стана да си оди и сам останав со GW и се изнапрајвме муабет....thats all i have to say...
-
Се собравме четворица се на се, и тоа секој во различно време дојде, па морав да ги пречекувам и испраќам јас сите, но јас ја договарав збиранката, така да тоа беше моја одговорност ;).
Како што кажа Bojan, бевме јас, alex, Devil и Bojan. Инаку според мене супер си пројдовме, малку зезање, малку електроника, супер беше ;D. Се надевам нареден пат ќе се собереме повеќе луѓе ;).
-
кој сака бан 7 дена сега а аа ?
кај сте бе луѓе
да си пукните од инает сега што не дојдовте, супер беше, а ти бојан требаше да ме гибнеш :)
ај следниот пат повеќе
-
Следниот пат ќе биде подобар (и фиксен) договор и ќе дојдам и јас обавезно, за овој пат имав премногу работа.
-
Ај,дојдете на Велешко езеро - имаме брод,два мотела..плажи,една приколка.. :D
Одберете неработен ден само..
-
Лелееееееее, јас сум сега со сесии зафатен :S. Тоа може ама некаде после 5, 6 Септември ;). Јас барем сум за ;).
-
стета сто не бев тука во периодот на соброт , следен пат обавезно ке дојдам и повеке луге да се собереме !!!
-
Следниот собир ќе се направи на датум кој ќе биде избран со гласање на датуми кои ќе бидат предложени од членовите и кога ќе се избери датум нема преместување тој ќе биде датумот, кој ќе дојде ќе дојде, кој нема да дојде ќе чека наредна пијанка :)
-
И јас мислам дека е најфер така, првиот пат бирав јас бидејќи јас бев иницијатор, затоа ;).
-
ај после сесии и слично, пошто има и луѓе кои се уште по одмори
-
Има некој заинтересиран денес да дојде на собиранка
од 6:30 во скопје, локацијата ќе се одреди ако има заинтересирани :)
-
јас би можел да дојдам...само кога и каде ке се чекаме...
-
дај предложете локација, незнам јас толку во скопје што има кај има :)
-
Ајде пред Мајка Тереза куќата што е, таму горе долу се најдовме сите, зашто да не биде пак таму ;).
-
нема проблем де, таму нека е :)
барем знам сега кај треба :)
-
А кога ќе се соберете може ќе дојдам и јас.Ова што кажувате значи пред Мајка Тереза(споменикот) но во колку часот??
-
да таму кај таа куќата, околу 6:30h ( 18:30h)
денес ;D
-
Да, само бидете точни да не мора после да „се бркаме“, кој каде дошол заминал, не заминал ;D, бидејќи нема секој од секој број ;).
-
аааах ...f*ck нема јас да дојдам...пак ке одам со татко ми да работам, пак во истата куќа кај што бевме минатиот пат... и пак нема да го видам ѓаволот...
-
Ај, ќе има и друг пат ;).
-
Зашто немаше никој?Јас чекав пред куќата на мајка Тереза и никој не се појави??!!!
-
Каснеа сите, затоа :S. Така излезе работата, инаку јас уште во 6:30 бев спремен да тргнам, ама ми се јавија другите дека каснат :S.
-
јас супер си поминав инаку :)
ај следниот пат поубаво ;D
инаку дојде и стилхарт и уште еден ама ќе ме извини не му го знам никот како му беше :P
-
несреќа јас баш дојдов,но ништо другпат!!! ;D
-
Ајде, нема везе, сеогаш има нареден пат ;). Башка, ова е втор пат да се најдеме, сега и малку повеќе луѓе излеговме ;D (еден плус, ама ако, нека се множат ;D).
инаку дојде и стилхарт и уште еден ама ќе ме извини не му го знам никот како му беше :P
Штета, сум испуштил, ама морав порано да идам :S.
-
Дечки ако сакате да се видиме во петок на пивофест пишете. :)
-
Јас има шанси да дојдам, ама ќе ви пишам на време да си знаете ;).
-
јас не идам :)
-
Ја ќе идам денес и у недела :)
-
kade e sredbata i vo koiku casot znaci na raspoznavanje
-
па нешто ми се размрдаа плановите, или денес ке идам или утре ама за по сигурно ке пишам попосле. Иначе тоа е на кале, тамо ке се организира пиво-ферстот. за саат не знам ама не е лошо од кај 8-9 саат вечер.
-
луге дај несто по асално да направиме да се собереме по официјално да закажеме ако треба негде на некое место .....
-
Првиот пат бев јас иницијатор и само 4 души се собравме, се на се, и тоа скоро секој во различно време дојде :S.
Нема везе, ај еве кажете кога ви одговара, да се собереме, јас во принцип сум слободен викенди, за другите денови, не знам, ама може да се договориме и за работен ден ;), не е проблем ;).
-
јас знам кога :)
за технома, се зафркавам, ама не е лошо време тогаш повеќето идат за да видат тоа саемот ние ќе се собереме негде
-
да ама кога ќе биде саемот,мислам кои дена??
-
19-22-23 октомври, не сум сигурен ама тие дена е
4-5 дена трае сето тоа
-
а сега видов дека ќе биде од вторник до сабота па мислам дека може сабота да се собереме!! ::) Инаку нека пишат сите кога е добро да се собереме!!
-
ех те бе па и вие...на технома, не за друго на 18ти ми е роденден и ке треба да частам... а па недај боже да се собере цел форум...принтерот ке ми рикне од печатење пари ;D...не бе се зафркавам, мислам дека технома ке биде супер место за да се собереме...по можност во понеделник или среда...дека по 2 часа имам тогаш...
-
немора да не частиш нешто сокче,пиво туку по некој дел донеси ни од отпадон!! ;D ;D
-
Јас сум за, не е проблем и било кој ден во неделата, барем не сега за сега, кога ќе добијам распоред за Октомвриска сесија ќе ви кажам подетално кој термин би ми одговарал ;).
-
времето за форумска збиркана се ближи!!Што ќе правиме ќе се збирнеме!?
-
И јас мислам да се собереме на технома онака убаво сите да се најдеме ;D.Супер место ќе биде на технома,за форумска збиранка само дај сите да се погодиме слободни да се најдеме тоа трае од 19 до 23. :)
-
епа ајде кој е "ЗА"!!??
-
јас сум ЗА :)
-
И јас сум ЗА ;D Ајде има ли други кандидати :D
-
чекаме!! :D
-
I'm in ;D, само кога почнува Технома?
-
од 19 октомври до 23 октомври! ;) :D
-
А, епа има време до тогaш, ќе се договориме ;).
-
ама јас да си се осигурам!! ;) ;D па после како пред куќата на Мајка Тереза да не ве нема! :'(
-
Јас реков дека сигурно доаѓам, ептен да не ми излезе нешто тој ден полагање за кола или нешто така, или не знам, полагање на испит, иначе нема проблем ;).
-
И сега кога ќе идеме 19,20,21,22 или 23??? :)
-
Понеделник или среда...19ти или 21ви, дека тогаш сум од 2 саат на fax...
-
И јас се согласувам, може сред недела, ама приквечер, не знам кога сте слободни ама приквеќер мислам дека ќе биде најдобро, некаде од 7 часот па нагоре, тогаш ќе можеме да се најдеме сите ;).
-
И јас се согласувам, може сред недела, ама приквечер, не знам кога сте слободни ама приквеќер мислам дека ќе биде најдобро, некаде од 7 часот па нагоре, тогаш ќе можеме да се најдеме сите ;).
А саемот до колку саат работи?до 7? :)
-
Па не знам, знае некој ???.
-
Ја сакав сите заедно да отидеме на саем да ѕирнеме што има па после ќе идевме надвор. :)
-
Да, ама некои се на работа, некои се на fax, јас сум слободен, апсолвент сум, ама другите се зафатени, затоа не сакав порано да се собираме :S, мада како сакате, пишете како кога сте слободни, па ќе најдеме некој заеднички термин кој на сите им договара ;).
-
Jaс да си кажам дека мене ми одговара во секој термин :D сега да видиме другите да се погодиме сите а не да бидеме таму двајца без тројца ;D
-
Па така беше и двете претходни збиранки, ама ајде, нема везе, битно барем 2-ца или 3-ца се собравме ;).
-
сега да гледаме да сме над 5-6 души ! :)
-
Па и јас така планирам да биде, ќе видиме ќе се договориме со останатите, нека пишат ;).
-
Понеделник или среда...19ти или 21ви, дека тогаш сум од 2 саат на fax...
На ЕТФ си? Ако си тамо која група си? извинете за оф топикот
-
чекајте малце,Малечко ти и јас знаеш која смена сме?Мислам и за другите останати што ќе присуствуваат и што ќе дојдат!
-
чекајте малце,Малечко ти и јас знаеш која смена сме?Мислам и за другите останати што ќе присуствуваат и што ќе дојдат!
Таа недела сме втора смена,ама како и да е јас доаѓам ако треба ќе глумам болен и ќе земам оправдање од докторката ! ;D :D
-
Направите некое клипче ( од раната фаза!) пред да се направите * фрески*,да Ве видиме што мустри сте на дружењето .
-
сите сме електроничари! ;D
-
ај ако се собереме повеќе ќе има нешто „импресии“
-
Па ако ни тргне муабетот можно е да има ;D. Само јас викам исклучиво „стручна“ литература да „читуцкаме“ ;D.
-
Ако ви тргне,едно 5-6 души можете и цела Библиотека да ја * превртите* :D :D од читање!
-
цел саем!! :D
-
Тоа за на крај ќе го оставиме, прво да се запознаеме кој сме, што сме ;) ;D.
-
Тоа за на крај ќе го оставиме, прво да се запознаеме кој сме, што сме ;) ;D.
Па ако се запознаваме дај барем да седнеме у некој стриптиз бар да се напиеме нешто хе хе хе ;D ;D ;D Не дај боже некое женско да го прочита постот ќе ме ликвидира ;D ;D ;D ;D
-
нема некое женско!! :D
-
има женски ама не се активни :)
и плус тоа мали сте за во стриптиз бар нема да ве примат :)
-
Дечки ај малце да мрднеме со ова договориве за форумска збиранка,времето изминува ! ;) :D
-
Чекаме другите да кажат што како кога, јас во принцип сум слободен ;).
-
Тоа за на крај ќе го оставиме, прво да се запознаеме кој сме, што сме ;) ;D.
Па ако се запознаваме дај барем да седнеме у некој стриптиз бар да се напиеме нешто хе хе хе ;D ;D ;D
Не ти е лоша идеава, може зошто да не :)
Не дај боже некое женско да го прочита постот ќе ме ликвидира ;D ;D ;D ;D
Не бе не се плаши, кај мене е целото оружје. Никоја не смее да ти писне :D
-
Не дај боже некое женско да го прочита постот ќе ме ликвидира ;D ;D ;D ;D
Не бе не се плаши, кај мене е целото оружје. Никоја не смее да ти писне :D
Хах ок фала админе ;) :D.За оружје што ни треба,само леткум во рака и ќе ги лемиме женските ;D ;D :D
-
Не дај боже некое женско да го прочита постот ќе ме ликвидира ;D ;D ;D ;D
Не бе не се плаши, кај мене е целото оружје. Никоја не смее да ти писне :D
Хах ок фала админе ;) :D.За оружје што ни треба,само леткум во рака и ќе ги лемиме женските ;D ;D :D
Леткум со долга цевка и паста за процесори :D :D :D
-
Леткум со долга цевка и паста за процесори :D :D :D
Мислиш термо паста,да не се загрееме и обавезно ладилник :D :D :D
-
а бе мене доста ми е и изолир, со него јас си се крпам.... ;D
-
Другарчиња :D ајде забаевме со договориве за форумска збиранка!Времето одминува! ;)
-
Среда јас би предложил, ама па во колку саат...е тоа незнам...
-
Дечки аман бре што напраивте,ќе се собираме ли на форумска збиранка?Ако се собираме дај кажете кога,каде,во колку саат,колку души ќе се собереме?Јас мислам дека најдобро е на технома да се собереме таман и ќе се прошетаме и ќе разгледаме што има. ;) :)
-
среда ќе биде ама за време не е сигурно накнадно ќе допишеме
-
Да да, среда е дефинитивно, само времето е проблем :S.
-
А колку души ќе бидеме,има ли некоја бројка или двајца без тројца? :D
-
Па сега планираме да се собереме повеќе, прошлите два пати бевме помалку, ама нема везе, затоа сега договараме термин да се собереме повеќе ;). Колку ќе дојдат, тоа е веќе друго прашање :S.
-
Па сега планираме да се собереме повеќе, прошлите два пати бевме помалку, ама нема везе, затоа сега договараме термин да се собереме повеќе ;). Колку ќе дојдат, тоа е веќе друго прашање :S.
Мене ми е битно во колку часот,и каде да се сретнеме?
-
Па тоа сега се договара, ќе пишеме што како кога е знаеме, се надвам за ден или два ;).
-
Па тоа сега се договара, ќе пишеме што како кога е знаеме, се надвам за ден или два ;).
А има ли сигурни членови кои ќе дојдат? :)
-
јас
скоро секогаш идам :)
-
Да, јас сум сигурен (било кој тремин да е), исто мислам дека е DX-er, ама да не зборувам во негово име, нека си пише он, другите ги договараме и чекаме да ни кажат дали ќе бидат слободни во среда и во колку часот :S.
-
И јас доаѓам,ако ме примите :D и исто во колку часот ќе биде во толку,саемот мислам дека работи до 7 или 8. ;D
-
сите се примени, никој не оставаме, само ги молиме сите што сакаат да учествуваат на собиранката а не се познаваат лично или некако со некој админ/ мод или член кој ќе иде сигурно да се најават да знаеме
пошто ако иде некој сигурно а вие му сте пријател/ другар можите заедно да дојдите :)
-
ако е во среда, јас ке доаѓам...
-
Само што треминот уштего договараме ;).
-
Па ај негде накај 12(не вечер),или не? ;D
-
Ќе видиме, зависи, но најевројатно ќе биде измеѓу 11 и 1, најдоцна 2 попладне.
-
Ќе видиме, зависи, но најевројатно ќе биде измеѓу 11 и 1, најдоцна 2 попладне.
Ок,мене ми одговара во секој термин. ;) :)
-
па ај стварно во 12 да биде...
-
па ај стварно во 12 да биде...
Јас сум за,само да видиме другите што ќе кажат. :)
-
Ќе видиме, чекаме од еден член од администрација одговор ;), кога ќе добиеме (се надевaм утре) ќе пишеме ;).
-
ја се познавам со 2ца!!Идам и јас(доаѓам)
-
Ајде некој ден да се собереме во Битола пред епинал (на широк сокак) и ке одиме до Алфа електроник ;) :D :), таман и ќе купиме некој компоненти ;)
-
ја се познавам со 2ца!!Идам и јас(доаѓам)
Јас ќе доаѓам Скопје на Технома, ќе те побарам и заедно ќе одиме на собиранката ;D
-
ok,druze cekaj!!Bas vo sreda imam praksa i spremiv toa elaborati za o.z.!!Ama ajde nema da idam na skolo!! ;D
Пишувај кирилица!!!
-
луѓе што бидна за собиранката??? ене ја среда кај е, не викајте има време, дека ке дојде додека трепнеш....
-
Ај нека биде накај 11 часот претпладне, одговара на повеќето членови?
-
Ај нека биде накај 11 часот претпладне, одговара на повеќето членови?
А може ли во 12 да се чекаме пред влез на саем?bad idea? :D ;D
-
Па што знам... :S... ај да видиме на колку и договара од 11, ако на голем дел не им договара, ќе преместиме за малку подоцна, може така...?
Споено мислење: 18.10.2010, Monday, 01:33:07
Ајде преместено е да биде од 12 часот попладне, ви одговара...?
-
одговара!!!! (кога и да е, само да се собереме...)
-
сеедно :)
место начекање пред влез во саемот ( најверојатно влезна врата од дворот ако има такво нешто, не се сеќавам ) сите во 12.00 таму да сте чекаме до кај 12.10-20 не повеќе !!
-
пред билетарата ке се чекаме... и у случај некој да се изгуби...
071 369 781
ја ви мој број, па јавувајте се...не се срамете :D
-
пред билетарата ке се чекаме... и у случај некој да се изгуби...
071 369 781
ја ви мој број, па јавувајте се...не се срамете :D
Колега многу луѓе ќе има пред билетарата :(.Дај негде да се чекаме кај што нема многу луѓе,да можеме да се најдеме. :) ;)
-
Епа ајде нека биде 12 пред билетарата, нека биде така ;).
пред билетарата ке се чекаме... и у случај некој да се изгуби...
071 369 781
ја ви мој број, па јавувајте се...не се срамете :D
Колега многу луѓе ќе има пред билетарата :(.Дај негде да се чекаме кај што нема многу луѓе,да можеме да се најдеме. :) ;)
Абе ќе се најдеме, не е проблем ;).
-
и рече те му на Сколс да дојде да си части за роденденот :)
-
Знам дека ќе се најдеме(после 2 саати ;D),ама викам да се најдеме на некое место кај што нема многу луѓе.
-
каде па да се чекаме???
и ѓаволе, не спомнувај такви работи тука...ке го исплашиш човекот и нема да се појави...таму кога ке дојде ке го стегнеме да не части ;)
-
и ти си знаеш што како нема бегање :)
-
мене денеска ми е роденден :D не во среда :P на скулс му е во среда роденден :D
-
ај ај бегај ти само и доста офф оти ко ќе видат 10000 страни од кој само на 2 има за собиранката ќе се чудат луѓево
-
Ајде бре ене кај е среда(задутре :D),дај да се собереме да му е*ам мајката,те 12 те 11,ајде било кога само да се собереме!!! >:(
-
12 часот попладне е последниот договор, не 11, значи останува 12 ;).
-
ОК,значи среда(задутре ;D) во 12 часот пред влез на саем,така?
-
Пред билетарата, не мора баш буквално пред неа, не мора да се буткаме во гужвата, ама во радиус од на пример 7, 8 метри од билетарата ;).
-
Значи во среда,12 часот пред билетара во радиус од 7-8 метри.
-
Баш така ;).
-
А ќе седнеме некаде да направиме муабет!?Или сикинисаве на саем муабет ќе праиме!Инаку што да частам(мислам)???Еклери?НЕЕ!
-
ти бирај... :P
-
Devil јас и ти ке се сретниме во афтобус па заедно ке одиме да се најдеме ;D
-
ке се најдиме де :)
-
Борче ке дојде :) ?
-
Борче ке дојде :) ?
Времето ке каже ;)
-
знаачи во Среда во 12 часот пред билетарницата на Скопскиот саем!!
-
Баш така ;).
-
Јас сум на работа до 3, ако не се разбегате до тогаш и ако седнете негде може да ви се придружам, посебно ако има частење ;) ;D (just kidding)
-
Јас сум на работа до 3, ако не се разбегате до тогаш и ако седнете негде може да ви се придружам, посебно ако има частење ;) ;D (just kidding)
Не се секирај бе колега,ќе те частиме отпорници(5 ватни) :D :D :D :D
-
Јас сум на работа до 3, ако не се разбегате до тогаш и ако седнете негде може да ви се придружам, посебно ако има частење ;) ;D (just kidding)
Па најверојатно ќе седиме до 3, така да можно е да се најдеме ;).
-
Јас сум на работа до 3, ако не се разбегате до тогаш и ако седнете негде може да ви се придружам, посебно ако има частење ;) ;D (just kidding)
Па најверојатно ќе седиме до 3, така да можно е да се најдеме ;).
Има да киснеме ахахаххахахаха :D
Споено мислење: 18.10.2010, Monday, 23:03:08
И сега колку членови се сигурни дека ќе дојдат?Освен јас :D.
-
ја ке дојдам!!!
-
До сега двајца,има ли тројца,има ли тројца ! :D
-
јас доаѓам,како да не дојдам! :D
Ете ти тројца!
-
И поиќе од тројца излеговме ;D.
-
мене ми кажа Чекај дека че дојде,потоа гледам Девил и .ДВЛ ќе дојдат во автобус!
Бојан,Чекај,Девил,.ДВЛ,Гигават,Малечко,Јас,ацеБитола.......
-
И јас ке дојдам
-
многу души се собраа,ејјјј!
-
Епа, ајде, чекаме ;). Само да знаете, чекаме максимум половина час, значи од 12:00 до 12:30, кој се појави во тој временски интервал, ОК, кој не, можеби ќе не најде на саемот.
-
билетарата се наоѓа одма на влезот на саемот??Или одма пред халата се наоѓа??
-
билетарата се наоѓа одма на влезот на саемот??Или одма пред халата се наоѓа??
Неколку метра подоле од влезот,ако сакаш заедно ќе идеме ако проаѓаш од таму или пак ако сакаш да се чекаме пред железничка. ;) ;D
-
ок,утре одсабајле ќе се договориме! ;)
-
ок,утре одсабајле ќе се договориме! ;)
Ok,ај пиши ми по пп,дека од сабајле ја може да се успијам хах ;D
-
ааах...јас само малце ке можам да седам...грдион професор по математика трече утре ке сме имале часови од 2 саат до 4....па ако сте уште заедно пак ке ви дојдам :D
-
Значи карши билетарата се наоѓаме, на едно 7, 8 метри подалеку од неа, утре во 12:00 ;).
-
ало луѓе мене ме заборавивте, сметајте и на мене :)
и јас идам така да кој иди од битола утре од техничко да си каже да се најдеме полесо
-
Јас одам од Техничко, тргнуваме од 7:30, кога ќе стигниме ќе се шетниме малце, па во 12:00 се гледаме кај билетарата на саем :D
-
која година си ?
аха дека ќе тргнеме во 7.30 нема шанси негде кај 8-8.30 можеби хехех
-
Трета бе :D
Во 7-ката сум, разбрав Шкафот ќе идел и така..
-
И јас со.DVL ке идиме од техничко заедно во III8 учиме ќе се најдиме
-
Луѓе ВЕ МОЛАМ во 11 саат да одиме таму...
-
И јас со.DVL ке идиме од техничко заедно во III8 учиме ќе се најдиме
така е аце :) значи од Техничко од Битола сме четворица Јас, аце-битола, Девил и чекај :)
-
Луѓе ВЕ МОЛАМ во 11 саат да одиме таму...
зошто во 11 ?
-
има математтика од 2 часот!!Јас можам во 11 и пол!
-
или па од 12 ама сите да сме точни....
-
Aј од 12 нека биде ;D.
-
треба сите да бидеме во 12 таму!!!
-
ај, ама стварно ве молам сите да бидеме таму во 12 дека во 1 саат јас ке треба да тргам за накај факултет... и знае некој до колку саат работи саемот???
-
ај, ама стварно ве молам сите да бидеме таму во 12 дека во 1 саат јас ке треба да тргам за накај факултет... и знае некој до колку саат работи саемот???
Ако не се лажам ама мислам дека работи до 7 најкасно до 8 саат. ;) :D
-
ај, ама стварно ве молам сите да бидеме таму во 12 дека во 1 саат јас ке треба да тргам за накај факултет... и знае некој до колку саат работи саемот???
Ако не се лажам ама мислам дека работи до 7 најкасно до 8 саат. ;) :D
Така нешто да ;).
Нема проблеми бе Bojan, и онака најверојатно цел ден ќе искиснат таму дел од нас ;).
-
колку добро било на збирканавааа!Се собравме 9 души иако Бојан си отиде за жал,да учи! >:(
-
колку добро било на збирканавааа!Се собравме 9 души иако Бојан си отиде за жал,да учи! >:(
Ах бре требаше да останеш уште малце,после дојде и LordZi па покиснавме уште малце. ;) :D
-
ама ајде роденден ми е нема да ги оставам гостине сами! ;D
Ај друггпат! >:(
-
ама ајде роденден ми е нема да ги оставам гостине сами! ;D
Ај друггпат! >:(
Ајде ајде не се секирај ќе има и друг пат,и да глеаме уште повеќе да се собереме! ;D ;)
-
што ке ми е LordZi го имам видено него :D и јас сакав да останам, ама па морав на факултет да одам...
-
Во принцип беше топ ;D. Се изнаглеавме еден тон работи од кои реално гелдано немаме никаква потреба, хахахахаха ;D.
-
Во принцип беше топ ;D. Се изнаглеавме еден тон работи од кои реално гелдано немаме никаква потреба, хахахахаха ;D.
Тоа да освен хилтата за бушење плочки ахаххахахаха :D :D ;D ;D
-
Јас денес си поминав супер! Запознав еден куп луѓе кои сакав да ги запознаам, ем салам се прошетав низ саемот, ем си разговарав за сè и сешто. Поздрав до сите, се гледаме во некоја наредна прилика :D
-
Морав да дојдам покасно пошто до 3 бев на работа, најкриво ми е што не се видов со Ѓаволот, ама ај другпат... ;)
-
извинте што не ве почастив ама баш ништо!Следен пат некако ќе го надополнам тоа! :D
-
извинте што не ве почастив ама баш ништо!Следен пат некако ќе го надополнам тоа! :D
Ќе не частиш отпорници,ама 5 ватни хахахаха :D :D :D ;D ;)
-
нееее, следниот пат од 10W за казна 8)
-
вака сега,дали ќе има зимна-форумска збиркана?Јас се
си мислам да биде во Битола!Што викате вие,зимски распуст,тие од Скопје што се заедно да идеме со воз и така заедно назад во Скопје да се вратиме.
-
вака сега,дали ќе има зимна-форумска збиркана?Јас се
си мислам да биде во Битола!Што викате вие,зимски распуст,тие од Скопје што се заедно да идеме со воз и така заедно назад во Скопје да се вратиме.
Па можно е, зошто да не ;). Плус ќе земеме делови од Алфа ;) ;D.
-
да,затоа заборавив.Таму идеме,како што бевме во ГАЦ на последната збиркана.
-
ке ве разочарам за возот сега...возот за накај битола е во 18:20 (+- некој саат каснење), уште 3 саати додека стигнеме до таму...21:00 плус некој саат што ке се влечка..да бидеме среќни ако стигнеме до 22:00 таму (колешка имам од прилеп, еднашка во 23:00 стигнала у прилеп).
а за враќање има воз во 4 саат сабајле (така мислам)...така да кога ке идиме, а кога ке си одиме битола???
-
ке ве разочарам за возот сега...возот за накај битола е во 18:20 (+- некој саат каснење), уште 3 саати додека стигнеме до таму...21:00 плус некој саат што ке се влечка..да бидеме среќни ако стигнеме до 22:00 таму (колешка имам од прилеп, еднашка во 23:00 стигнала у прилеп).
а за враќање има воз во 4 саат сабајле (така мислам)...така да кога ке идиме, а кога ке си одиме битола???
Eхх штета,јас баш сакав да отидеме до алфа а и да се видиме со колегите од битола...Е ако де ќе мавнеме една вотка и да видиш како одма ќе дојде 4 саат сабајле :D ;D
-
па ако се оди, така да одиме...со тој воз у 6 натаму, со тој во 4 наваму...simple as that...
-
па ако се оди, така да одиме...со тој воз у 6 натаму, со тој во 4 наваму...simple as that...
Колку е повратна?
-
Еее ке ме има и мене
-
Јас сум ЗА .. ако е во Битола идам ;D ;D ;D
-
абе и јас сум ЗА,но гледам нема воз нешто :'(
-
300 и некој денар мислам дека беше повратна...
-
Еве нешто,сигурно има и други термини...Ова е за Битола-Скопје,ама важи и за обратно ;) ;D
http://bitola.gordsys.net/?voz
-
еххх,да беше лето.Ќе седневме на широк сокак во Битола,па еден Џони Вокер со кикирики,
музика под увце,па ќе одмориме едно 3 саати(може и 4) па да шетаме низ чаршија.....
и на крај во Алфа кај МацоБТ.Па дома
-
хахахахахаха :D :D :D
најако ќе беше така ;D ;D
-
Епа сега по едно кафе ке си се стоплиме ке си гледаме како паѓа снег и на крај во алфа
-
да бе,ја летото бев во Битола.Со татко ми одсабајле со воз и право во БТ.Ме пречека Чекај
од таму кај него,па во Алфа и на крај дома со возот.
Време беше тоа :D :-
Епа сега по едно кафе ке си се стоплиме ке си гледаме како паѓа снег и на крај во алфа
не сега еден чај,другото го знаете. :o
-
да бе,ја летото бев во Битола.Со татко ми одсабајле со воз и право во БТ.Ме пречека Чекај
од таму кај него,па во Алфа и на крај дома со возот.
Време беше тоа :D :-\
Еххх на времето ахаххаха,многу остаревме си еб*ло мајката хахаха :D :D :D :D ;D ;D ;D
-
Не е некое време,тоа беше ова лето,некаде 25 август мислам.
Ако грешам Чекај нека ме поправи
-
еххх,да беше лето.Ќе седневме на широк сокак во Битола,па еден Џони Вокер со кикирики,
музика под увце,па
Па после у стриптиз бар.... :D :D :D
-
еххх,да беше лето.Ќе седневме на широк сокак во Битола,па еден Џони Вокер со кикирики,
музика под увце,па
Па после у стриптиз бар.... :D :D :D
Meне пошто сум „малечко“ ќе ме шверцате во куфер хах :D :D ;D 8)
-
не си само ти ;)
и јас друштво ке ти прам во куферот ;D ;D
-
па и јас,неам лична карта!!
-
па и јас,неам лична карта!!
Епа првин на црно да вадиме лични карти па после ќе праиме муабет :D
-
послем ќе се бутнеме кај овие во ранец,кој во куфер.Кај ГИГА и кај ДЕКСЕР
-
да де, ако ме прашаат што ти е толку голем ранецот, ке им речам дека носам спакован падобран или парагвајдер :D
-
да де, ако ме прашаат што ти е толку голем ранецот, ке им речам дека носам спакован падобран или парагвајдер :D
хаххаха тоа да,влагаш внатре да глеаш п*чки и со се толкав ранец...И те прашува тој на врата што имаш и ти целиот искезен е ништо де имам падобран хахахах :D :D :D ;D
-
еххх,да имаше воз.Или да имав кола па да ве одведов до Битола сите,и назад пак.
Ама немам :-* :'( :'( :P >:( ;D
-
Глеам има еден воз во 7:10 сабајле. А да тргаме со тој? Знам, малку рано е, ама ќе се расоните ;).
-
Јас кога бев Скопје во септември одев со возот во 3:10 часот :D
Во Скопје стигнав кај 7:15, а се вратив со возот што беше во 14:30.
Од Скопје до Битола возот од 7 часот стигнува кај 11 часот, така да ќе стигнете баш на време, и ќе имаме доволно време за шетање :)
Сметајте и на мене за собиранката, јас сигурно доаѓам. ;D
-
Глеам има еден воз во 7:10 сабајле. А да тргаме со тој? Знам, малку рано е, ама ќе се расоните ;).
E ако де,фазата на нога и преку едно временско реле у 6 саат и да видите како ќе се разбудите :D.Јас пошто сум „малце“ по отпорен,ќе закачам тоа анодата од сплит трафо и има за 1 секунда да бидам на нозе хахахаах ;D ;D ;D ;)
-
Море ко ќе се испијана ако не не^ пуштат во барот имат стриптизерките надвор да ги извадам и да шизат угол голи на -15 :D
-
ахахахахахахаххахах
кој бар бе има и малолетници нема да ги примат па да не останиш сам да се вртиш на шипка
( се зафркавам ова)
-
Ај ќе се договориме за ова во колку часот, што како кога, не е проблем, ама да тргнеме со тој во 7 сабајле за да стигнеме на време, да видиме, да направиме муабет ;).
-
ке ни снема теми до вечерта....и ако одиме...не планирам ја у 6 саат да си идам накај дома...сабајле у 3-4 што е тој ке си идеме... :D
-
ке ни снема теми до вечерта....и ако одиме...не планирам ја у 6 саат да си идам накај дома...сабајле у 3-4 што е тој ке си идеме... :D
Така де, така, уствари кој кога сака нека си оди, повратен билет си има, може колку сака да остане ;). Јас дефинитивно ќе ти правам друштво ;).
-
супер, сега само уште да се договориме кога ке одиме, и таман ке биде...
-
оффф море пијаничишта едни :D :D(мала шала) ;D.Е ако де зошто сите да не останеме,кој е тој да си оди кога цело друштво ќе остане,не верувам дека има таков?
-
се има малечко...
-
кога ќе идеме во Битола?Спремни сте?
-
Колоквиуми од 11ти :(
-
Колоквиуми од 11ти :(
Исто и јас... испити... :(, евентуално после 21-ви, ако ви договара ;).
-
кога ќе идеме во Битола?Спремни сте?
Ајде да наравиме форумска збиранка во Битола :) ;) :D
-
Нема да можам да дојдам најверојатно, имам некои други обврски периодов :S.
-
до кај е работава?
-
До никаде, сега пак имам за полагање :S. Но ако има заинтересирани, можно е да можам да одвојам едно попладне ;).
-
грди испити луѓе...
-
Убаво ќе биди ако можи сите да се собериме во Битола мене ми одговара во секое време само вие кажете. ;D ;D ;D ;D ;D ;D ;D
-
таман че поминете накај прилеп че ме соберите
-
Таман дур е летото да се собериме во Битола оти од септември на сколија ;)
-
да не ќе има збиркана??Да се собереме :'(
-
ја су заааааааа
-
се планира нешто,, ќе известиме како што понатаму :)
-
Ajде да одиме,добро ќе биде како предходниот пат кога бевме на технома ;D
-
ај па у среда ако не да одиме на технома (како што рече малечко)....кој е за нека пише тука па ако има некој чоек повеќе да одиме заедно...
-
епа ај организирајте се вие кој оди на технома најдете се, јас не можам да идам имам некој важни обврски моментално, а незнам колку ќе траат и така...
-
Мене ми одговара во среда,count me in ;D
-
јас секој ден ќе бидам таму ;D ;D 8)
-
мене не ми одговара, среда дај малку понатаму сега сум многу кнап
-
Ако примате „дечиња“ во друштво, и ја би дошол ;D ;D
-
од 7 до 77 години примаме :)
-
во електрониката нема дечиња старци, може некој од 10години повеќе да разбира и од тој од40г. така да слободно бре сите кој сакат може и од други форуми да викниме од босанскиот ... итн.хахаха
-
Епа ајде договарајте се, ние за тука одговараме, а за надвор, тоа си е ваша работа. Јас најверојатно нема да можам да дојдам, поради обврски, но вие можете да си се договорите ;).
-
ајде и ја су за, може да ми пишите и на 078706199 (по завршувањето ан технома ги молам надлежните као сакаат да ми го избришат боројот... )
-
ајде и ја су за, може да ми пишите и на 078706199 (по завршувањето ан технома ги молам надлежните као сакаат да ми го избришат боројот... )
договорено, само прати ми една лична порака за секој случај :)
-
Јас утре одам на технома па сега ако има некој може да пише да се видиме :)
-
И нас ќе не носат од школо :D
-
Јас најверојатно не доаѓам, имам други побитни обврски, но договорете си се вие ;).
-
Како сте расположени за некоја собиранка да направиме :)
дајте идеи и предлози
-
Oва е одлична идеја да се сретнеме
-
Епа ајде, кажете локација, каде сакате, нема проблем, таму ќе дојдеме ;).
-
Во Сабота повелете во Свети Николе на традиционалниот Тодорички панаѓур :).