Македонски форум за електроника

Електронски уреди => Аудио опрема => Topic started by: dr-mr on 11.04.2021, Sunday, 07:27:43

Title: Проблем со Onkyo HT-r390
Post by: dr-mr on 11.04.2021, Sunday, 07:27:43
Кога го вртам потенциометарот за гласност се појавува грчење/кликање на субвуферот, грќењето/кликањето не е константно додека се врти потенциометарот (го има го нема).
Тоа грчење/кликање се слуша сам на субвуферот и само кога се зголемува или намалува гласноста, додека работи/свири појачувачот нема никаков проблем. Истото се случува и кога се користи далечинското.
Дали е можно тоа да се случува од излезното интегрално коло (STK443-530)? Имам уплав од тие ГО..А, секогаш кога работам со нив страдаат, мислам дека ако ги погледнам ке се расипат 
Секоја идеја е добродојдена.
Title: Re: Проблем со Onkyo HT-r390
Post by: bicikle on 16.04.2021, Friday, 20:15:38
Ај пробај со друг потенциометар?
Title: Re: Проблем со Onkyo HT-r390
Post by: dr-mr on 16.04.2021, Friday, 23:36:43
Не би требало да биде потенциометарот, бидејки истото се случува и  кога го зголемувам/намалувам гласот и преку далечинското, проблемот е само на субввуфер излезот на ниеден друг излез нема такво тропање/кликање. Не се слуша грчење/гребење како од расипан потенциометар, се слуша кликање/тропање како дополнителен сигнал во звукот и се слуша само на одредено ниво на зголемување на звукот, нивото оди од 0 до 100 тоа се слуша само помеѓу 40 и 65/70 пред и потоа го нема или јас неможам да го приметам.
Колку што разбрав од шемата, помеѓу STK443-530 и излезот за субвуферот има еден операциски засилувач JRC4580 и  2-3 транзистоири, ќе пробам со замена на  JRC4580  (кога ќе стигне)  дали и што ќе се промени. Мислам дека тропањето/кликањето доаѓа од некој од активните елементи, се надевам дека не е STK443-530.
Title: Re: Проблем со Onkyo HT-r390
Post by: bicikle on 17.04.2021, Saturday, 01:52:07
Предпојачало има ? Од кај му е кпнтролата за звук ?