Македонски форум за електроника

Електронски уреди => Монитори и ТВ приемници => Topic started by: bumbar on 08.02.2021, Monday, 13:34:26

Title: Проблем со прием со ТВ Grundig 40 VLE 6735 BP [РЕШЕНО]
Post by: bumbar on 08.02.2021, Monday, 13:34:26
Накракто...
Се појави проблем со прием на дел од ТВ станици преку кабловска (Телекабел).Се појавуваат „коцки“ (изобличен тв-сигнал).

Го носев на официјален сервис - таму работи како „саат“ на прием на сигнал преку Т-хоум.
Го вратив дома - исто (со коцки, дел од каналите)
Виквав од Телекабел. Засилија сигнал ама - џабе...МИ рекоа носи го во сервис...
Пак го однесов.
Таму - пак добар сигнали без проблеми..
Пак ги викнав Телекабел...Пак засилија дополнително сигнал.
Јок, истото.


Телевизор Grundig 6735 BP...Купен пред точно една година...Проблемот се појави наеднаш откако на „продужниот“ вклучив декстоп компјутер.Прегоре притоа прекинувачот на продолжниот.

1 - НЕ менувам кабловска, поскапо ми е на Т-хоум...
2 - НЕ ми се живее во сервисот (Визбегово)

Има ли некој сличен проблем со Грундинг ТВ или со кабелскиот оператор?
Има ли сервис во Скопје каде може да се поправи/провери?
Или друго чаре...
Title: Re: Проблем со прием со ТВ Grundig 40 VLE 6735 BP [РЕШЕНО]
Post by: GigaWatt on 08.02.2021, Monday, 15:33:09
Прво, дали моделот е 32 VLE 6735 BP или 40 VLE 6735 BP.

Второ, дали каналите ги гледаш како аналогни или дигитални.

Трето, дали си сигурен (100%) дека проблемот се појавил откако се случило она што се случило со продолжниот кабел и desktop компјутерот... и дали на истиот продолжен кабел бил приклучен и телевизорот кога се случило тоа.
Title: Re: Проблем со прием со ТВ Grundig 40 VLE 6735 BP [РЕШЕНО]
Post by: bumbar on 08.02.2021, Monday, 15:40:39
 
1 - 40 VLE 6735 BP.

2 - Дел од каналите ги глкедам како Дигитални, додека дел - Аналогни

3 - 100%...Претходно дури и вoдителката на Fine Living (сега го нема тој канал) ми изгледаше доволно грдо со куси пантолони како води емисија Flea Market Flip...

P.S.
- Од операторот ми рекоа: - Дечко, кажи им да си проверат во сервис, еве гледаш!?
- Од сервисот ми рекоа: Дечко, ок е ТВ... Нешто често ова со Телекабел вака...

Фала за тоа „дечко“ за човек од 51 година. Тогаш посакав елбети, ЕУ да влезе кај нас, а не ние кај неа...
Title: Re: Проблем со прием со ТВ Grundig 40 VLE 6735 BP [РЕШЕНО]
Post by: LordZi on 08.02.2021, Monday, 16:14:20
Ко ќе се споме пикселизација („коцки“) на сликата прво нешто што ми паѓа на памет, освен слаб сигнал од операторот, е лош контакт негде во низот на антенскиот кабел - сплитер, конектор, самиот кабел, ова го кажувам пошто сум го јадел тој стап и јас... :P
Така да, јас би проверил и тоа.
Title: Re: Проблем со прием со ТВ Grundig 40 VLE 6735 BP [РЕШЕНО]
Post by: bumbar on 08.02.2021, Monday, 21:31:39
Ко ќе се споме пикселизација („коцки“) на сликата прво нешто што ми паѓа на памет, освен слаб сигнал од операторот, е лош контакт негде во низот на антенскиот кабел - сплитер, конектор, самиот кабел, ова го кажувам пошто сум го јадел тој стап и јас... :P
Така да, јас би проверил и тоа.
Ќе му сменам утре кабел - од сплитерот до ТВ...Ај да видиме...

ЛордЗи - Кај тебе се оправи сигналот откако смени кабли?
Title: Re: Проблем со прием со ТВ Grundig 40 VLE 6735 BP [РЕШЕНО]
Post by: bumbar on 08.02.2021, Monday, 21:56:13
...Не чекав - сменив кабел, но не и сплитер....
Се поправи за 80%....„Коцки“  само една секунда при префрлање на само некои програми...Потоа - ОК сигнал...

Да сменам и сплитер?
Тоа освен на пазарче се продава ли во „продавница“ за ел. компоненти? (ЛОгинг...)
Title: Re: Проблем со прием со ТВ Grundig 40 VLE 6735 BP [РЕШЕНО]
Post by: LordZi on 09.02.2021, Tuesday, 00:21:52
Се оправи кога сменив едно кабле од метар и пол, претходно го открив со пипање и тегнење на сите споеви на патот на сигналот, најверојатно конекторот не бил кримпуван ко што треба или оксидирал или па самиот кабелот не бил во ред, кој знае.
Што пишува на сплитерот, дали е за атенуација или засилување, ако не делиш сигнал на друг тв пробај извади го дали ќе има разлика.
Title: Re: Проблем со прием со ТВ Grundig 40 VLE 6735 BP [РЕШЕНО]
Post by: GigaWatt on 09.02.2021, Tuesday, 01:50:00
2 - Дел од каналите ги глкедам како Дигитални, додека дел - Аналогни

Само кај дигиталните имаш проблем со пикселизација или и кај аналогните и кај дигиталните?

3 - 100%...Претходно дури и вoдителката на Fine Living (сега го нема тој канал) ми изгледаше доволно грдо со куси пантолони како води емисија Flea Market Flip...

;D ;D ;D

Значи искрен да бидам, отсекогаш сум се смеел на твоите post-ови ;D ;D ;D.

- Од операторот ми рекоа: - Дечко, кажи им да си проверат во сервис, еве гледаш!?
- Од сервисот ми рекоа: Дечко, ок е ТВ... Нешто често ова со Телекабел вака...

Гледам smart е... софтверот ОК е? Си проверил дали отвора YouTube, Vimeo, дали и таму се јавува пикселизација? Бидејќи, да, на Full HD, на YouTube има мааалку пикселизација, ама тоа е поради нискиот bitrate на некои клипови (не на сите, зависи од каков корисник е каналот, дали заработува од реклами, итн.). Практично, за нормално човечко око (секојдневен корисник, your every day Joe), не треба да има пикселизација. Ама ако е навистина на Full HD наместен YouTube или Vimeo.

Да сменам и сплитер?
Тоа освен на пазарче се продава ли во „продавница“ за ел. компоненти? (ЛОгинг...)

Ова се што пишав претходно изгледа за џабе е, ама ај нема везе ;D.

Да, има и во Loging и во други продавници за електронски компоненти, BT Електроника на пример ;).
Title: Re: Проблем со прием со ТВ Grundig 40 VLE 6735 BP [РЕШЕНО]
Post by: bumbar on 11.02.2021, Thursday, 20:54:03
Проблемот е решен...
Нов сплитер + нов кабел (од сплитер до ТВ)
Сликата - ѓоа таму да сум...

Фала за помошта...