Македонски форум за електроника
Околу форумот => Побарувања => Topic started by: GigaWatt on 14.06.2010, Monday, 22:25:16
-
Јас не знам дали и некој друг ги има овие проблеми, но на секои 2 или 3 дена, ми се случува следново:
(http://img812.imageshack.us/img812/8910/problems.jpg)
Нема конкретен временски период кога нема да можам да се конектирам на сајтот, некогаш е ноќе, некогаш е дење (најчесто дење, но понекогаш и ноќе). Навистина не знам дали проблемоте до мојот ISP или до серверот на сајтот зашто кога ќе пробам да ја ping-увам IP адресата на сајтот, ping-от најнормално си ваќа назад пакети и тоа во разумно време (100-200ms што е разумно време за нашите провајдери). Но, ако пробаш да се конектираш на сајтот преку internet browser, нема шанси да се конектираш, можеби после 10 retries или така нешто.
Ќе може некој да ми појасни што може да биде проблемот ???
-
и мене ми се случува истото веке цел час. На моменти се губи а на моменти одлично се конектирам
-
Па затоа и пишав сега, дека баш пред едно половина час се log-ирав и баш тоа се случуваше :(, некогаш ќе се load-а, некогаш не, некогаш после 10 обиди... ама ова не се случува само сега, се случува веќе некое време, барем едно месец дена, ако не и повеќе.
-
да да .повремено се случува..ама сега е во ред се
-
Се случува и кај мене. Мислам дека поради тоа што серверот на кој се наоѓа и форумов го делат неколкумина корисници па некој од нив доколку инсталира некоја апликација серверот се рестартира и е недостапен неколку минути па затоа се појавува таа порака. Работиме на тоа, во иднина (не знам кога точно) да се префрлиме на друг сервер каде што овие проблеми нема да ги има.
-
Да ова е поради тоа што ви го кажа членот над мене :)
ама и поради некој проблеми кој можат да настанат, да се абдејтира некоја база на податоци и слично
но после некоја минутка се се враќа по старо
ај уште малку и можеби ќе го смениме хостот :)
-
Да помине летото и го менуваме хостот бидејќи изгледа серверот каде што сме хостирани е делен од премногу луѓе :(
-
Исто така приметив дека проблемите се и од тоа што форумот е напаѓан од лица кои имаат добиено бан на форумот. Новиот хост ќе се договорам да има заштита од такви напади.
-
Исто така приметив дека проблемите се и од тоа што форумот е напаѓан од лица кои имаат добиено бан на форумот. Новиот хост ќе се договорам да има заштита од такви напади.
Борче чувај ги логовите како доказ а и да се договориме дали ке ги тинтраме или ке ги пријавиме во МВР бидејки за такво дело (напади-хакирање) се казнива.
-
Да помине летото и го менуваме хостот бидејќи изгледа серверот каде што сме хостирани е делен од премногу луѓе :(
Да да, јас баш проверив колку domain names ја делат истата IP адреса, на крај излегоа некаде околу 15-тина... што знам, тоа е премногу, имам видено 4, 5 domain names да делат иста IP адеса, ама 15... премногу мислам дека е, барем според мене... :(