Македонски форум за електроника
Околу форумот => Побарувања => Topic started by: Mkdsime on 08.06.2019, Saturday, 21:25:29
-
Имам предлог ако е соодветно за форумов да има подкатегорија нешто како сам свој хаус мајстор-куќен мајстор, за најразлични поправки по дома и сл.
Сакам да прашам дали некој знае како се подесуваат ментешиња што се местат за отворање на врата од плакар?
Прашањето на членот @Atanas ме поттикна да дадам ваков предлог.
-
Хммм... добра идеја :), ми се допаѓа :).
Е сега, не мислам дека треба да биде цела секција (како „Аналогна електроника“, „Дигитална електроника“, итн.), туку категорија, како што е „Софтвер“, „Моделарство“, итн. Може да се вика „Сам свој мајстор“ или нешто слично... мада не е лошо ни „Хаус мајстор“ или „Куќен мајстор“, ама ова име некако ме постеќа на тоа дека некој нуди или бара вакви услуги. Може да се разгледаат и други предлози, се разбира :).
-
За име „Сам свој мајстор“ најубаво ми личи :) мојот глас оди таму ;D
-
Ај барем уште некој нека пише ;D... да не биде муабетов „абе овие двајцава сами си одлучија и за категорија и за име >:(“ ;D.
-
Внимание политичко вознемирување!
- Абе едни двајца име на држава сменија коешто не би можело да се врати па ние за нешто што може да се корегира, пиши-бриши ;D мала шега, и јас чекам уште некој предлог.
-
И тоа што викаш ;D ;D ;D.
-
ете ја за 4-5 ладилници би гласал за xD Идеата е добра, би можело.
-
Done ;D. Идејата е прифатена :).
-
http://elektronika.mk/index.php?board=118.0
:)
Пишете тука кои теми мислите дека треба да се прфрлат во оваа секција, ќе се префрлат, не е проблем ;).
-
Би можело само да додадеш во описот дека не е поврзано со електроника, на пример вака некако:
Дискусии, предлози, идеи и решенија околу се што би можело да се смета за поправање и/или уредување на домот и градината - непорвзано со електроника
-
Аха, тоа може :).