Македонски форум за електроника
Останато => Мерна опрема => Topic started by: LordZi on 13.07.2017, Thursday, 12:55:37
-
Еве еден едноставен и корисен уред, со кој, за разлика од обичен фазомер кој ја проверува само фазата, може да се проверат сите водови - фазата, нулата и заземјувањето.
Кога ќе се приклучи тестерот светат и двете тлеалки со половина сјај, што ни кажува дека се присутни фазата и нулата и нема прекин кај нив. Кога ќе се притисне тастерот едната тлеалка се гаси, а другата светнува со полн сјај, што значи дека и заземјувањето е во ред и не е во прекин. Фазата се наоѓа на приклучокот каде што светнала тлеалката.
При испитување инсталации каде што веќе знаеме каде ни се фазата и нулата, може да се додаде отпорникот 100к (нацртан со испрекината линија), во тој случај по приклучувањето свети само долната тлеалка, а кога ќе се притисне тастерот се гаси и светнува горната.
За крај и некоја слика од мојата изведба... ;)
(https://s25.postimg.cc/f1w5hojnj/mains_tester.jpg) (https://postimg.cc/image/kq2g8knzv/)
(https://s25.postimg.cc/ajtupl3lr/WP_20170713_003.jpg) (https://postimg.cc/image/a72gjelbv/)
(https://s25.postimg.cc/gi7nztmkf/WP_20170713_001.jpg) (https://postimg.cc/image/fsovngm0r/)
(https://s25.postimg.cc/5750bgfpb/WP_20170713_002.jpg) (https://postimg.cc/image/fh7fap5kr/)
-
Е ова е навистина корисно ;). А и изведбата, како и секогаш, одлична ;).
-
Хаха, вчера у ниедно време го правев, го видов и мораше одма да го имам... :D
-
Со пластика од пластични патрони ги имаш пополнето дупките ;D?
-
Да, добро ја дифузира светлината од тлеалките, плус и внатре е богато залиено со пластика за да не мрда ништо... ;)