Македонски форум за електроника
Аналогна електроника => Аудио техника => Засилувачи => Topic started by: MarkoMK on 07.07.2016, Thursday, 11:25:17
-
Колеги, ќе ми треба малку помош.. Сакам да направам засилувач со STK 442, ама на интернет ја има само тест шемата од даташитот. Тоа е ова:
(http://i.imgur.com/RGziRmO.jpg)
Сега прашањето ми е, дали е ОК вака да го направам засилувачот пошто ова е тест шема, и што треба да се додаде за да функционира комплетно (заштита за звучници, предзасилувач...) Може глупи прашања ама немам многу искуство со засилувачи.. :-[
Споено мислење: 07.07.2016, Thursday, 11:27:18
ПС. Исто така ме интересира дали е критична вредноста на калемите на излез ?
-
Ќе функционира и вака како што е на шемата, предзасилувач најверојатно нема да ти треба ако приклучуваш CD, тјунер и сл. Заштита за звучници, софт старт и сл. може да додадеш отпосле, ако сакаш или ти треба. Вредноста на калемите не е многу критична, може да земеш округли отпорници 4,7ohm 3W и врз нив да намоташ во еден ред колку ќе собере лак-жица 0,8mm, краевите залеми ги на отпорникот.
-
Фала за одговорот :) Ќе пробам па ќе ви кажам резултати...
-
Да се само надоврзам не сум правел засилувачи со STK колата никогаш со TDA2030 сум правел TDA7294 LM3866 едно појачало со STK имам купено од Lordzi одлично тера. А околу шемава добро што ја видов еден пријател исто како мене не со преголемо искуство во НФ техниката со само две појачала направени ја најде истава шема бидејќи го имаше истото коло и појачалото до ден денес му работи. Пред три години го правеше. Се најдобро и успех во изработката :) ;)