Македонски форум за електроника

Огласи и понуди => Купувам => Topic started by: nCounTr on 22.05.2010, Saturday, 10:18:55

Title: Барам TOSLINK Конектори
Post by: nCounTr on 22.05.2010, Saturday, 10:18:55
Барам ТОСЛИНК конектори исти или слични на тошиба TOTX173 и TORX173. Ако некој има расипан двд плеер - beyond repair - може да се најде од него еве како изгледаат:

(http://www.tme.eu/katalog_pics/4/3/6/436388da74e03f8c1c6e5d760f322885/totx173a.jpg)(http://www.tme.pl/katalog_pics/7/b/c/7bcd0428a039a6cc27f0045212c20c0a/torx173.jpg)
Title: Одг: Барам TOSLINK Конектори
Post by: Devil on 26.10.2010, Tuesday, 21:45:09
можи некој да ми каже са што се користат ваквите конектори ?

ова е за нешто оптички кабли или ?
Title: Одг: Барам TOSLINK Конектори
Post by: GigaWatt on 27.10.2010, Wednesday, 01:33:35
Да, најчесто за пренос на аудио преку оптички кабел, слични има и на PC-ињата кои имаат оптичка SPDIF аудио конекција ;).
Title: Одг: Барам TOSLINK Конектори
Post by: batka on 05.11.2010, Friday, 14:44:09
Најди некоја изгорена матична со овакви конектори и извади ги - најефтино е.Видов и конектор-адаптери од оптички на пин-конектори ,само беа скапечки : 180 ден.за парче,само не се секавам во кој каталог беше.Беше некоја фирма од СК.
Title: Re: Барам TOSLINK Конектори
Post by: Пријателот on 04.03.2020, Wednesday, 19:46:50
Најди некоја изгорена матична со овакви конектори и извади ги - најефтино е.Видов и конектор-адаптери од оптички на пин-конектори ,само беа скапечки : 180 ден.за парче,само не се секавам во кој каталог беше.Беше некоја фирма од СК.

Ми беше интересна темава, па вчера на јутуб гледав видео содршини како се инсталираат конекторите на оптичките кабли.
Еве едно видео од корисник (со Др. титула), како дома си ги инсталирал конекторите на оптичкиот кабел (за сопствена потреба) :



Второто видео е од промотор на фирма која нуди кабелски инфраструктурни решенија:



Интересен е вториот пример, кој е надополнет со објаснување што е добар оптички кабел при проверката на оптичкото влакно, со фибер оптички микроском (дел од видео лентата од 6:45 минути до 7:30 минути).
Со тоа добивам представа дека , ако порано за аудио опрема се бараа позлатени конектори, во овој случај при купување на позлатени конектори или Тошлинк кабел со позлатени конектори, позлатените се само за декорација. Најважен е квалитетот на влакното и доволно е да  избирете пластичните конектори. Ако оптичкото влакно е заникаде (ѓубре), тој кабел се фрла.
Но еве , во најновата техника која се продава, има само влезови за Тошлинк кабел. Оваа тема е одамна отворена , па ме интересира:
Дали некој има направено Тошлинк кабел ? Од каде би се набавиле кабелот или конекторите ? Итн, итн , ...
 Интересно е да споредиме различни искуства.
 :) :)