Македонски форум за електроника
Аналогна електроника => Радио техника => Побарувања => Topic started by: DX-er on 04.01.2016, Monday, 01:41:19
-
Дали некој знае која е таа станица Атом3. Била многу популарна во југославија.
Ако некој има шема нека прати.
-
Некаде 80-те години од прошлиот век беше објавена во неколку продолженија во списанието SAM и знам дека доста луѓе ја имаа направено. Не знам точно во кои броеви, би требало batka да ја има правено и да знае... ;)
-
Да бе,се Батка ви е крив. ;D ;D Да,во SAM svoj majstor 80-тите години се започна една самоградителска акција- само прво беше АТОМ 1,па АТОМ 3 и на крај АТОМ 3 IC.Сите стари броеви на САМ му ги дадов на Лордзи и нека побара 81 година беше мислам..... 8) 8)
Иначе,АТОМ беше СВ станица 27 Мхз 1 до 3 W,првата верзија со АС и АF...транзистори,втората беше со ВФ предпојачувач на влез на приемникот,а третата она IC - имаше 2-3 ИК и мосфет на влез... Потоа дозволија увоз :D :D и се промовираше YUGO ( една KAISER верзија со 40 канала).
Немаше Алиекспрес како сега па сами си правевме.Со еден мој другар од Велес редовно *скедувавме* со Скопје преку две такви станици.Тој е сега професор во Средна поштарска и му беше класен на еден наш член ;D ;).Веке ретко и по мобилен се слушаме.. ???
Споено мислење: [time]04 Јануари 2016, 11:02:24[/time]
Еве најдов нешто.. 8)
-
Ја имам видено таа станица лично батка од твојот пријател почитуваниот Петре Николовски кој го спомнуваш и дури сме дебатирале како работи со него го прашав еднаш и ми рече јас сум ја направил лично и ми раскажа околу тоа како функционира се.Има огромно практично знаење тој човек не само теоретско за разлика од многу други 8).Петре освен што бил класен на Даниел беше и мој класен и лани замина во пензија не не истера дури до крај нас набрзо и ние завршивме четврта година.Често ве поздравуваше и вас батка. ;D
-
Е,да.во пензија отишол! ;) Одличен пријател,самоградител,нишка школа. Тогаш проблем беше да се најде материјал,кварцови, транзистори.Вадевме стари делови.рачно цртавме плочки.бушевме со една бургија која си ја позајмувавме.Немаше каде да се купи! ???
За подесувањето - има цела серија да се направи! ;D ;D А првата антена кога ја намести Петре ,го фати половина двор.Јас ја ставив првата GP на кровот на зградата и ми ја растргна првото невреме . >:( историја ! Ама бевме среќни ,и тоа како,кога прв пат се слушнавме иако бевме едвај 200 м воздушна линија оддалечени. :D :D Поздрав до него ако го прочита ова или го видите лично!
-
Фала Батка :)
-
Сум ја видел на пазар ја продавале во Битола за околу 500ки. Ама не знаев ништо за незе фала Батка што ни разјасна некои работи.
-
Yugo Каiser 31 беше првата СВ станица во бивша Yu која легално можеше да се увезе (само преку увозник).Канал 20 беше обавезен.Еве фотографија на ова станица:
-
И јас ја имам правено ATOM 3 IC и памтам дека го чекав TCA440 со месеци да ми го донесе некој шофер од германија :)
-
Ова јас шо ја видов незнам дали беше рачно праена или некоја друга само со лепенка ATOM 3 незнам.
-
Еве,ова е мислам најкомплетниот извор податоци ,шеми и фотографии за АТОМ 3
http://www.bev.ba/REFERENCE/radioamater/atom3/izgradnja/index.html