Македонски форум за електроника
Аналогна електроника => Аудио техника => Звучници => Topic started by: Bojan on 09.05.2010, Sunday, 22:47:58
-
имам дома два звучника на кои што и на двата им се изгорени високотонците и калемите од скретницата, брат ми порано ги извадил високотонците и сега појма немам што високотонци да ставам...на звучникот има лепенка на која што ги има спецификациите... и еве ја..
(http://elektronika-mk.net/index.php?action=dlattach;topic=1257.0;attach=469)
па да ми дадете предлог некој што високотонец да ставам дека не се разбирам ептен од вакви работи...
отпорникот што е таму е со димензии 20Х8/9 (неможам убаво да измерам)мм..колку вати би бил тој???
и калемот дека треба да го премотувам, а пластиката е стопена, на што да го мотам?? на некое дрво со таков облик ок ке е да го мотам???
-
Ако не се лажам овој модел користи калотни високотонци нешто слично како нишките кутии од старите
HSR i Radioakustika серии. Би требало пак да ставиш калотни високотонци и да бидат отсечени над 3 килохерци . Со новите високотонци филтерот за високи треба да го препрајш от L-pad отпорнико поке не важи. Не знајш колку гласен е новио високотонец, така да нов отпорник треба да ставиш најубо со слушање и да е од рангот на 10 вати. калемот за 8 омски високотонец отсечен над 3 килохерци е во рангот на 0,15 до 0,22 милихенри.
-
хммм...значи се што сватив е дека и скретницата треба да ја мењам, а не каков високотонец да ставам, ако одам во БТ електроника (или таа другата продавница што е до нив за звучници и такви работи) ако им го кажам ова
(цитирано)
„калотни високотонци и да бидат отсечени над 3 килохерци“
ке ме разбере нешто или ке зјапа во мене како неписмен???
-
Niccola најверојатно мислел да каже дека треба долната гранична фреквенција пасивниот филтер (свртницата) да биде 3KHz, не на високотонецот ;).
Вака ли изгледаат звучниците?
(http://img.bolha.com/images/image/29134/29688/Zvocniki-RIZ-ZK-235--8-ohmov--35-50-Watts--starejsi--solidno-ohranjeni--dobro-delujoci_4b21879962bf2.jpg)
-
ете така....
-
Бидејќи повеќето високотнци за домашна употреба се „калотни“ (со мембраничка), можеш да искористиш каков било високотонец, не е критично, само да биде со подобар квалитет и со што е можно пониска долна гранична фреквенција. Долната гранична фреквенција на високотонецот можеш да ја отчиташ од амплитудно-фреквентана карактеристика (АФК-то) на високотонецот (ако има). Кога ќе ги купуваш високотонците, ќе си побараш АФК од нив. Долната гранична фреквенција е вредноста при која кривата е опадната за околу 6 до 9dB од средната вредност на „рамниот“ дел од кривата (не е баш рамен, ама порамен е од кривата по која „паѓа“ АФК-то со снижување на фреквенцијата). Епа оваа врендост на фреквенцијата треба да биде некаде околу 3KHz ;).
-
да барам само по гранична фреквенција, а моќност па колкава???
-
За моќност, искрено не сум сигурен, да не те излажам, за ова ќе треба со некој друг да се консултираш. За звучниците пишува дека можат да издржат синусна моќност од 35W, па по некоја логика би требало да бараш високотонец со синусна моќност од 35W, мада како што реков не ме земај за збор, не сум сигурен :S.
Еве како „одприлика“ треба да изгледа АФК-то на високотонецот. На сликата обележана е и долната гранична фреквенција (барем таа која јас би ја избрал за долна гранична фреквенција кога јас би ја правел свртницата). Кога ќе размислам подобро, не е лошо да се земе и малку повисока фреквенција за долна гранична фреквенција на филтерот (свртницата), за конкретната слика не е лошо да се земе горната гранична фреквенција да биде 6 или 7KHz, но во твојот случај таа вредност не би одговарала бидејќи не знам дали тој бас-среднотонец ќе може да репродуцира фреквенции до 6 или 7KHz :S.
(http://img153.imageshack.us/img153/3554/radioshacksupertweeterr.jpg)
-
стави било каков калотен 8 омски високотонец, не барај од продавачите да ти дадат спецификации бидејаки најверојатно нема да добиеш, нагоди ја гласноста на високотонецот со слушање и експерментирање со отпорникот за атенуација,за калемот предходно кажав,срекно.
-
Здраво! :D
Тие високотонци тешко дека ќе ги најдеш!!
Да се знае: Високотонецот на двосистемски звучник од вкупната снага на звучникот троши од 10...30%. Значи околу 2/3 па и повеќе од снагата оди на басот!!!
Затоа набави кој било (со min 10W) во дадениов случај 8 - омски калотен високотонец, редно (сериски) со неговиот плус и плусот од звучникот поврзи блок кондензатор (тип: МКТ или МКП) од 3,3mF/100V и ќе немаш гајле!!
Тоа не е она најдоброто решение но во вакви случаи (кај почетници аматери) многу помага. Според народната: При суша и град помага!!!
Чаоосс ((( :o
-
A јас би ти препорачал да го однесеш на мајстор високотонецот за да ти го премота. Сите нови високотонци што ке ги најдеш по цена до 1000 денари по парче дефинитивно ќе бидат полоши од тој твојот.
Ако пробаш сам да го моташ верувам дека без искуство можеш само да го упропастиш. Јас многу пати сум направил така ;D
Ако треба да најдеме некој што премотува?
Цената е одприлике од 300-500 денари за премотување...
Поздрав
-
Да да, искрено и јас сум за премотување, неајверојатно нема никогаш да биде како што бил (нема да го дава истиот звук високотонецот), но како што кажа Сале, барем нема да биде од оние евтините од 1000 ден. ;).
-
ааах, ги немам јас високотонците повеќе...брат ми којзнае кај ги заџиткал...
-
Стварно штета :( Хмзз...А да видиш во ефор електроника во топанско?
Они знаат да изненадат понекогаш со некој добри работи?
-
аааах...првпат слушам за тоа, да објасниш каде е ке можеш???
-
Еве на мапиве...Почнувајќи од првата па втората и третата со преглед. Мислам дека ке се снајдеш нели?
Од повисоко кон пониско ти е :)
(http://img228.imageshack.us/img228/2243/mapa0.jpg) (http://img228.imageshack.us/i/mapa0.jpg/)
(http://img339.imageshack.us/img339/900/mapaai.jpg) (http://img339.imageshack.us/i/mapaai.jpg/)
(http://img28.imageshack.us/img28/6123/mapa1m.jpg) (http://img28.imageshack.us/i/mapa1m.jpg/)
-
Здраво!
Во која населба е оваа продавница и биди порецизен најблиску до која позната установа се наоѓа! (еве како на пр. во близина на стадионот чаир итн,... ова го наведов како пример,...)
Благодарам,
-
Мислам дека сликите најдобро објаснуваат каде се наоѓа продавницата...Сите улици, сите свртувања ???
-
Кај нас тешко ке најдеш високотонци да ги нагодиш на тој отвор.Значи спреми се и да го прошируваш
отворот.Добра варијанта е високотонецот ДТ41 (само прашај- го знаат),а интересни модели има и Горан до Новата железничка во Скопје(првата куќа до паркингот).
-
Стави каков бил високотонес нормално од повисока класа и резултатот ке биде задоволителен.Инаку високотонецот може да биде и 20W бидејки кај високотонецот не оди многу голема снага (само 25% од целосната моќност оди на високотонецот).