Македонски форум за електроника

Аналогна електроника => Високонапонска техника => Topic started by: Atanas on 13.11.2013, Wednesday, 12:16:31

Title: Прост и едноставен Stun Gun
Post by: Atanas on 13.11.2013, Wednesday, 12:16:31
За да си направите прост и едноставен Стан Ган, и се плашите од сложени шеми, еве проста и едноставна шема.
(шемата во- прикачени датотеки)
Напојување- една или две батерии од 9 волти, ако се две, двете сериски сврзани.
Кондензатор - 470 микро фаради или 3,3 милифаради
Прекинувач- било каков.
Тастер- Било каков
Трафо- трафо од ѕвонче или од оние не ректификувани сплит трафоа од ептен стари телефизори. Јас користам трафо што сам го намотав, незнам колку намотки, мотав дури не ми се смачи.(не работи со каскада!)
Наместо тастер и кондензатор можите да користите прост 2Н3055 драјвер (јас користам 2Н6253, ама нема врска.)
Работи на ваков принцип
кога прекинувачот е вклучен кондензаторот се полни, кога тастерот е притиснат, кондензаторот се празни низ примарниот навој на трансформаторот. Тоа предизвикува многу поголем напон во краток но јак импулс да се генерира во секундарниот навој на трансформаторот и во телото на жртвата.
Title: Одг: Прост и едноставен Stun Gun
Post by: batka on 13.11.2013, Wednesday, 16:21:58
Цитирам: Тоа предизвикува многу поголем напон во краток но јак импулс да се генерира во секундарниот навој на трансформаторот и во телото на жртвата.

Ако е целта да бараш жртва и на неа да го пробаш * пиштолов* ,мислам дека е скроз погрешно.Гледам повеке написи од тебе на тема * генератори на висок напон* ,па очигледно дека си преокупиран со ова.Само предупредување дека ова може да биде опасна играчка и дека нема никакви изгледи да се одбраниш од толпа од 20 насилници со ова уредче.Баталете фантазии,ионака Скопје стана опасно место за живеење,благодарејќи им на некои * усвитени* глави.
Title: Одг: Прост и едноставен Stun Gun
Post by: nsu on 13.11.2013, Wednesday, 20:12:04
Ова со трафово од домашнине ѕвона е наједноставен начин да се подигне напонот како што кажа кевин истиот е принципот на работа битно е да се што повеќе напика висок напон во примарот на трансформаторот во моментот кога се празни кондензаторот и така под дејство на ова во секундарната намотка ќе се индуцира струја со многу мала ампеража и доста повисок напон.Но со ова не можеш да убиеш никого но може да те тужат за ова и немој да мислиш дека ќе се одбраниш што вика батка ако ти се пушти толпата тешко дека ќе се спасиш со ова.И јас многу ја сакам високонапонската техника но пази што правиш не си видел уште какви изгореници остава слушај паталец што ти кажува.Ориентирај се малку на високофрекфентна техника и аудио техника нема таму каскади и волку големи трафоа со навивки.И плус не е опасно не се замараш само уживаш.Инаку на сличен принцип работи и блицот од старите фотоапарати.Само тој е побезбеден.Трафото од ѕвончињата дава и преку илјада волти измерено од мене.Поздрав Кевин и полека со високонапонската техника но те разбирам скроз просто интересно е чуството кога работиш со нејзе.Но и скапо е освен ако не чечкаш и вадиш трафоа ама од оние најстарине првине телевизори.И плус ти требаат добри високонапонски кондензатори.Мислам ова општо ти кажував за високонапонската техника а на почетокот ти пишав за твојата шема што мислам.Немој да ме сватиш погрешно ова е мојот совет до тебе. ;D ;D
Title: Одг: Прост и едноставен Stun Gun
Post by: dimce on 13.11.2013, Wednesday, 20:14:52
А да си направиш осцилатор од 15 килохерци транзистор некој БУ808 120волти на напојување  и да ставиш високонапонско трафо од тв ке имаш 22Киловолти има да мава искри насекаде.:)
Title: Одг: Прост и едноставен Stun Gun
Post by: stiffy on 13.11.2013, Wednesday, 20:24:44
а еден кондензатор од блиц, од врат да му го испразниш на некого...најпаметно. Макар што како што рече батка нема да те засштити....така да ако се појќе или бегај или една шипка појака па пусти-прај :D
Title: Одг: Прост и едноставен Stun Gun
Post by: MetallicA on 13.11.2013, Wednesday, 20:48:10
а, да се откажеш од високонапонски уреди, пред да се појавиш во црна хроника по весниците........ ;)
Title: Одг: Прост и едноставен Stun Gun
Post by: Atanas on 13.11.2013, Wednesday, 21:11:49
не планирам да убивам некого со ова, саркастично го кажав она -жртва-
Инаку знам дека не можам да се одбранам, пред еден месец ме нападнаа 4 силеџии, и додека пробував да бегам со точакот, ме удри еден силно по задното колце и со полна брзина во ограда, паднав во несвест (10 мин.) и си ги исчашив забите, но сега потполно закрепнав...
ама ако индуцираш доволно голем напон, значи да ПУКА ко ќе го стиснеш тастерот, е тоа би било корисно! Ќе ги преплашиш до смрт!
а еден кондензатор од блиц, од врат да му го испразниш на некого...најпаметно. Макар што како што рече батка нема да те засштити....така да ако се појќе или бегај или една шипка појака па пусти-прај :D

најпаметно!
А да си направиш осцилатор од 15 килохерци транзистор некој БУ808 120волти на напојување  и да ставиш високонапонско трафо од тв ке имаш 22Киловолти има да мава искри насекаде.:)
Инаку јас направив компактен трансформатор од 9 на 50 кило волти.
Рецепт
старо феритно јадро
мноогу бакарна жица
и мотај дури не ти се смачи!
Title: Одг: Прост и едноставен Stun Gun
Post by: GigaWatt on 13.11.2013, Wednesday, 22:22:38
Инаку јас направив компактен трансформатор од 9 на 50 кило волти.
Рецепт
старо феритно јадро
мноогу бакарна жица
и мотај дури не ти се смачи!

Е рецептов ти е... „шо да ти распраам“ ;D. Мотај дур не ти се смачи ;D ???. Е мене ми се смачува по 10-та намотка и сеа, ако не ми работи ;D, што да правам ;D? Па и тоа „многу бакар“. Колку е тоа многу ;D. Можеби јас дома имам 200kg бакар, од кај знаеш колку имам ;D. А може имам и 10gr ;D.
Title: Одг: Прост и едноставен Stun Gun
Post by: batka on 13.11.2013, Wednesday, 22:37:09
Очигледно Кевин доживеал *блиска средба*, па сега размислува за самоодбрана.Мислам  дека тука не е ниту место,а ниту е тоа начин да пишуваме и да правиме нешто ( па и да делиме совети!!) кога некој сака *да ПУКА ко ќе го стиснеш тастерот, е тоа би било корисно! Ќе ги преплашиш до смрт!*.Верувај,никого нема да преплашиш до смрт,туку пак некој ке ти ги растресе забите. Размислувајте во друг правец,а за вакви експерименти и замисли не би требало да се расправа тука.
Title: Одг: Прост и едноставен Stun Gun
Post by: Atanas on 14.11.2013, Thursday, 10:38:49
Не ми беше тоа замислата, знам дека ништо не можеше да ми помогне во тој момент, ова го постирав така, да ја видите мојата идеја, да искоментирате нешто што би го подобрило дизајнот, целта не ми беше од забава да ги пецам другите, целта ми беше да споделиме некои мислења.
Инаку јас направив компактен трансформатор од 9 на 50 кило волти.
Рецепт
старо феритно јадро
мноогу бакарна жица
и мотај дури не ти се смачи!

Е рецептов ти е... „шо да ти распраам“ ;D. Мотај дур не ти се смачи ;D ???. Е мене ми се смачува по 10-та намотка и сеа, ако не ми работи ;D, што да правам ;D? Па и тоа „многу бакар“. Колку е тоа многу ;D. Можеби јас дома имам 200kg бакар, од кај знаеш колку имам ;D. А може имам и 10gr ;D.
саркастично ко пишав -рецептот-,жицата е дебела 0,5 мм, отпорот на намотката е 15 кило оми, а добивам напон од 50 000 волти.
Title: Одг: Прост и едноставен Stun Gun
Post by: nsu on 14.11.2013, Thursday, 11:43:32
Кевин чим тебе не те мрзи да моташ трафоа ти си бил фанатик на високо напонската техника. ;D ;D 8) Се шалам.