Аналогна електроника > Напојувања

Општи прашања поврзани со трансформатори и различни типови на напојувања

(1/61) > >>

GigaWatt:
Тука можете да поставувате прашања за трансформатори и различни типови на напојувања, од класични (линеарни), до PWM и некои хибридни типови на напојувања ;).

Но, да се разбереме, тоа не значи дека целата дискусија за напојувања треба да се префрли тука. Ако имате некое прашање за некое напојување за кое веќе има отворено тема во оваа скеција од форумот, ќе си прашате во таа тема!

dr-mr:
Прашање.
Имам трансформатор кој е изваден од засилувач, на влез има 220в/240в/110в, а на излез треба да дава 48в.
Но  на излез трансформаторот вади:
 91в помеѓу сина и бела жица.
29в помеѓу зелено/жолта (маса) и сина
60в помеѓу зелено/жолта (маса) и бела
сината и белата жица беа  приклучени на грец од 3,3а и 2 кондензатори по 2200мф 63в, кога го извадив од засилувачот, марка bouyer
Зошто се однесува така чудото
 
Не е премотуван, нема физички оштетувања, не се загрева  или да чади  :)

GigaWatt:
Пробај врзи отпорник (некој моќен) со вередност од околу 10-тина ohm-и и пак мери ги напоните.

Кога мереше, да не мереше на подрачје на еднонасочен напон?

bicikle:
па може има сепарирани напони, т.е. различни напони за одредени делови од појачалото, како на пример, башка за релеи башка за претпојачало резервен напон... од око, дебелината на жицата на трите изводи иста е?

LordZi:
Гледам примарот има опција за 120 и 220волти, да не си го врзал на 120 па да ги дуплира сите напони, 91волт е дупло од 48 колку што треба да дава.

Navigation

[0] Message Index

[#] Next page

Go to full version