Статии > Статии

X-GOLD 110 - Коло за целосна мултимедијална поддршка

(1/1)

DX-er:
[float=left][/float]
X-GOLD 110 е „се во едно" интегрирано коло со целосна мултимедијална поддршка, корисна за поновите уреди како мобилни телефони и таблет уреди. Имено ова коло е изработено во 65nm технологија а неговата големина е само 8х8mm. Заменува повеке интегрирани кола и слободно можеме да го наречеме и чип-сет во мобилните телефони и таблети. Во себе содржи сплет од функции и можности а тие се:


- Дуалбанд GSM/GPRS примопредавател, и миксер на сигнал;
- MP3 декодер, што го прави идеален за музичките телефони;  
- FM радио со RDS;
- USB полнење на батеријата;
- Свој сопствен CPU за DSP;
- Power control - го контролира снабдувањето со енергија на останатите компоненти;
- SRAM меморија;
- Можност за Dual SIM - две СИМ картички.
- Поддршка за 32 канален MIDI, ADPCM и секако MP3 рингтонови;
- HR/FR/EFR/NB-AMR говорни кодеци за GSM и 3G;
- Поддршка за дисплеј во боја кој прикажува 65 000 бои;
- Можност за SD/MMC мемориски картички;
- Можност за приклучување на камера;
- Стерео аудио излез, како и аудио интерфон со јачина од 700mW;
- Микрофонски влез;

Шематски приказ на поврзување на останатите периферни уреди со X-GOLD 110:


Предноста на ова интегрирано коло е ниската цена и многуте вградени опции кои ги прават привлечни за компаниите што произведуваат мобилни телефони и таблети со мултимедијална поддршка, па така ако до пред неколку години мобилните со овие карактеристики имаа по околу 8-10 кола (чипови), новите мобилни телефони сега можат да имаат само три.

Изглед на плоча од мобилен телефон со X-GOLD 110:
[float=left][/float]

Navigation

[0] Message Index

Go to full version