Останато > Електронски компоненти

Продавници за електронски компоненти во Скопје

(1/32) > >>

DX-er:
Јас ги знам следниве продавници за делови во Скопје:
-Loging Т.Ц, Беверли Хилс 1ви спрат
-Електронивест Т.Ц, Беверли Хилс 1ви спрат
-МТВ електроника кај Универзална сала во близина на Вучко
-БТ електроника карши олимписки базен
-ГАЦ Електроника после железничка во првиот подвожњак доле

Освен овие дали има уште продавници низ Скопје за електронски компоненти?

BorceBT:
Јас ги знам уште овие меѓутоа не сум сигурен дали уште работат:

Е и П електроника, музичка академија (кај камениот мост);
Електро Ваце, Т.Ц. Бисер (позади во зградите);
Во зградата карши железничка одма кога ќе одиш накај аеродром, на први спрат по скалите ама заборавив како се вика продавницата.

LordZi:
Работат и двете, ама со некое килаво работно време, Ваце работи само од 18-20 часот (ако воопшто дојде да отвори 8) ), а ЕиП мислам дека имаат пауза од 14-17 часот. Таа продавница што беше карши железничка на први спрат по скалите беше КАМЕЛ, ама одамна веќе не постои, тој што ја држеше сега работи со аудио опрема во BOTS (до БТ електроника).

DX-er:
ама ЕиП како што знам не се на старата локација во подрумот на МНТ бар јас ги барав тамо.

SaleSk:
Има и една продавница во Ѓорче Петров на последна стара 5-ка...
БДС Електроника или стар РТВ Сервис Баже, кој меѓу другото функционира како продавница за електронски компоненти и да ви кажам одлично е снабден со голем асортиман на разновидни производи. Квалитетот на делови е на одлично ниво.

Друга продавница е ЕФОР електроника во Топанско во трговскиот кои исто така е одлично снабден со делови.

Нова Електроника која се наоѓа позади Универзалната сала на улицата кај што е Вучко за велосипеди.

За други во моментот не можам да се сетам :)

Navigation

[0] Message Index

[#] Next page

Go to full version