Останато > Електронски компоненти

Што ли е чудово

(1/153) > >>

DX-er:
Има три жички а не е транзистор ниту кондензатор  ;D

LordZi:
Керамички осцилатор/резонатор?

BorceBT:
Да, керамички осцилатор/резонатор. Има 3 жици бидејќи средната е маса (тоа е како на кристалот куќиштето да го поврзеш на маса (минус). Мислам дека пишува 5.5(MHz) но не сум сигурен.

DX-er:
значи не е обичен кристал туку осцилатор а како да го поврзам за да осцилира?
Дали првата на плус средната на минус а крајната е излез на сигнал од 5,5MHz (може антена) ?

BorceBT:
Не е активен елемент (погрешно се изразивме), сличен е на кристал и мора да се стави во коло за да осцилира а повеќе го употребуваат како филтер отколку како осцилатор освен кај микроконтролерите кај кои може да се употреби и наместо кристал (поевтин е). Значи кога ќе се употребува наместо кристал се повезуваат двете крајни нозе каде што треба да е кристалот а средната оди на маса.

Navigation

[0] Message Index

[#] Next page

Go to full version