Линковите за слики не мора да се кодираат.И има таму еден линк за форуми,пастирај го тој само и не го кодирај...
Еј Малецко ме искараа и сеа и на кисело млеко дувам не знам како да го напраам тоа што го бараш од мене код си е код и нема љут Админ.
Вака сега, доколку немате forum thumbnail link за сликата (на пример, сликата е од некој друг сајт и нема forum thumbnail линк), можете да вметнете само
[имг][/имг] и измеѓу двете заградиу да го ставите линкот за сликата (се разбира тоа „имг“ e пишано на латиница, значи „img“, намерно така го пишав, да не случајно скриптата го препознае како код за слика и вие да не можете всушност да видите што имам пишано
). Доколку сликата е преголема (поголема од рамките на форумот, само вметнете го следниот код:
[имг width=700][/имг]. Со овој код ширината на слиакта ја ограничувате на њирина од 700 пиксели, со што правилно си влегува во рамките на форумот, односно самата php скрипат на форумот и прави resize на сликата (се разбира, и во овој случај „имг“ го заменувате со „img“
). Тоа не значи дека на сликата и е намалена резолуцијата, скрипатат само ја прикажува со намалена резолуција, доколку ја зачувате сликата со „Save As“, ќе видите дека сликата ја има оригиналната големина, односно, има онлкава резолуција колку што и е оригиналната резолуција
. Скрипатат само и ја променува ширината (а и висината, се разбира, со задржување на aspect ratio-от на сликата
) колку да може да ја „собере“ сликата во рамките на скиптата, да не мора да „скроламе“ лево и десно со маусот за да можеме да ја вдииме сликата
.
Сега да се вратам на оргиналната тема, односно како да се модифицира gain-от на каналот B. Прво и основно, вредноста на потенциометарот за gain-от споиред шемата е 500K. а не 10K, тоа може да се види и од следната слика
.
Инаку, овој дел од шемата е на првата страна од шемата на Digitech, што значи дека прво да го изротирате pdf документот да можете правилно да ја видите
. Се наоѓа некаде од прилика на горниот дел од првата страна, на средина од прилика
.
Е сега, треба малку да се експериментира со врендоста и типот на потенциометарот. Прво пробај со обичен ист линеарен потенциометар, не знам дали е овој линеарен или не. Ако е линеарен, пробај со некој друг 500K линеарен, можно е двата потенциометри да немаат иста линеарна карактеристика
(иако по правило би требало сите иста да имаат, но тоа зависи од производител до призводител, не е кај сите иста
). Потоа пробај со логаритамски потенциометар од 500K, можеби со него ќе ги имаш посакуваните резултати
. Доколку со тоа не го решиме проблемот, не е лоша идеја да се проба со малку помали вредности на потенциометарот, на пример 200K или 100K. Икрено, јас прво би пробал со вредност од 300K или 330K, да не случајно премногу се смени вредноста на засилувањето на каналот B, па да добиеме некои несакани последици (преголема дисторзија, преголемо засилување, итн.). Значи пробувај да ја намалуваш врендоста на потенциометарот, но полека, гредиентно
. Доколку и оваа опција не успее, пробај намали ја вредноста на потенциометарот на вредност од 100K или 50K, со таа разлика што во серија со потенциометарот, од неговата горна страна (делот што се врзива со пин 7 од операцискиот засилувач), ќе додадеш и еден отпорник од 390K, па пробај експерименирај, сменувајх ја вредноста на отпорникот, во граници од 100K. Доколку „осеќаш“ дека грениците се „премали“ зголеми ги за уште 100K (значи +/- 200K за вредноста на отпорникот од основната вредност од 390K, значи во граници на пример од 100K до 620K
).
Би требало со некоја од горенаведените модификации да го добиеш тоа што го бараш
.