Author Topic: 60W FM засилувач  (Read 30948 times)

Offline BorceBT

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1826
  • Gender: Male
    • www.trajkovski.net
60W FM засилувач
« Opened on 10.10.2009, Saturday, 01:38:32 (Edited 17.10.2014, Friday, 00:08:00) »
Ова е направен 60W FM засилувач, оригиналната шема може (нормално) како и секој Power HF транзистор да ја видите во DataSheet-от на употребениот транзистор, додека плочката и некои додатни елементи се такви какви што се од искуство и понекогаш и малку експериментирање.



Инаку за да се добие 60W треба да имаш најмалку 7-8W на влез, а под 3W на влез неможе ни да „тргне“ транзисторот, затоа ова може да го правите едино ако веќе имате над 3W на излез од некој предавател со појачало.

Транзисторот е 80% од цената (доколку имаш напојување) и може да е над 1000 денари.

Уредот работи на 12V-14V и еве ги шемите, значи плочката е универзална може да собере 2SC1971 (7W), 2SC1972 (15W), 2SC1946 (30W) (видете ја последната слика за како да го монтирате, иако таа слика прикажува дизајн од шемата од datasheet-от на 2SC1946A) дури и 2SC2630 (60W) (како на сликата на првиот пост). Напомена дека шемите и сликите ги цртав јас додека плочката е употребена од еден стар број на едно југословенско списание „Радио Аматер“ од 1979 година. Ова го спремав за во Емитер во 1998ма меѓутоа се плашеа од реперкусиите од издавање на ваков проект и го одбија. Па еве ги, уживајте:









Никогаш неможеш да знаеш се, но секогаш можеш да знаеш повеќе.

NEBO666

  • Guest
Одг: 60W FM засилувач
« Reply #1 on 19.11.2009, Thursday, 17:56:06 »
По колку пари се овие транзистори?

Offline BorceBT

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1826
  • Gender: Male
    • www.trajkovski.net
Одг: 60W FM засилувач
« Reply #2 on 19.11.2009, Thursday, 20:54:30 »
Околу 1000 ден во фер продавници и дупло во нефер продавници :)
Никогаш неможеш да знаеш се, но секогаш можеш да знаеш повеќе.

Offline DX-er

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 6340
  • Gender: Male
    • Докажи дека си човек и речи стоп за убиствата на бебиња! Ако не си човек, требало и тебе да те абортираат :)
Одг: 60W FM засилувач
« Reply #3 on 20.11.2009, Friday, 00:08:52 (Edited 20.11.2009, Friday, 00:11:17) »
слушнав од еден човек дека 2SC1946 се 1500 денари во Алфа но не ме факајте за збор.
Чувството кога некој ограничен со размислувањето ке зборува за двојни стандарди/демократија/правила... бљак...

кликни тука за инфо околу форумот.

Offline DX-er

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 6340
  • Gender: Male
    • Докажи дека си човек и речи стоп за убиствата на бебиња! Ако не си човек, требало и тебе да те абортираат :)
Одг: 60W FM засилувач
« Reply #4 on 19.12.2009, Saturday, 17:54:20 »
Колку лискуми ставате измеѓу транзисторот и ладилникот? Јас ставам 4 до 5 а секој од нив е премачкан со силиконска паста.
Чувството кога некој ограничен со размислувањето ке зборува за двојни стандарди/демократија/правила... бљак...

кликни тука за инфо околу форумот.

Offline Devil

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 5329
  • Gender: Male
    • Македонски форум за електроника
Одг: 60W FM засилувач
« Reply #5 on 19.12.2009, Saturday, 18:33:23 »
има лискуни и лискуни, најчесто не ставам лискун, а ако ставам тогаш се 2 и има силикон.
А ако  немам лискун дирек само паста ставам
хехе
Jас не сум себичен, помагам. Помагај и ти !

Секоја куќа си има свои куќни правила.Почитувај ги куќните правила!

Offline BorceBT

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1826
  • Gender: Male
    • www.trajkovski.net
Одг: 60W FM засилувач
« Reply #6 on 19.12.2009, Saturday, 19:12:27 »
Чекај, какви лискуни на транзистор на кој емитерот му е на куќиштето? Емитерот на ВФ транзисторите (на сите помодерни денес) е минус (маса) а тоа значи дека е и добро да е ладилникот во електрична врска со емитерот и да е минус (ground plane). Исто така, лискунот (еден) го намалува ладењето и до 30% а можеш да замислиш да ставиш 5! Ќе го намалиш до тој степен да ти треба трипати поголем ладилник за истиот транзистор. Ако некој евентуални мисли дека лискунот не „држи“ напон или дека е лош диелектрик можам да кажам дека за напон држи и над 2KV додека за ВФ енергија е релативно добар диелектрик и да ставите 5 нема некој ефект да се добие. За ВФ одвојување на стари ВФ транзистори на кои колекторот им е на куќиштето (TO3 Куќишта) се користат не лискуни туку керамички подметачи кои се 4мм дебели.
Никогаш неможеш да знаеш се, но секогаш можеш да знаеш повеќе.

Offline DX-er

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 6340
  • Gender: Male
    • Докажи дека си човек и речи стоп за убиствата на бебиња! Ако не си човек, требало и тебе да те абортираат :)
Одг: 60W FM засилувач
« Reply #7 on 19.12.2009, Saturday, 19:18:14 (Edited 19.12.2009, Saturday, 19:32:51) »
Па да, а пак мене ми е за 2SC1970 тој не смее да се допре на минус директ. Изгледа апла стар модел на транзистори е. Него еден пријател ми рече дека ако со еден лискун на 2SC1970 (Ц класа појачало) вадел 600mW со 4  лискуни вадел 1,2W а пак со 5 и 1,5W.
Tие керамички подметачи (4mm) од прилика колку чинат, дали сеуште се продаваат и дали се ефикасни?
Чувството кога некој ограничен со размислувањето ке зборува за двојни стандарди/демократија/правила... бљак...

кликни тука за инфо околу форумот.

Offline Goce

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 366
  • Gender: Male
Одг: 60W FM засилувач
« Reply #8 on 19.12.2009, Saturday, 19:56:57 »
Од 2SC1970 максимум може да се извади 1W а 1.5W не ми се верува дека извадил а керамички лискун тешко да најдеш да купиш во некоја продавница јас имам сретнато во некој телевизори само тој е поголем за T0-247 кукиште

Offline DX-er

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 6340
  • Gender: Male
    • Докажи дека си човек и речи стоп за убиствата на бебиња! Ако не си човек, требало и тебе да те абортираат :)
Одг: 60W FM засилувач
« Reply #9 on 19.12.2009, Saturday, 20:45:42 (Edited 19.12.2009, Saturday, 20:48:15) »
Од 2SC1970 максимум може да се извади 1W а 1.5W не ми се верува дека извадил
Може, ете и тоа да видиш. Лично јас видов дека се вади 1,5W со тој транзистор, и мене не ми се веруваше. Е сега имаше некој си 10% повратна снага па сега ако таа снага ја одземеме од 1,5W би добиле околу околу 1,35W + ако се исфилтрира сигналот да биде чист ке има околу 1W, втри сучи пак 1W. Е сега тој транзистор вади точно 1W ама на 170MHz а на 100MHz повеке.
Еден предавателџија од Ресен ми кажа дека со 2N3553 на 90МHz извадил 4W што за мене е премногу.

керамички лискун тешко да најдеш да купиш во некоја продавница
штета :( таман мислев да ги извадам тие 5 лискуни и да ставам 1 керамички.
Чувството кога некој ограничен со размислувањето ке зборува за двојни стандарди/демократија/правила... бљак...

кликни тука за инфо околу форумот.

Offline LordZi

  • Глобален Модератор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 3187
  • Gender: Male
  • I'm gonna live forever or die trying...
    • LightCraft Studio
Одг: 60W FM засилувач
« Reply #10 on 20.12.2009, Sunday, 11:53:54 »
На вакви мислите?

People who talk behind my back are in good position to kiss my ass!!!

"You may live to see man-made horrors beyond your comprehension." - Tesla

If animals had a religion, humans would be the devil.

LightCraft Studio

Offline Goce

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 366
  • Gender: Male
Одг: 60W FM засилувач
« Reply #11 on 20.12.2009, Sunday, 12:02:03 »
Овие се керамички само за ТО-3 кукиште на DX-er му требаат за TO-247 кукиште

Offline BorceBT

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1826
  • Gender: Male
    • www.trajkovski.net
Одг: 60W FM засилувач
« Reply #12 on 20.12.2009, Sunday, 15:14:59 »
Да, иначе на изолатори од таков материјал мислиме.
Никогаш неможеш да знаеш се, но секогаш можеш да знаеш повеќе.

Offline DX-er

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 6340
  • Gender: Male
    • Докажи дека си човек и речи стоп за убиствата на бебиња! Ако не си човек, требало и тебе да те абортираат :)
Одг: 60W FM засилувач
« Reply #13 on 20.12.2009, Sunday, 17:13:02 »
така е, само уште да има да се  продаваат и за TO-247 ке биде добро
Чувството кога некој ограничен со размислувањето ке зборува за двојни стандарди/демократија/правила... бљак...

кликни тука за инфо околу форумот.

Offline Goce

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 366
  • Gender: Male
Одг: 60W FM засилувач
« Reply #14 on 20.12.2009, Sunday, 17:22:28 »
Теби ти треба ТО-220 а ТО-247 е доста поголемо ама ако најдеш ке ти заврши и тоа работа