Само едно сум сигурен, ако не се обиде сигурно нема да успее.
Тоа да, се сложувам, нема збор
.
АКАИ сигурно нема да исфрли на пазарот инструмент кој не е достоен за концертна изведба и ако пазарот не е доволно голем за неколку стотици илјади примероци .
Тоа да, но поентата ми беше дека, дури и нивниот професионален електронски инструмент, не емулира во дување баш флејта... generic е, има менување на „прстомет“ за овој или оној инструмент, но не и начин на дување, што е прилично специфичен баш за флејтата... другите, обоа, клариент... генерално земено, дуваш во некоја цевка. Флејта е... малку „магичен“ од аспектот на дување
... многу тешко е да се направи баш адекватна емулација за тој начин на дување во цевката, тоа ми беше поентата
, односно, дека ете, дури и АKAI се имаа откажано од целосна емулација на секој инструмент засебно, едноставно ставиле се во едно... сигурен сум дека емулација на секој посебно е многу скапо како инвестиција и истражување и овој пристап "one size fits them all" е многу поевтин, а и сигурно со многу поприфатлива цена.
За некој да вежба дома веројатно и нешто со послаб квалитет ќе брка работа.
Конкретно за флејта... треба да е нешто измеѓу микрофон и сензор за притисок... или евентуално да се искористат и двата и да се комбинираат сигналите... е сега, како, колку, „дозирање“, дообработка на сигналот... тоа е веќе истражување кое може да трае мнооогу долго време.
Има мерачи на ветер со помош на ултразвук, мерачи на проток на гас базирани на термален ефект (анемометар со греена жичка) и веројатно уште неколку други типови што не ми текнуваат во моментов.
Хм... не сум запознаен со овој метод на мерење на јачина на ветар, но можно е ова да е баш адекватно решение. Грејна жица и не одзема баш многу простор, така да, лесно може да се стави во цевка
.
Е сега, единствен недостаток кој можеби би го имало ова решение е времето на реакција, т.е. дувањето за да се лади жицата - колку време (ms) откако ќе почнеш да дуваш, ќе почне жицата да се лади, односно загрева, кога ќе престанеш да дуваш. Прашањето е, колку е тром овој ефект (гледајќи по грејно влакно на сијалица... знае да биде прилично спор... добро, треба да земам во предви и дека сијалица е затворен систем и нема провев на гас, воздух, во неа
) и дали може да се направи доволно брз за да биде добра замена за начинот на дување кој го користи флејтата
.
Плус, може да се постави баш по должина на празнината за дување, а дури може да се искористи и расипана флејта како систем за држење на грејното влакно
.
Ова како идеја, мислам дека до сега, има најголем потенцијал
. А и изведбата може да биде крајно едноставна
(практично, само многу прецизно, мериш отпорност
). Помислив и на PTC или NTC отпорник како замена, но они се премногу троми во реакција, а и непрецизни, така да, тоа би требало да отпадне како идеја... евентуално како дополнителни „мерни инструменти“ за јачината на провевот, во комбинација со главното грејно влакно... така да, можеби и може да се искористат...
Е сега, па ми текна и на недостатокот на овој метод... греачи често знаат да се зезнат, т.е. скинат, при работа
. Едноставно... тоа е тоа, недостаток при работа во екстремни услови
(многу ладно, па многу топло, и обратно). Евентуално може да се направат заменски „ампули“ за вакви ситуации - само менуваш ампула, како што менуваш оригурувач во уреди и продолжуваш да свириш
.
Да ја разбирав, веројатно ќе работев за АКАИ.
Они сигурно ја разбрале, и затоа рекле, fuck it... we're doing an AIO thing, there's no economically feasible way to emulate the flute
.
Она што имам да додадам е дека како македонци сите сме заглавени во еден шаблон на еднодимензионално размислување. Некој сигурно пробал , сигурно развојот чини милиони кои ги немаме...
Да, така е... тој еднодимензинален начин на размислување го имаме... ова доаѓа од човек кој имал доста идеи и се откажал од сите, само поради една причина - пари и време.
И, исто така, пример ми се и сите успешни македонски бизнисмени, уметници, инженери, итн., кои имаат империи изградено на запад
... се разбира, карикирам, не постојат такви... ако не постојат, има причина зошто... сигурно не е само една причина, но сепак, факт е дека вакви луѓе се ретки и во Македонија, само локално што успеале, а камо ли да успееш на светско ниво. Не постојат такви... за жал...
Добро... можеби и има некој... еден.. единствен... и затоа си отишол и никогаш не се свртил назад
.
Мој совет до stefimark... ако веќе успееш да направиш нешто вакво, лиценцирај го хардверот и софтверот со некој вид на лиценца слична на GPL (бидејќи хардверот најверојатно нема да можеш да го лиценцираш под таа лиценца, но можеби има некоја слична само за хардвер или за комбинации на хардвер и софтвер... не знам). Така, ќе ги зезнеш сите компании кои ќе сакаат да го ископираат или модифицираат дизајнот
, бидејќи заедно со инструментот, ќе мора и софтверот, сите нацрти, шеми, CAD модели, практично, се што искористиле за да го направат, да ги направат јавно достапни, што практично ќе значи дека ќе може било кој со 3D принтер, леткум и компјутер, да си направи копија од инструментот
.
Хардверот и неговото лиценцирање е проблемот во ваквите комбинирани ситуации... само идејата за начинот на кој е емулирано дувањето во инструментот, евентуално само тоа како идеја да се лиценцира под некоја лиценца која овозможува да ја користиш таа идеја како основа за твој дизајн, но мора целата документација за твојот дизајн да е целосно и немодифицирано достапна online.
Пак ќе речам, многу работи функционираат за софтвер, но не и за хардвер... тоа е тоа
.