Аналогна електроника > Напојувања
Напојување на полнач за акумулатор
(1/1)
MarkoMK:
Здраво дечки, Алекс овде :D :D :D
Мала шала..
Ми стигна од Алиекспрес (конечно после 3 ипол месеци чекање) модулче за полнач за акумулатор. Еве ова:
Е сега муабетот ми е, имам дома полно трансформатори 12 V 5 A, па сакам да употребам 2 (или може и повеќе) за полење со што би добил 10 А (или појак) полнач..
Што мислите која шема е подобра за да ги врзам во паралела:
Или можеби некој друг предлог ако имате..
GigaWatt:
Во шемата број 1, ако не се идентични напоните на секундарите (а сигурно нема да бидат), се товари еден од двата секундари (оној на кој напонот му е понизок).
Во шемата број 2... навистина не знам што би се случувало при неидентични напони... кој напон и да е повисок, не може да врати назад ни према диодиоте од грецот, ни према секундарот, така да... не знам, треба да пробаш да видиш што би се случувало.
LordZi:
Обично паралелно се препорачува да се врзуваат два секундари од исто трафо кои е мотани бифиларно, па се (скоро) идентични. Две различни трафа скоро сигурно ќе имаат различни секундари, може да биде тоа и дел од волт, ама доволно при таа струја едниот од нив да се грее.
На твое место јас би одбрал два најприближни по напон секундари од трафата што ги имаш и би ги врзал пробно, оптеретени со на пр. сијалици од автомобилски фар или сл. до максималната струја и би проверил дали едно од трафата се грее повеќе отколку што треба.
bicikle:
Ако одат со 2 греца, моја претпоставка дека разликата нема да има големо влијание. Сепак првите неколку полнења следи ги температурите
Navigation
[0] Message Index
Go to full version