Шемава ја имам направено пред многу, мнооогу години и морам да кажам дека навистина интересни звуци вади генераторов
. Со мали модификации, може слободно да биде дел од некое студио
. Може да направи звук како слетување и полетување на летачка чинија
, на ова особено се радував
.
Колото е прилично просто и деловите дефинитивно се наоѓаат по дома
. За контрола на јачината на звукот на излезот, може да искористите потенциометар кој не е нацртан на шемата, но може слободно да се додаде и да се врзе со некој уред кој прима линеарно ниво на сигнал
.
Со комбинација на конекторите A, B, C и D со контактите од 1 до 12 (значи практично, имате 4 буксни кои може да ги комбинирате со 12 контакти) се добиваат најразлични звуци... навистина, бројот на комбинации е огромен
(може да се пресмета, ама ме мрзи сега
). За контактите од 1 до 12, јас искористив стар конектор од катодна цевка на телевизор (баш толку контакти имаат, 12), а за буксните A, B, C и D, искористив пинчиња од плочки исто од стар телевизор (од времето кога телевизорите имаа по 5, 6 модули на главната плоча и модулите се наштекуваа како во денешно време картици за компјутер, но со пинови наместо странични контактори
... и нели, ако нешто не работи ТВ-то, го лупнуваш еднаш, два пати јако, ќе си добијат контакт пиновите и тера
... „шајзе“ технологија
, ама бркаа работа
). Кога сега би го правел, би искористил 5mm-тарски џекови (комбинација машки-женски), но тогаш дете бев и... епа тоа имаше во фурдата
... што имаше, тоа користев
.
На сите компоненти им се обележани вредностите, освен на IK1, IK2 и IK3.
IK1 = 555
IK2 = 4020
IK3 = 4011
А, и да не заборавам. Не смеат да бидат исклучени конекторите (буксните) A, B, C и D од било кој од 12-те контакти бидејќи можно е IK3 да почне да работи на некој непредвиден начин (да го тригерува било што, вклучуваќи и шум), така да, треба да стојат вклучени сите во било кој од 12-те контакти
.
Целосниот текст со шемата ги има во attachment и на следните линкови
.
https://cloud.mail.ru/public/2AQt/3oqrqh6Ed
https://www.asuswebstorage.com/navigate/a/#/s/76486CB977EC408A8A917DB872DFFB34Y
https://app.box.com/s/8j6j6mo68e0800ks3llo4q8rui70zpci