Дигитална електроника > Развојни околини

Raspberry Pi 3B+ проблем

(1/6) > >>

Atanas:
Неколку недели го немав користено RPi и кога денес сакав да го вклучам, системот воопшто не сакаше да се подигне. За напојување користам оригинално напојување од RPi  5V 2.5A. На самата плочка свети само црвената LED диода, додека зелената ( која треба да покажува дека нешто се случува, што било ) воопшто не свети. Пробав да ја форматирам SD картичката и да инсталирам нов софтвер, но ништо не се промени. Исто така, пробав и со друга SD картичка и повторно без успех. Дали имате некаква идеја што би можело да биде проблемот? Како што кажав, подолго време не ми беше користено.

GigaWatt:
Вака изгледа? Ако да, мери дали има напон и колкав е на обележаниот кондензатор.



Исто така, откако ќе го приклучиш напојувањето, допирај со прст врз компонентите, види дали некоја компонента многу грее или дали е се камен ладно (и тоа не е добар знак).

Atanas:
Нема никаков напон на тој кондензатор ( патем за што служи тој? ). Температурата на компонентите не е ни екстремно висока, ни ниска, туку е иста како и собната температура. Не забележав нејзино покачување и намалување. Исто така, на пинот кој дава 3.3V нема никаков напон.

Тука пронајдов детален опис на сите ситуации кои може да настанат. Цитирам дел од текстот:


--- Code: ---https://www.raspberrypi.org/forums/viewtopic.php?t=58151
--- End code ---


--- Quote ---If you have a PI3B+, that, after some days or weeks of working, suddenly has stopped booting, then please check if there is still 3V3 on the system. There have been some reports of the 3V3 supply suddenly stopping working, often after shorting the 3V3 to GND, but in a few cases also spontaneously. The issue is under investigation. To check for the absence of 3V3 measure on the 3V3 GPIO pin,(pin 1, see https://www.raspberrypi.org/documentati ... /README.md) with the red lead of your meter and with the minus lead touching the metal shield of either the USB ports, the Ethernet port, or even the HDMI port, as all of these are connected to GND. Set you meter to DC Volt. Make sure the probe you are measuring with does not slip, and simultaneously touches any of the other GPIO pins, as that might instantly destroy your PI, especially shorting the 3V3 pin to the 5V pin will prove to be fatal. If the 3V3 supply has disappeared, then return the PI to the reseller.


--- End quote ---

Вели да се врати на продавачот, но тоа во мојот случај не е можно, бидејќи не го купив во Македонија, туку во странство.  :(


EDIT: Со подрачјето за краток спој на мултиметарот ( она каде што свири  - како и да се вика ) увидов дека кога едната (црвената) сонда е на пин 1 од RPi (тоа е 3.3V излезот од GPIO пиновите) и другата (црната) е на маса има краток спој. Веројатно регулаторот е расипан.

GigaWatt:

--- Quote from: Atanas on 04.01.2019, Friday, 09:31:45 ---Нема никаков напон на тој кондензатор ( патем за што служи тој? ). Температурата на компонентите не е ни екстремно висока, ни ниска, туку е иста како и собната температура. Не забележав нејзино покачување и намалување. Исто така, на пинот кој дава 3.3V нема никаков напон.
--- End quote ---

Тој кондензатор е најверојатно за филтрација (држење на стабилен напон) на SoC-от, бидејќи е голем, а е блиску до него. Ова е класична пракса за сите типови на процесори/SoC-ови (да се поставува кондензатор за да го држи напонот стабилен, бидејќи ако случано повлече повеќе струја процесорот, да не падне напонот поради отпорноста на водовите кои го напојуваат... а освен тоа, е и филтерски, затоа е и блиску до него, за да се намали должината на водовите од кондензаторот до него, бидејќи кондензаторот во исто време е и EMI филтер), без разлика дали станува збор за PCU, GPU, некаков чип за декодирање, што и да е. Често се ставаат и неколку кондензатори во паралела... зависи за колку моќен чип станува збор. Ако влече по 20, 30, 40А... можно е да има 6, 7, 8, 10 вакви кондензатори во паралела поставени. Инаку, кондензаторите се пластични, но имаат многу низок пробивен напон, а голема капацитивност. На пример, 10 до 47uF со пробивен напон од 6.3V, 4V... зависи со колкав напон се напојува чипот. Колку е понизок, толку пониско може да се спушти максималниот работен напон на овие кондензатори, со што може да се зголеми капацитивноста ;).

Ако на него нема напон, нема од што да се напојува SoC-от... што практично значи, не работи RPi.


--- Quote from: Atanas on 04.01.2019, Friday, 09:31:45 ---EDIT: Со подрачјето за краток спој на мултиметарот ( она каде што свири  - како и да се вика ) увидов дека кога едната (црвената) сонда е на пин 1 од RPi (тоа е 3.3V излезот од GPIO пиновите) и другата (црната) е на маса има краток спој. Веројатно регулаторот е расипан.
--- End quote ---

Да, најверојатно. MxL7704 е регулаторот одговорен за напојување на цел RPi 3 B+. Допри го него дали грее. Ако грее многу, сигурно е изгорен. Еве datasheet од него.


--- Code: ---https://www.exar.com/ds/mxl7704.pdf
--- End code ---

Според datasheet-от, треба да може да даде до 4 излезни напони.

Еве шема и од RPi 3 B+.


--- Code: ---https://www.raspberrypi.org/documentation/hardware/raspberrypi/schematics/rpi_SCH_3bplus_1p0_reduced.pdf
--- End code ---

На пин 8 и 25 од MxL7704 треба да имаш 3.3V, на пин 9 треба да имаш 1.8V и на пин 32 треба да има 1.2V. Измери, види колкави се овие напони и дали воопшто има било каков напон.

Atanas:
На сите четири излези ( VOUT1 ... VOUT4 ) излезниот напон е 0. Регулаторот не грее и на неговите влезови проверив и има напон.

Navigation

[0] Message Index

[#] Next page

Go to full version