Се откажав од цитирање, многу бре комплицирано
Не бе Гига, грешка си, тука сум јас, прилично редовно си го ѕиркам форумчево, само не партиципирам многу, освен ако навистина сум сигурен дека можам да помогнам или пак да побарам помош.
Инаку не е само за мене таа тема, тоа би било корисно за цел форум и неговите посетители, работава е да се направи можеби посебен подфорум со повеќе категории, да речеме лаптопи, телевизори, тетриси итн итн, и да речеме во категорија лаптопи да има уште неколку категории со различни модели на лаптопи, Asus, Toshiba, HP итн итн, истото би било и за телевизори, t-con-и и за секаков тип на електронски уреди кои содржат електронски програмабилна меморија во нив.
Во насловот задолжително да стои на пример производител, модел и можеби нешто додатно како верзија на софтверот, за самиот пребарувач да може коректно и брзо да вади точни резултати при пребарување, а во самата тема да биде прикачен дампот, слика од плочата, основните нејзини компоненти, и по можност шема или boardview за неа, плус некоја забелешка во врска со конкретниот уред, како на пример овој чип е нестандарден и работи на 1.8V, исчитан е со тој и тој програматор, тестиран лично итн итн, нешто слично како на remontaud.net.
И што е најважно, сите фајлови да бидат прикачени на форумот, наместо по други сајтови на кои им застаруваат линковите, па се губат и слики и фајлови и темата на ништо не личи. Еве ти викаш дека сите твои дампови може да се најдат на elektrotanya, ок, како тоа би го знаел некој член од форумов, еве и јас сега првпат дознавам дека ги имаш таму закачено, и што дека знам, пак морам лично тебе да ти се обратам и да те прашам каде да најдам тоа и тоа
Мислам дека и секој член на форумов кој е поактивен и кој навистина има потреба од електроника, или едноставно си сака домашни работи или е ентузијаст, не би му било проблем да донира пример 500-1000 денари кои би се инвестирале во инфраструктурата на форумов, за да се овозможи горенаведеното. Јас прв би донирал
Знам дека е малку комплицирано, меѓутоа мислам дека би било добро да живне форумчево уште повеќе. На крајот од краиштата, зошто би барале фајлови и шеми по странски сајтови, кога овде може да се оформи една убава Македонска заедница каде што си се разбираме што зборуваме и во секое време може да си помагаме меѓусебно.
Исто така, забележав дека администрацијата е премногу толерантна према некои членови кои само тропаат глупости и редат километражни неразбирливи постови од кои болат очи уште од првата реченица. Уште и отвараат драматични теми у стилот последен поздрав, проштално писмо, ќе помисли некој отиде човеков да се фрла од зграда, само решил прво да се прости од соработниците, гревота, ај парастос да му направиме...
Доколку после првата опомена не се промени однесувањето на членот, пермабан и ајт создравје, пестицидни мислења, теми и луѓе ниеден професионалец не ги толерира, па не гледам причина зошто на форумов полн со маргинирализирани професионалци би било поинаку.