Дигитална електроника > Развојни околини
Општи прашања и одговори во врска со Ардуино
DX-er:
Сакам да купам
CH340G USB Nano V3.0 ATmega328 5V 16M Micro-Controller но она што можам да го купам е CH340G USB Nano V3.0 ATmega328P 5V 16M Micro-Controller или поточно едно П после 328.
Дали има разлика од тоа со П и без П ?
borisq10:
Дали може некој да ми помогне околу кодот за реле...
Значи имам само едно реле и сакам да го командувам преку сериал монитор (on-off).
GigaWatt:
@DX-er: Тие со P на крајот трошат помалку струја (picoPower).
DL1BT:
--- Quote from: GigaWatt on 14.04.2017, Friday, 22:37:43 ---@DX-er: Тие со P на крајот трошат помалку струја (picoPower).
--- End quote ---
PicoPower значи дека имаат поголеми можности за оптимизација и различен систем на такт дистрибуција. Истотака работат на многу понизок напон (~1.62V). Технологијата на изградба им е различна (помала површина на силициум) и најчесто се малку поскапи од обичните. Доколку не ги користиш напредните опции - тоа значи low level програмирање, и двата се тотално исти.
MarkoMK:
--- Quote from: borisq10 on 14.04.2017, Friday, 19:37:57 ---Дали може некој да ми помогне околу кодот за реле...
Значи имам само едно реле и сакам да го командувам преку сериал монитор (on-off).
--- End quote ---
Со овој код релето треба да е приклучено на пин 5, кога ќе притиснеш 1 се уклучува, 0 се исклучува.
--- Code: ---#define pin 5
int ByteReceived;
void setup()
{ Serial.begin(9600);
}
void loop()
{
if (Serial.available() > 0)
{
ByteReceived = Serial.read();
if(ByteReceived == '1')
{
digitalWrite(pin,HIGH);
Serial.print("ON ");
}
if(ByteReceived == '0')
{
digitalWrite(pin,LOW);
Serial.print("OFF");
}
}
}
--- End code ---
Споено мислење: [time]17 Април 2017, 12:41:27[/time]PS. со или без П, се надевам дека DX -er се снашол до сега :)
Navigation
[0] Message Index
[#] Next page
Go to full version