Статии > Статии
Моќни Terahertz ласерски чипови
(1/1)
BorceBT:
[float=left][/float]Својствата на Terahertz брановите се познати уште од самиот почеток на радио техниката меѓутоа нивното генерирање беше проблем. Секако најголем проблем беше нивото (моќта) и точноста на фрекфенцијата на овие генерирани бранови со фрекфенции од 800GHz до 1.5THz а оттаму доаѓа и нивното име: Тера-херцни бранови.
Употребливоста на овие бранови е во тоа што тие поминуваат низ објекти (ткива и материи) релативно лесно, можат да се фокусираат (поради високата фрекфенција) и лесно да се детектираат со методот на Backscatter radiation detection. Од ова може да се заклучи дека овие бранови се исклучително корисни како безопасна замена за рендгенското снимање но и за системи за гледање "преку ѕидови" и под земја, што веќе се користат за воени цели од страна на некои армии.
Досега генерирањето на овие бранови беше со помош на специјални мали и многу скапи електронски цевки или осцилатори со Gunn - диоди меѓутоа излезната моќ беше во рангот на неколку миливати. Но, студентите на MIT успеаја да модификуваат ласерски чип (ласерска диода) да работи на многу пониска фрекфенција и успешно да генерира терахерцни бранови со моќ од и над 1W и голема стабилност на фрекфенцијата. Со ова употребата на овие бранови набргу може да се очекува и во уреди кои би требало да бидат достапни и за обичните граѓани а не само како скапи воени инструменти.
Navigation
[0] Message Index
Go to full version