Author Topic: Батерија и полнач MaxPuls Share 20V | MP20S -внатрешен увид  (Read 6863 times)

Offline Mkdsime

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 158




Мое мислење е дека батеријата е солидно направена со адекватна заштита на батериите. Повеќе од идеална за хоби работа. Батериите ги немам измерено дали се со точно 2000mAh капацитет но мислам дека сеуште се нови и имаат толкав капацитет. При полна батерија напонот на батериите е 4.15V. Батеријата има лед сијалички за индикација колку е полна батеријата и при работен товар при бушење во метал 2.5мм дебел со 8мм бургија напонот не паѓа драстично со што сите лед сијалички светат, додека при огромен товар, бушење со фи 115мм бургија за во земја за столбови само една сијаличка светеше.







Полначот од 2.4А е доволно брз за една батерија за хоби користење, не ми се допаѓа трансформаторот и транзисторот и големиот електролитски кондензатор што се наместени толку блиску мислам дека повеќе ќе загреваат?.




И еве на каква штрафилица ја користам батеријата со самопрајски адаптер :).  Адаптерот е направен со лесонит парчиња лепени со супер лепак а контактите се од јадрото на мал трансформатор од делот што е како буквата Е.