Моментално на плочата е проверено се освен калемите и трансформаторите, сеуште е истата ситуација, има +7В и -7В на PS/ON има 3.25В. На Б+ има само 2.14В.
Кога ги добив тие напони имаше и 12В и 15В.
Другиот ден кога ја вклучив плочата на место +7В и -7В имаше 4В немаше 15В ни 12В, ги мерев транзисторите и диодите сите се исправни.
Денес на плочата наместо 7В има помеѓу 0.1В и 0.6В, на -7В има помеѓу 0.3В и 0.5В, наместо 12В има помеѓу 03В и 3.1В, наместо 15В има помеѓу 0.5В и 2.7В
На зенердиодата ZD1 24в имаше околу 23.5В сега напонот се шета од 11В до 18,5В.
Сите компоненти кои ги проверував се или исправни или заменети со исправни, само трансформаторите не се проверени.
Незнам зошто така би се однесувало чудото, или јас незнам да мерам/користам мултиметер, или мултиметрите не ми ги бива, или плочата има духови
Поради немање време и нерви плочата ќе одмара до наредната недела, а можеби и ќе заврши во канта.