Темава малце и мене размрда и натера да ги извадам батерииве за да ги "проветрам".
Имено, пред точно една година расклопив лап топ батерија и си извадов батерии. Но, никогаш не ги тестирав дали се во ред или не т.е не им го испитав капацитетот ( и сеуште не ми е испитан, предложете како тоа да го направам
). Па, кога @GigaWatt праша дали со тоа што го постира @batka батериите се полнат и кога се под 2V, решив да тестирам. Пронајдов батерија која беше само 0,55V и ја приклучив на напон од 5V од компјутерско напојување. Се полнеше 7-8 часа и потоа кога ја проверив напонот беше 4,12V. Ја тестирав малце, односно го оставив телефонот да се наполни од 70% до 100%, по што напонот падна на 3,60V ( од тоа немам слика ).