Македонскиот форум за електроника е повторно online
. По неколку месечна пауза, повторно сме заедно
... со неколку последици по транзицијата :S.
Главен проблем:Сите attachment-и се, за жал, „капут“ (тука спаѓаат и avatar-ите на членовите :S)... последица на лош FTP трансфер на фајлови. Работиме на тоа да ги вратиме назад, барем дел од нив, ама не знам дали ќе успееме без оригиналниот backup (оној кој не е корумпиран при FTP трансферот). Сега за сега, ако многу ви е потребен некој фајл од форумов, а не можете да го најдете online, пишете во темата или на некој од администраторите или модераторите, ќе се потрудиме да го „оживееме“ од лошиот backup или да го откопаме од... некаде.
Помали проблеми:Моментално форумот е достапен само на Англиски, не и на Македонски. Тоа не значи дека не може да post-ирате на Македонски, само речникот на форумот е на Англиски. Овој проблем е лесно решлив и ќе гледаме да го елиминираме во најкраток можен рок
.
Ако некои од членовите претходно биле банирани, можно е да не може да се логираат. Доколку банот не бил перманентен, нека пишат на членовите од администрацијата или на администраторскиот mail (admin[[at]]elektronika-mk.net) и ќе го разгледаме конкретниот проблем
.
Ако ги барате некои од функциите кои претходно ги имаше форумот (како порталот, итн.), не ги барајте за џабе. Тие функции веќе ги нема и нема да ги има. Се префрливме на нова верзија од скриптата на форумот и немаме намера да се враќаме назад, ниту пак да имплементираме функции кои само ги комплицираат работите при update на скриптата на форумот и се скоро ирелевантни за правилно функционирање на форумот (само шминка).
Моменталниот изглед на форумот е привремен и најверојатно ќе претрпи промени (лого, background, итн.). Ако имате некои предлози, пишете на некои од админстраторите или модераторите, ќе го разгледаме предлогот
.
MKFE Team