Author Topic: Чипсети  (Read 871 times)

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Чипсети
« Opened on 23.10.2012, Tuesday, 16:43:22 »
Колеги,стално повторувам дека ако сакате да решите некој проблем не одете веднаш со пп ,туку поставете го прашањето во соодветна тема на Форумов.Бидејки се работи претежно за почетници со неколку поста на Форумов ,ке покушам да одговорам вака на некои,ама на прашања од типот * Батка,како да се најавам под Линукс како Администратор кога имам веке еден акаунт?...* Тоа веке не е општо прашање и треба да седам со часови да одговарам.И друго - прошетајте по старите теми на Форумов - многу прашања веке се дискутирани и одговорени ,или веке биле предмет на расправа.Ако имате дополнително прашање слободно надоврзете се на некоја постара тема и ке добиете сигурно одговор.Сега,да му дадам одговор на колегава кој ми бараше литература за чипсети.