Author Topic: Звучници на Bold Audio  (Read 16215 times)

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Одг: Звучници на Bold Audio
« Reply #45 on 19.10.2012, Friday, 02:19:39 »
Koга веке ме прозиваш,да ти кажам дека имам и јас десетина слики со момчево,ама сме сликани еден до друг.И  многу сме разговарале со него на тема - инвестирање ! Тебе те нема никаде на  сликава,а ова слика е и веројатно од некое друго отворање ,каде може би си озвучувал и си влечел кутии,Дежа ву,што би рекол еден колега.Дечкиве уште ја чекаат поканата.И ова е преголема слика вака да ја постираш ,веројатно некој друг од администрацијата ке направи што треба,да не речеш дека јас веднаш ја * скинав*.

Offline Marjan Milosevic

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 123
Одг: Звучници на Bold Audio
« Reply #46 on 19.10.2012, Friday, 02:40:31 »
Сликава е пријателе од денес, од отварањето на Кемет фабриката за кондензатори. А дечките покана векје добија.
Сликата не е воопшто голема бидеќи е линк а не атачмент.
А на дечково на сликата верувам дека исто така како на мене си му кажал да не бара инвеститори бидејќи транспортот е скап и не е возможно во македонија ништо да се произведува.
А јас каде и за кого се сум “тегнел кутии“ ти можеш само да сонуваш!

Offline Devil

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 5329
  • Gender: Male
    • Македонски форум за електроника
Одг: Звучници на Bold Audio
« Reply #47 on 19.10.2012, Friday, 11:05:05 »
се се толерира ама ако почните да мешате политика и религија имаме проблем.
Без расправии, и останати непотребни дискусии, држете се до темава, ако не во спротивно ќе биде заклучена!

Jас не сум себичен, помагам. Помагај и ти !

Секоја куќа си има свои куќни правила.Почитувај ги куќните правила!

Offline didy

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 426
  • Gender: Male
Одг: Звучници на Bold Audio
« Reply #48 on 19.10.2012, Friday, 20:58:29 »
И јас сум за клуч, ако ме праша некој  :D
нема ништо интересно освен една голема прашина околу рекламен простор, толку преписки ништо од техниката не се допре бадијала простор и време  >:(
позз

Offline Marjan Milosevic

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 123
Одг: Звучници на Bold Audio
« Reply #49 on 19.10.2012, Friday, 21:49:47 »
Епа дечки како ме дочекавте на нож овде (секоја чест на искучоци) само остана уште за технички работи да напраиме муабет. Никој ништо технички не праша. Додуше имаше предлог планови да сум ставел тука. ????? незнам само со кој памет али ај.
Немам намера на некого да му укажуван на домашно воспитување и како се дочекува нов член на форумот.
Поготово некој кој има познавање и кој никогаш не одбивал да помогне.

Од мене толку на темава. Ако има некои прашања во врска то технологијата и слично тука сум. А за прашања кои задираат во бизнис страната немам намера да дискутирам. Тие се сепак деловна тајна од која ние овде живееме.

Offline Maki

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 721
Одг: Звучници на Bold Audio
« Reply #50 on 19.10.2012, Friday, 22:42:43 »
Никој ништо технички не праша.

Па јас нешто такво прашав - која опрема за акустички мерења на звучниците користиш и кој софтвер за скретници,ако не е тајна.
Иначе на сајтот boldaudioinc com има технички податоци за звучниците, мање-више исто како на секој друг сајт за професионални звучници.Ако има да ни покажеш измерена фрекфенциска крива на твојте звучници,би било добро,барем мене ме интересира.

Offline Marjan Milosevic

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 123
Одг: Звучници на Bold Audio
« Reply #51 on 19.10.2012, Friday, 23:35:37 »
Маки, од опрема користиме неколку софтвери што овде што у Канада и резултатот секогаш е комбинација на истите. Не се држиме слепо кон софтверските резултати туку дополнително експериментираме и мериме додека не го добиеме вистинскиот резултат. Понекогаш тоа трае со месеци. Ни се случило една те иста кутија 7 пати да ја праќаме за Канада и назад.
Користиме Praxis и Leap5 као водечки. Плус некои други за брзи мерења како ТруеРТА и Арта.
Мерните микрофони се Earthworks и Audix дополнително калибрирани од страна на производителите.
За техниките не би дискутирал сепак се тоа мали тајни кои мора да ги држиме за себе.
Еве во прилог еден графикон од нашиот последен модел BA215T кој сеуште го нема на веб страната и е дополнително додаден во гамата на барање на нашиот дилер од Индија. Ние немавме намера да понудиме ваков тип на кутија. Но кога веќе се бара зошто да не  8). Се работи за кутија со две 15ки и високотонец.


Offline izotop

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 357
Одг: Звучници на Bold Audio
« Reply #52 on 19.10.2012, Friday, 23:56:45 »
Немам многу искуство но ќе си дозволам да кажам дека солидно изгледа криваава како за ПА кутија ,
Иако можеби ќе слупам нешто но сепак ќе прашам
Што конкретно ви бараа од индија да постигнете или ви оставија одврзани раце за  параметри.
Ако не е тајна се разбира .

Offline Marjan Milosevic

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 123
Одг: Звучници на Bold Audio
« Reply #53 on 20.10.2012, Saturday, 00:07:11 (Edited 20.10.2012, Saturday, 00:25:46) »
Не беше барањето врзано со параметри туку со тоа што на нивниот пазар дуплите 15ки се по популарни од дуплите 12ки. Ние веќе имаме модел со две 12ки BA212T и искрено немавме намера да правиме дупла 15ка. На мислење сме дека кога системот веќе користи сабвуфери, 12ките ќе дадат подобар вокал од 15ките.
Но пазарот и побарувачката наметнаа потреба за таков производ. Бидејќи BA212T како модел веќе постави некои стандарди (101db 1w/1m, 2100W RMS, 4400W program и максимален пик spl od 141db) тоа само значеше дека мора да биде во истиот ранг но со посериозни перформанси во понискиот дел на фреквенции.
Одлуката каква ќе биде кутијата и со какви перформанси е наша.

Споено мислење: 20.10.2012, Saturday, 00:25:46
Да разбијам уште една дилема на некои членови овде на форумов.
Еден контејнер до Канада чини 2700 евра. Вредноста на робата во полн контејнер е околу 150 000 евра.

Offline Devil

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 5329
  • Gender: Male
    • Македонски форум за електроника
Одг: Звучници на Bold Audio
« Reply #54 on 20.10.2012, Saturday, 11:17:57 »
Да се замешам јас во темава, првите неколку страни едноставно ги прескокнав од темава оти освем расправија нема ништо паметно,
е ме интересира каков материјал користите за кутиите, од што дрво, дали тој материјал кај нас на домашниот пазар е „лесно“ достапен, ако може цената за истиот и така..
дали вие сами си ги дизајнирате кутиите во фирмата или плаќате други да ви ги дизајнираат

дали сами ги обработувате потребните делови од кутиите, односно дали сам си ги сечите плочите или пак им давате на други да ви ги исечат и вие само ги составувате и така..
Jас не сум себичен, помагам. Помагај и ти !

Секоја куќа си има свои куќни правила.Почитувај ги куќните правила!

Offline Marjan Milosevic

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 123
Одг: Звучници на Bold Audio
« Reply #55 on 20.10.2012, Saturday, 11:41:14 »
Материјалот за кутиите е шперплоча од Руска бреза која ние ја увезуваме за сопствени потребе и која ја нема во продажба во Македонија.
Материјалот се обработува на цнц машина во друга фирма која произведува мебел тука во Скопје.
Понатамошната фина обработка и се што подразбира готов производ работиме сами.

Комплетниот дизајн е лично мој и како таков одстапен на фирмата.

Offline Devil

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 5329
  • Gender: Male
    • Македонски форум за електроника
Одг: Звучници на Bold Audio
« Reply #56 on 20.10.2012, Saturday, 11:44:53 »
ок фала за одговорот, сега уште нешто
зошто користите баш руска бреза што се предностите према другиве материјали
Jас не сум себичен, помагам. Помагај и ти !

Секоја куќа си има свои куќни правила.Почитувај ги куќните правила!

Offline Marjan Milosevic

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 123
Одг: Звучници на Bold Audio
« Reply #57 on 20.10.2012, Saturday, 13:41:32 »
Руската бреза е компромис општо прифатен како стандард за ПА звучници.
Причината е следната, брезите што растат во Сибир, Балтичките земји и Канада растат многу споро бидејкји летото им е многу кратко. Поради тоа цврстината на дрвото е многу поголема. Спаѓа во категорија блиску до нашата Бука.
Реално медијапанот има подобри акустички својства од било кој шпер но ја нема доволната чврстина која им треба на ПА кутиите. Плус не е водоотпорен. Сега ниедно дрво не е 100% водоотпорно но сепак издржливоста е доста поголема. Добра шпер плоча треба да издржи вриење во вода до најмалку 3 часа.
Така да брезовиот шпер е компромис помеѓу цврстина, отпорност на влага, тежина и акустички својства.
Дел од производителите користат и медијапан но за своите буџет серии.

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Одг: Звучници на Bold Audio
« Reply #58 on 20.10.2012, Saturday, 17:37:09 »
Тоа е се добро,ама рускава шпер плоча од увоз сигурно не е поевтина од медијапанот.Второ,ако изработувате ПА кутии,а не хај -фај  разликата меѓу медијапан и руска бреза не би била премногу голема во акустична смисла.Според оној пресек на кутијата што го видов не гледам некоја револуционерна концепција.Појачувања,прегради пластични цевки... Уште  цената да ја знаеме,па да коментираме.Сепак,плаќање ЦНЦ машина,драјвери од страна,шперплоча од Русија.... не верувам дека кутиите ви се евтини,поготово не за македонскиот пазар.Што се однесува до 18 те на Биема,од искуство се многу добри и издржливи,а штом веке тргувате со Русија,побарајте во Обертон ,можеби ке ви направат добра серија драјвери за поевтини пари.Тркнете до Благоевград,па таму во фабриката за звучници да видите некои Обертон модели,за секој случај.

Offline Marjan Milosevic

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 123
Одг: Звучници на Bold Audio
« Reply #59 on 20.10.2012, Saturday, 18:28:15 (Edited 20.10.2012, Saturday, 18:30:48) »
Батка, никој не рече дека кутиите наши треба да се ефтини и дека се за македонскиот пазар. Неколку пати нагласив дека во Македонија не ги продаваме.
Разликата помеѓу медијапан и водоотпорна шпер плоча е огромна во смисол на издржливост на кутијата. Збориме за туринг кутии кои ќе се истовараат и утоваррат секој ден и кои ќе свират и на сонце и на дожд и на снег и на температури од -30 до +50. Замисли кутија која треба да работи во Индонезија во сезона на монсуни кога влажноста на воздухот е 3 месеци 90%. Што ќе стане од медијапанот?
Значи нема муабет дека медијапанот е поефтин, ама не е тоа поентата. Стандардот е шпер плоча а не медијапан.
Што се однесува до Обертон, тие имаат уште леб да јадат додека стигнат на ниво на ова што го користиме ние. Во моментов на светскиот пазар не постои подобра 18ка од оваа што ние ја користиме, ова важи и за остатокот на компонентите всушност. Нашата цел е топ квалитет а не ефтин производ. Конкуренцијата на врвот е многу помала него во средината. Ме разбираш?
Ако правевме коли ова кје беше во класата на Мерцедес. Голф може секој да прави. Мерцедес не баш.

Споено мислење: 20.10.2012, Saturday, 18:30:48
Да дополнам, каква револуционерност бараш во бас рефлекс кутија? Кутијата сама по себе е таква и принципот е стар одкога се прават звучници. Разликата е во квалитетот и перформансите на истата. Деталите многу значат.