Author Topic: Помош за дизајн на subwoofer кутија за во кола со звучник Sony 10" XS-L10S  (Read 2931 times)

Offline borisq10

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 230
  • Gender: Male
ако може малку помош.. на што да го мотам калемот?  :)

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Калемот се мота на картонско или пластично тело со определени димензии ( спрема табелата !).Направи си еден шаблон спрема него -Kalem br 1 : telo promer 38 mm ,visina na kalemot 25 mm.Значи ,калемот треба да се мота на тело со дијаметар 38 мм ,а калемот има ширина 25 мм и се намотува во повеке слоеви.Секој слој бандажирај го со селотејп,а на крај стегни го со пластични стеги.Ако го намотуваш со бакарна жица од 1,6 мм,како во табелата - намотај 250 намотки,а ако е со потенка жица од 1 мм - околу 320 намотки.Ако твојот Кенвуд има веке вградена свртница не мораш да ја правиш пасивната свртница.И уште нешто - ако ја правиш твојата или ова од мојот предлог кутија - и двете имаат отвор 76 мм ( а не 75 по Маки) ,а на ова твојата има бас рефлексна цевка од 400 мм( а не 350 мм според Маки!).За да добиеш звук кој ти одговата тебе ( и само тебе) направи мал експеримент со постепено скратување на оваа цевка дури не добиеш тон кој ке те задоволи.

Offline Maki

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 721
И уште нешто - ако ја правиш твојата или ова од мојот предлог кутија - и двете имаат отвор 76 мм ( а не 75 по Маки) ,а на ова твојата има бас рефлексна цевка од 400 мм( а не 350 мм според Маки!).

Не мора отвор 76мм и не мора цевка дугачка 400мм. У Македонија нема пластична цефка 76мм, има само од 75мм. Цевка од 76мм у е стандардна америчка цевка од 3 инча а таква у Македонија нема.Кај нас стандардна пластична цевка е 75мм.
Оние кои го прочитале мојот туторијал „Како правилно се прават звучни кутии“ знаат дека иста резонантна фрекфенција fb се добива и со потесна цефка,ако таа се скрати. Али у овај случај нешто друго е побитно: 10 инчниот звучник XS-L10 бара подруга резонатна фрекфенција fb од 12 инчниот XS-L12,па зато дужината на цевките се разликува. На цртежот што го постираше borisq10 има предложени димензии за бас рефлекс кутии за 10 инчниот и за 12 инчниот бас. Според мене, таму предложениот волумен од бас рефлекс кутијата за XS-L10 е премала. У ствари,волуменот и димензиите на кутијата за 12 инчниот XS-L12 повише одговараат за 10 инчниот XS-L10, само што треба да се промени резонантната фрекфенција fb, а тоа се постигнува со цефка од 75мм,дугачка 350мм (а не 400мм!)

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Прво,никаде не пишува дека мора да употребиш пластична цевка!За проба направи на тело 76 мм од обичен хамер во два три слоја   цевка со 400 мм должина.Залепи ја и укрути со обичен дрвофикс.Потоа вклучи го појачувачот и цевката вади ја сантим по сантим и крати ја.Слушај го звукот! Забележувај како се менува звукот и најди ја за тебе прифатливата звучна слика, која се менува со кратење на цевката!

Секој кој го прочитал мојот туторијал “Како правилно се прават звучни кутии“ лесно ќе прорачуна дека цевка со фи=76мм и дугачка 400мм резонира на иста фрекфенција со цевка со фи=75мм дугачка 395мм. Разлика у звук нема!
Оној кој го прочитал мојот туторијал,али тера инат дека тоа што сум напишал не чини,ќе прави цевка баш со фи=76мм,па ќе ги уверува другите дека подобро е да прави цевка од обичен хамер у три слоја,па уште ќе троши дрвофикс на тоа,па ќе чека до наредниот ден да се осуши дрвофиксот,за најпосле да добие бас рефлекс цевка што укупно нема да биде дебела ни еден милиметар!!!!!! Све тоа,само да не признае дека сум у право и само да не употреби пластична цевка со фи=75мм која кошта мање од 50 денари и со која се добива бас рефлекс цевка за мање од една минута!
И нема потреба од кратење сантим по сантим цевка дугачка 400мм,треба одма цевка дугачка 350мм!

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Маки,го знаеш оној виц- прашале некоја слободна госпоѓа - која должина е идеална - таа рекла - нема идеална должина,сите треба да ги пробаш! Така ,значи треба да се проба  бидејки идеално нешто нема.Звукот се разликува доста ако е цевката 400,300,200,150 мм. Е,сега зависи на кого што звук му се бендисува! Проблемот е во увото,а не во пресметките.

Offline Maki

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 721
Маки,го знаеш оној виц- прашале некоја слободна госпоѓа - која должина е идеална - таа рекла - нема идеална должина,сите треба да ги пробаш! Така ,значи треба да се проба  бидејки идеално нешто нема.Звукот се разликува доста ако е цевката 400,300,200,150 мм. Е,сега зависи на кого што звук му се бендисува! Проблемот е во увото,а не во пресметките.

Инжинерите и научниците испитале све што треба,и со прорачун и со пракса и со уво, a тоа што го нашле и докажале го нарекле  наука АКУСТИКА,баш за да не треба некој да постане „слободна госпоѓа“ и све да испробува без потреба,или да се понаша као гуска у магла. Batka,одавно све е испробано и запишано у книгите,али кој да чита..
Звукот се разликува ако цевката е долга 400,300,200,150 мм затоа што така се добиваат раззлични резонантни фрекфенции: 36, 42, 51, 59Hz. Да прочиташе некоа книга,ќе знаеше дека резонатната фрекфенција fb на бас рефлекс кутијата треба да биде пониска од сопствената фрекфнција на звучникот fs, ако неговиот Qts е поголем од 0,4. Нашиов бас Sony XS-L10 има Qts=0,61 и сопствена резонатна фрекфенција fs=42Hz па према тоа резонатната фрекфенција МОРА да биде пониска од 42Hz а тоа значи цевка подугачка од 300мм,али пократка од 400мм,или како што веќе реков,тачно 350мм.
Нема проблем ни со прорачунот ни со увото,одавна нашле научниците што им се бендисува на луѓето и што им е идеално,па тоа го напишале у книгите.Али кој да чита..

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Знаеш Маки,не ги разбирам лугето како тебе ,кои тврдат нешто што не го чуле и виделе,ами само некаде прочитале - и толку! Или со Clio го имаш мерено и проверено!? Не е важно што јас читам,а богами ниту ти.Јас батка - пробувам.Методот на проба е за мене најмеродавен.Значи,јас не го советувам ништо спротивно од она што треба колегава,ама му давам предлог да проба.Јас не наредувам.Можеби звукот кој го замислува,односно сака да го доживее ,ке го добие токму со пример - 300 мм цевка ( штом се фаќаш за цевката).Иначе.76 мм цевки од картон има во секоја подобро снабдена продавница за текстил.Сето тоа е во ред,но ниту јас ниту ти не знаеме што слуша човекот- можеби Цеца и турбо фолк,или хип хоп, класика или рок.За секоја музика постои кутија ,а вашата кутија треба вие да ја створите - ова изрека  не сум ја измислил јас лично,ама се слагам со неа .
И ако мислиш дека се е докажано и испитано и се  се знае во науката која се вика Акустика - мислам дека си во заблуда.Секојдневно се појавуваат испробуваат ,пронаоѓаат различни материјали,методи ,технологии.Акустиката е наука во која допрва * ке се бркаме*.Она што порано било мерило,веке не е !! Луѓето порано веруваа дека само и само грамофонот е закон- ама се повеке млади купуваат компјутер,ајпод ,таблети и слични уреди и на нив слушаат .И *уво не ги боли* дали некоја си таму плоча давала квалитетен звук! Дури ни хај-фај уредите не се тоа што порано беа .Имам еден податок колку музички системи лани се продадени во МКД(ова е податок од Завод за статистика!! и таму стои -музички систем како поим за уред за репродукција на звук во поголем обем-замислете дефиниција).Значи 442 система се продадени вкупно(мини,миди,макси системи кои се увезени званично и продадени во трговијата!),спрема екстерни 24675 звучници за компјутер и 6870 ајподи,таблети и слични гаџети!!!!! Еве на што се слуша музиката кај нас,па секој нека изведе заклучок!!

Offline danix01

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 512
  • Gender: Male
значи на никој не му треба веке звучна кутија туку сите слушаат на ипод и мобилен, па донекаде и точно е тоа  :)
rules are made to be broken

У грешка си,не читам само теорија,практично сум направил неколку пара звучни кутии,а сум слушнал побајаги многу други.Ако некогаш имам доволно пари би сакал да купам Clio али повероватно би ја купил многу поефтината ARTA. Ипак имам правено со тонгенератор и дигтален инструмент електрички мерења на скретниците што ги правев.Со мерењата се избегнуваат непотребните проби! Кој знае теорија и мери,не губи време на непотребни проби како тебе.
Картонските цевки за текстил што сум ги нашол се 80 и 100мм,а ги продаваат поскапо од пластичните.
Различните материјали,методи и технологии не ги смениле законите на акустиката ниту основните правила и закони за правење добра звучна кутија.Закон си е закон,непроменлив!Мерилата за добар звук не се промениле,ниту ќе се променат. Независно дали некој слуша турбофолк,класика или рок,од звучниците треба да излезе истиот звукот на инструментите како да свират у живо.Тоа не зависи од нечии различни укуси или од различната музика,звукот на инструментите у живо не зависи од тоа каков вкус има некој! Добар звучник исто добро ќе ја свири секоја музика,лош звучник само некои типови музика може да отсвири некако али никад добро,а све друго ќе биде лошо.
Порано грамофоните имале бољи звук од касетофоните,али тоа се променило,сега ЦД и компјутерите  имаат најбољи звук ако снимките се некомпресирани,MP3 е полошо.Али независно од каде доаѓа снимената музика,на крај опет треба да се поврзe на добри звучници.

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
значи на никој не му треба веке звучна кутија туку сите слушаат на ипод и мобилен, па донекаде и точно е тоа  :)

Па нема проблем ке си направиш од картон звучни кутивчиња за иподот и си слушаш!Битно е да биде добра журката,макар и на клупа во парк!
Кај нас Маки картонските цевки ги даваат без пари,само да им ги изнесеш од дуќан!И ако си читал толку многу треба да знаеш дека не постои звучник кој ке репродуцира 100% идентичен звук на инструмент во живо! Бар не постои за нас * смртниците*.Е,сега за стручњаците кои направиле неколку и слушнале -еееехеее многу други- тоа е друга работа,Мерилата за добар звук се мнооогу променети батка! И молам да не ги навредуваш моите проби.И на крај констатација која можеби не ја знаеш- идеална  звучна кутија не постои! Иначе би се правела само една димензија,еден терк,би немало толку фабрики ,конструктори,секојдневно нови модели,нови материјали,нови облици...Ако ова не си го знаел ,побарај и прочитај,дури и во Емитер имаше за тоа.

Offline Maki

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 721
Кај нас Маки картонските цевки ги даваат без пари,само да им ги изнесеш од дуќан!

И ако си читал толку многу треба да знаеш дека не постои звучник кој ке репродуцира 100% идентичен звук на инструмент во живо! Бар не постои за нас * смртниците*.Е,сега за стручњаците кои направиле неколку и слушнале -еееехеее многу други- тоа е друга работа,
Мерилата за добар звук се мнооогу променети батка! И молам да не ги навредуваш моите проби.И на крај констатација која можеби не ја знаеш- идеална  звучна кутија не постои! Иначе би се правела само една димензија,еден терк,би немало толку фабрики ,конструктори,секојдневно нови модели,нови материјали,нови облици...Ако ова не си го знаел ,побарај и прочитај,дури и во Емитер имаше за тоа.

Кај што сум прашал,картонските цевки не ги даваат џабе.

Не постои звучник кој репродуцира 100% али зато има скап звучник кој репродуцира 95%, па нешто поефтин звучник кој репродуцира 90%,па уште поефтин кој репродуцира85% итд. Идеален звучник нема,али затоа знаеме кој е идеалот: жива музика. Тоа е мерилото за добар звук и тоа не е променето,ниту ќе се промени!Ако некој звучник е 80% блиску до живата музика,тоа секој ќе го препознае дека е 80%,независно од неговиот вкус за музика. Поентата на различните материјали и конструкции е како да се добијат тие 80% (или 90%) а звучникот да кошта помалце од претходно.

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Ако минеш низ Велес добиваш гратис цевки со различита должина и дебелина .Идеалот сите го знаеме: тамбурашки оркестар,ладен шприцер и бело вино( приоритет-Темјануга од Визба Наумчеви-Кавадарци+пржен тиквешки крап) и батали проценти-верувај им на ушите!

Offline borisq10

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 230
  • Gender: Male
значи пред тоа имав обична кутија колку само да го продам... ја направив кутијата од тебе батка 25,5 литри .. и да ти кажам право има мн мн разлика во звукот од предходната.. ти благодарам многу батка. само сакам да те прашам која должина цевка да ставам во 76мм дупката на кутијата  :) :)

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Прво,никаде не пишува дека мора да употребиш пластична цевка!За проба направи на тело 76 мм од обичен хамер во два три слоја   цевка со 400 мм должина.Залепи ја и укрути со обичен дрвофикс.Потоа вклучи го појачувачот и цевката вади ја сантим по сантим и крати ја.Слушај го звукот! Забележувај како се менува звукот и најди ја за тебе прифатливата звучна слика, која се менува со кратење на цевката!

Одговорот е некаде тука: најди или направи си цевка со тој промер и должина 400 мм,па почни со кратење-сантим по сантим! Пуштај иста песна ( од оној вид кој го слушаш),и ке заклучиш на увце која е идеалната должина.Ова најдобро оди со мезе,шприцер и двајца тројца другари/пријатели за кои веруваш дека имаат * уво* за музика!Можеш да *утнеш* од  прва,ама нема врска,може да се повтори дружењето повторно! По две три дружења веројатно ке најдете решение. :D :D