Author Topic: Трансмисија со Biema елементи  (Read 643 times)

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Трансмисија со Biema елементи
« Opened on 20.08.2012, Monday, 18:53:01 (Edited 20.08.2012, Monday, 18:55:32) »
За да го размрдаме Форумов мораме да бараме конструкции и проекти што ги прават и некои заљубеници во техниката надвор од Форумов.Еве еден приказ,идеа или веке направена конструкција од еден пријател,кој верувајте само ми побара звучници да купи од палетата на Биема ( едвај овие ги најдов  ;D ;D).Тоа се евтини звучници кои не би требало да чинат повеке од 2500 ден за пар,ако редовно ги купите .Напоменувам дека работава е * колку пари-толку музика *,а дечково има само толку пари ,колку го чинат кутииве.Значи,тој си ги направил кутиите и ми бараше звучници и свртници за нив .Кога му ги дадов звучниците не знаев за какви кутии станува збор,но тој ги направил и ме повика * на слушање*.
Прво ,ме изненади изработката од медијапан ( секоја чест на мајсторот,ке гледам да добијам и ставам една фотографија барем),а второ - добриот ,длабок и * стегнат* бас.Во просторија 3х4 м звучеа солидно( освен мало * крештење* на високите,кое треба да се намали со атенуатор од 2 отпорника или L-pad ( мислам дека имам еден пар).Најинтересно е тоа што долната фреквенција на високите е 1500 Хз ,па тој земал вредности од таблица за фреквенција од 1600 Хз /12 дб и ги * доработил* додавајќи 10% вредност на калемите и минус 10% на кондензаторите!!!! Математаички = 1750 Хз!!! :D :D :D :D :D
Е,сега,комбинирал доста кондензатори и дошол до некоја солуција на пресметаните вредности.Како и да е  - звукот му се бендисал и јас немам намера да го побивам! ::) 8)  Значи,еве од *ѓутуре* направени кутии кои ( сепак) солидно звучат!