Author Topic: Бас кутија со 15 RCF од Чаевац GA104  (Read 667 times)

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Бас кутија со 15 RCF од Чаевац GA104
« Opened on 24.05.2012, Thursday, 16:42:22 »
Случајно вчера добив еден бас 150W од бас кутија за појачувач Чаевац GA104. Го трампив за едно половно DVD плеерче ( со нов ласер) и ми испадна евтино.Со оглед дека звучникот е одличен,доста осетлив и прилично робусен веднаш се пристапи со пресметки ,цртање на парчиња иверка и слично.Се одлучив за оваа кутија поради големата ефикасност,големината и дизајнот.Еве неколку слики.Ако некогаш сакате да ја изработите ова шема,а имате проблем да свиткате 8 мм шперплоча,видете го ова решение кое два-три пати сум го пробал и не дава полоши резултати отколку со шпер плоча.Првите вакви кутии сеуште свират во Велешкиот театар  ;D ;D :Решив кутијата да биде до утре готова,бидејки имам намера со неа да озвучам една филмска премиера во црква во сабота.Црквата има фантастична акустика.Бинот ке оди директно позади платното,а двете 8 инчни средно/високотонски кутии ке ги поставам позади ушите на сушателите.Ке се работи со активна свртница Беринџер,долби-ц процесор и два Биема снагаши.ЦД-то е блу реј технологија со оптика до миксер и ЛЦД проекторот со 3200 анси лумени кој го добиваме на услуга од Инфо Медија системи.Еве некои слики на кои може да се види измената во конструкцијата .