Author Topic: Помош во врска со плочка од Вибра тон  (Read 1520 times)

Offline warningteam

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 292
Значи имам масажер Вибра тон (на топ шоп што се рекламираше едно време) на кој можеш да му ја подесиш брзината со која сакаш да те масира.. Е сеа финтата е што незнам ни јас како масажерот се расипа и викам ај да видам дали можам да го направам го уклучувам во струја (инаку преку адаптер работи 12В) и кога ја отварам плочката се изгледаше најнормално никаде изгорено го пипнувам интегралецот мраз ладен, кога го пипнав напонскиот регулатор и електролитскиот кондензатор беа изгор жешки.. па моето прашање е следно дали може затоа плочката да не работи и ако е за тоа  како да го сменам напонскиот регулатор кога тој нема никаква бројка нити буква означено за типот на регулаторот...

Offline Devil

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 5329
  • Gender: Male
    • Македонски форум за електроника
можеш да ги видиш околните компоненти за кој напон се предвидени да работаат, колкаво им е ограничувањето, провери по даташит за кој напон е интегралецот
така од прилика би дознал за што напон се работи, напонот ти се движи до 12V, така да од 5 до 12 некој напон е :)
најди исправно напојување прескокни го регулаторот и пушти 5V ако работи како што треба тој е напонот, ако не пополека (ама внимателно) зголеми го напонот се додека не почне да работи како што треба и ќе видиш кој напон е и таков регулатор ќе ставиш

ама прво провери кој е максималниот напон на останатите компоненти од колото за да знаеш до каде одиш да не изгори после се :)
Jас не сум себичен, помагам. Помагај и ти !

Секоја куќа си има свои куќни правила.Почитувај ги куќните правила!

Offline ZareBt

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 441
  • Gender: Male
Или види шо адаптер , колку ампери бара и купи си од пазаече, не вервам да е поќе од 100 ден  ;D
Најдобра струка--> ЕЛЕКТРО!

Offline warningteam

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 292
Ако не се лажам некаде адаптерот е 12 В 300мА

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 4080
  • Gender: Male
а да ги скокниш нив... т.е. да ги премостиш?

Offline warningteam

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 292
Да не биде дека не сум кажал што сум направил со масажерот дали успеа поправката или не..
Значи масажерот проработе, а советот го позејмив од бицикле! ( голема благодарност до него и до сите членови кој се ангажираа за да ми помогнат околу ова) .. :D

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 4080
  • Gender: Male