Author Topic: Совет околу кондензаторите на матичната..  (Read 2484 times)

Offline warningteam

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 292
Пред се незнам дали темава е за тука и дали е соодветен насловот ако нешто е погрешно слободно сменете, преместете..

Вака го отварав Кукиштето денес и кај што е рамот околу има електролитски кондензатори и сеа од кондензаторите имаше 3 "надуени" а се си работеше нормално и сеа го стиснав едниот кондензатор и се слушна звук ист како што е кога отвараме лименка и го пробив кондензаторот и викам нема шанси да работи сеа уклучувам се најнормално работи.. Па моето прашање е дали има некој ризик пошо кондензаторот е пробиен ?? Да го мењам ли или да терам со истиот ? Што мислите... ?

Offline Bojan

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 3235
  • Gender: Male
  • Turn it ON and keep it ON
би ти предложил да го смениш со некој друг кондензатор, зашто тој кондензатор е веќе отиден...ако го менуваш побарај некоја друга расипана матична и од нејзе да ги извадиш кондензаторите (ако се со иста вредност) дека тие се по квалитетни...
Теоријата е ,кога се знае се,а ништо не функционира.Праксата е кога се функционира ,а не се знае зошто.Ние во Македонија успешно ја спојуваме теоријата и праксата ,при што ништо не функционира и никој не знае зошто!!!
(позајмено од batka)

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Треба обавезно да ги смениш,инаку може напојувањето  да отиде или матичната!!

Offline warningteam

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 292
би ти предложил да го смениш со некој друг кондензатор, зашто тој кондензатор е веќе отиден...ако го менуваш побарај некоја друга расипана матична и од нејзе да ги извадиш кондензаторите (ако се со иста вредност) дека тие се по квалитетни...


Аии кој ке бара сеа матични ова она ке купам исти такви па колку траат нека траат..

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
 :D Тие кондензатори за матична не се ништо посебни! Ако се од 6,3V стави 10V,ако се 10V стани 16V или  25V  за секоја сигурност

Offline warningteam

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 292
:D Тие кондензатори за матична не се ништо посебни! Ако се од 6,3V стави 10V,ако се 10V стани 16V или  25V  за секоја сигурност

Mислам дека се 16 V

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12890
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Аии кој ке бара сеа матични ова она ке купам исти такви па колку траат нека траат..

Нема да одговараат исти, тие мора да се Low ESR кондензатори, а кај нас (во МК) такви има само на матични плочи (барем јас колку што знам).

Значи пази, не значи дека матичната плоча нема да работи ако ставиш обични (од продавница купени), најверојатно ќе работи, но можно е да се случи за многу кратко време да почне да зеза, иако кондензаторот можеби и не е надуен. Затоа се препорачуваат овие Low ESR кондензатори, за да не се јават такви проблеми ;).
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline donis92

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 512
  • Gender: Male
Јас кога менувам кондензатори на плоча, секогаш вадам од друга матична,што е отидена во чипсет.... мн ретко ставам обични овакви од продавница и до сеа океј е се
d.t

Offline TeslaPP

  • Нов член
  • *
  • Posts: 45
Сменувај ги сите што ти се подуени, не чекај друго да се зезне

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Јас кога менувам кондензатори на плоча, секогаш вадам од друга матична,што е отидена во чипсет.... мн ретко ставам обични овакви од продавница и до сеа океј е се

Правило : кога менуваш кондензатори стави нови ! За мали пари може да зезнеш плоча!! Никогаш на матична не ставајте стари делови ,односно кока менувате безусловно ставајте нови неработени делови ( еден електролит 1000мФ/10v е 4 денари,а од 16В е два денари поскап!!)

Offline Bojan

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 3235
  • Gender: Male
  • Turn it ON and keep it ON
не е за поскапо/поевтино, тие што се на матични плочи се со мнооогу помал ESR одколку кондензаторите што ги има кај нас...
Теоријата е ,кога се знае се,а ништо не функционира.Праксата е кога се функционира ,а не се знае зошто.Ние во Македонија успешно ја спојуваме теоријата и праксата ,при што ништо не функционира и никој не знае зошто!!!
(позајмено од batka)

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Не е точно! Не може да биде ок кога 2-3-5 години бил под напон и скоро 30% се со намален капацитет!! ESR тука не е критичен,туку се работи за староста на материјалот.Јас набавувам елкоси од Алфа од Бт. и досега стотина плочи сум реставрирал од мртвите со тие кондензатори.Гледајте секогаш да ставите елко со поголема волтажа бидејки тие одат подолго време и не * паѓаат* така лесно.

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12890
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Добро, затоа постои ESR метар, мерач на капацитивност, ќе ги измери, ќе види дали се навистина суви или не ;). Јас (скоро) секогаш ставам користени кондензатори, ем поради заштеда, ем поради тоа што навистина ми се покажало дека имаат помал ESR од било кои купечки. Имам мерено, на ваден кондензатор од матична плоча (стар, но исправен), ми јавува капацитивност од 980uF (на пример) и ESR скоро нула (толку и треба да биде ако е 1000uF/10V кондензаторот, не нула, ама треба да биде 0.1, 0.2ohm-ми максимум). Купувам нов (од продавница) кондензатор 1000uF/10V, некој Кинески (само тие се по 4 или 5 денари парче, како што спомна) ми јавува ESR 0.5, 0.6, а капацитивност, едвај 910uF... сигурно ќе го ставам на плоча тој вадениот, не овој Кинескиот ;).

А за тоа за напонот што спомна, со тоа се сложувам, подобро ставете со поголем работен напон (ако имате на располагање), без разлика дали се нови или стари. Тие штом се сподуле, значи дека некоја компонента влече повеќе струја или дека напонот на краевите на кондензаторот е „тука некаде“ (околу 8, 9V), така да, со поголем работен напон, само ќе му ја олесните работата на кондензаторот ;).

Исто така, често се случува да ставав и два кондензатори во паралела, место еден. И ова е одлична идеја. Првично, поради тоа што ESR на паралелната врска ќе се намали дупло (ако имаат ист ESR двата кондензатори, или ако им е тука некаде), што значи дека функцијата на тој кондензатор ќе се подобри ;). Друга причина е додавање на поголема капацитивност на места на кои теба. Понекогаш (зависи каде, не треба секаде) не е лошо да се постави и поголема капацитивност. Ова не ви препорачувам да го правите бидејќи треба малку искуство за да можете да почнете правилно да оценувате каде би имало потреба од поголема капацитивност, а каде не, но сепак, причината поради која го правам ова е таа. Производителите најчесто штедат на делови и простор, па не секогаш поставуваат компоненти какви што треба, или нините врености се на долна или горна граница :S. Единствен проблем е тоа што не изгледа естетски убаво, но јас барем, си го прашувам муштеријата, ако сака да му изгледа естстеки убаво, нема проблем, само ќе му ги заменам старите ;). Ако му е најбитно да му работи како што треба, ќе мупоставам два во паралела ;).
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline bore

  • Ентузијаст
  • **
  • Posts: 72
  • Gender: Male
Најбитно е да ги сменеш подуените кондензатори и да немаш проблем со матичната ;)

Offline SaleSk

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 434
  • Gender: Male
Во потполност се согласувам со GigaWatt.
Мо незнам со каков ESR метар мериш...Јас тој што го имам дава прецизни резултати за електролити од 1 до 200 микрофаради, а понекогаш поминуваат и оние што се многу исушени, до 470 микро. Тие од 1000 па и повеќе микро можеш од старт да ги уловиш на осцилоскоп...Друго едноставно решение не гледам.

Тие штом се сподуле, значи дека некоја компонента влече повеќе струја или дека напонот на краевите на кондензаторот е „тука некаде“ (околу 8, 9V), така да, со поголем работен напон, само ќе му ја олесните работата на кондензаторот ;).

Поголем работен напон може да му дојде само од смрдливото напојување кое ке се стави во куќиштето...Затоа како најскап дел треба да биде тоа, а не матична или графичка или процесор. Значи на напојувањата нема поголем напон од 12 волти...Електролитите кои се со вредност од 6.3 волти се за 5 волти, а оние од 16 волти се за 12 волти...Нема потреба од ставање на кондензатори со поголем работен напон. Тие веќе се дизајнирани и се предвидени да работат на тие напони, а се поставени на плочите со минимум 20% поглем напон од работиниот што е и многу повеќе од доволно...
Е сега квалитетот не го зимам како фактор...
:)
А кај нас се продава 99% кинеска роба така да се ви е јасно. Инаку и тие електролити на плочите се кинески, со тоа што поминале некоја одредена контрола на квалитет...
И ја сум како batka секогаш да се ставаат нови делови. Но како што реков заради квалитетот и потеклото на истите понекогаш може да се направи разумен компромис...

p.s. ЗАМЕНИ ги електролитите што се подуени обавезно...Притоа провери го напојувањето бидејќи претпоставувам дека ти е некое чкартовско од типот на Делукс...90% сум убеден дека и таму имаш некаков проблем.!
Имаш на форумов и туторијал како да ги замениш кондензаторите на плочата.
Поздрав
Душевно болниот човек никогаш не напаѓа без причина. По тоа се разликува од нормалните луѓе.
Keyboard not found...Press F1 to continue...