Author Topic: Супер хипер греач РУСКА ПОДМОРНИЦА  (Read 10906 times)

Offline SaleSk

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 434
  • Gender: Male
Мислам дека направивте една голема грешка не познавајќи го човекот. Мислам дека немаше потреба од такви реакции.
Ке поставам само едно прашање на кои многу им е чудно и не им е познато, а за сметка на тоа се подсмеваат.
Како клима уред, топлинска пумпа, од 1,2 kW (декларирана со потрошувачка) има моќност односно испорачува моќност од 3,2 kW за ладење и 3,6 kW за греење?
Значи сме вложиле помалку а сме добиле повеќе?

Исто така овој кано систем со  помалку вложена моќност испорачува поголема (за сметка на соединението кое се наоѓа во целокупниот систем), а вам ви е тоа чудно?
Сепак ќе речам дека ова е типичен македонски синдром.
Дали компаниите кои ги произведуваат топлинските пумпи или клима системите ги презентирааат своите пресметки, формули и равенки кога го пласираат својот производ и притоа прават опис за истиот?
Одговорот е НЕ.

Дали ако некој ја спомна руската подморница, која се продаваше и на ауто пазар практично врши реклама на истата? Чудно, но не...

Мислам дека стварно нема смисла за таков настап кон секој кој ке дојде на форумов и ке презентира нешто.
Јас лично имам видено многу монтирани овакви системи кај пријатели кои се задоволни и немаат забелешки.
И мислам дека нема потреба да велиме дека нештото е украдено, превземено итн, туку конкретно беше објаснето дека соединението е составено од 18 различни состојки. Дали е тоа сода бикарбона која се користи кај останатите слични системи? НЕ. Дали кока кола ја кажува својата тајна? Не...
Дали е образложено дека овој уред е изработен од материјали, односно катодата и анодата му се од материјал кој не се аби? ДА.
Дали ова се податоци различни од оние со кои го споредувате? Нормално дека се. Незнам дали темата ја читавте од самиот почеток, но изгледа дека ги читате оние делови за кои сакате да барате само небитни објаснувања.
Елем, јас разбрав дека за да работи овој систем треба фреквенцијата да биде повисока. Значи хемиската реакција која ке се одвива односно струјата која ке протече низ соединението треба да биде со повисока фреквенција. Зошто имаше потреба од натегање во врска со герцажа, гњаважа, минутажа итн итн.
За мене небитно..
Елем ме интересира дали некој знае како работи магнетна резонанса? Дали некој знае зошто различната фреквенција различно влијае на водородните атоми во телото? Дали фреквенцијата на брановите различно го загреваат телото? итн.

Благодарам на одговорите, на сите оние кои конструктивно учествуваа во темата и на сите оние кои само ја разнебитија темата и целата дискусија :)
Како и вообичаено.

Јас ги почитувам сите оние кои кои и барем малку допринеле нешто ново да се случи кај нас. Па макар тоа биле и пекари кои направиле ново лепче...
Слично на изглед како и она русконо , само со друг зарзават.
 :-*
Душевно болниот човек никогаш не напаѓа без причина. По тоа се разликува од нормалните луѓе.
Keyboard not found...Press F1 to continue...

Offline MURO

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 152
Одг: Супер хипер греач РУСКА ПОДМОРНИЦА
« Reply #61 on 30.01.2014, Thursday, 22:27:55 (Edited 30.01.2014, Thursday, 22:56:12) »
Quote
Како клима уред, топлинска пумпа, од 1,2 kW (декларирана со потрошувачка) има моќност односно испорачува моќност од 3,2 kW за ладење и 3,6 kW за греење?
Значи сме вложиле помалку а сме добиле повеќе?

Еве како: Нормално кај клима уредот оној дел што е внатре работи како испарувач а оној што е надвор работи како кондензатор. Исто како кај ладилник, внтре кај што ја ставаш лубеница е испарувачот а онаа црната решетка надвор е кондензаторот. Испарувачот е ја одзема топлината од лубеницата и ја предава на кондензаторот. Така лубеницата се лади а топлината од лубеницата поминала во собата. Кај климите-ИНВЕРТОР улогите на испарувачот и кондензаторот може да се изменат (инвертираат, затоа и се вика така). Значи сега, надвор е испарувачот а внатре кондензаторот. Испарувачот го лади ладниот воздух надвор а топлината одземена од тој воздух ја праќа во собата. Оладениот надворешен воздух сега станува уште поладен затоа што дел од неговата тполина поминала во собата. Тоа е една варијанта. Втора варијанта е наместо ладен воздух да ладиш вода. Водата од голема длабочина има загарантирана температура од најмалку 4 целзиусови степени. Така, со ладење на оваа вода на кондензаторите (радијаторите) се добиваат 70 степени а заштедата е голема затоа што топлината се префрла од водата вантре. Пример: Во новото средно електротехничко училиште во Илинден, луѓето копаа 80 метри за да дојдат до вода со температура од 4 степени за да работи топлотната пумпа (монтирана од XXX) ..кога... види... тие извадија вода со постојана температура од 16 степени. Па сега рачунај колку поголемо количетво топлина по литар има оваа вода и која е заштедата. Точната заштеда неможе никој да ја каже (затоа што не се грееле на класичен начин) но се шпекулира со бројка од 50% заштеда. Кај кано-системи имаш затворен систем во кој се произведува повеќе топлотна енергија одошто се вложува електрична и никаква друга. Значи, неможе да ме убеди никој дека тоа функционира. Значи, дечко.. дај ни објаснување валидно и ќе ти веруваме. Ова твоево се само пароли.



Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
СалеСК,проблемот е токму тоа што некои од Форумов очигледно го знаат човекот па почна дискусијата во таа насока.Јас кажав дека секој на Форумов има право на  мислење. Значи секој си го кажува неговото мислење.Каносистеми се впушти во расправа со некои негови аргументи,кои за жал не беа прецизни и убедливи за повеќето колеги.Но,јас не реагирав за тоа ,туку поради неговите замерки дека е навреден.Значи,тој се осети  навреден  и  се изјасни дека не сака да сподели проект во кој вложил време  и пари.И тоа е во ред,негово право.И поради сето тоа ќе го напушти Форумот.И тоа е негово право!Значи,мое право како модератор е да ги застапувам правата на сите на Форум.Не сакам лично да се впуштам во давање на оцени кој што напишал,зошто напишал...но факт е дека не гледам никаква лична навреда упатена на сметка на Каносистеми.Јас само околу тоа се изјаснив.Другото  е само нечиј личен поглед на темата.

Offline SaleSk

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 434
  • Gender: Male
Еве како: Нормално кај клима уредот оној дел што е внатре работи како испарувач а оној што е надвор работи како кондензатор...........        . Кај кано-системи имаш затворен систем во кој се произведува повеќе топлотна енергија одошто се вложува електрична и никаква друга. Значи, неможе да ме убеди никој дека тоа функционира. Значи, дечко.. дај ни објаснување валидно и ќе ти веруваме. Ова твоево се само пароли.

@MURO
Благодарам што ми објасни накратко како работат топлинските пумпи односно инверторите и покрај тоа што многу добро го знам принципот на нивната работа.
Само незнам зошто таа релација не ја поврзеш со кано - системот?
Зошто (директно или индиректно) не сваќаш дека е тоа соединение??? Дека не е вода? Течењето на струја помегу анодата и катодата предизвикува хемиска реакција која што оддава топлина...Толку ли е тешко тоа да се разбере?
Ете ти најпрост пример со коцката негасена вар! Со тоа што таму нема што да ја продолжува, односно оддржува реакцијата, заради х хемиски процеси, а во овој случај имаш константно течење на ел. струја која има задача да ја одржува таа хемиска реакција. Фреквенцијата е задолжена за брзината на движење на молекулите во соединението. Кој состојки се во тоа соединение е тајна, а и не ме интересира.
ДОколку се зголеми фреквенцијата во тој случај таа директно влијае врз брзината на движење на молекулите. Про позабрзано движење имаме и оддавање на поголема енергија. Да не навлегуваме подлабоко, ова е сосема доволно.

@batka
Се слагам со тоа што го кажуваш. Апсолутно си во право. Секој има право да се почувствува навреден, но не е фер некого да го напаѓаме заради термини (можеме да му укажеме на тоа, а и мислам дека од страна на членот беше објаснето зошто се употребени токму тие народски изреки), заради тоа со што се бави и заради тоа што се обидува да прикаже вистинска слика за која што одредена група на луѓе не се согалсуваат со тоа и на еден начин се подсмеваат (ставете ваков систем и сметките ке ви бидат хипер исто како и насловот) Мислам дека оваков начин на изразување е безобразен и потекнува од домашна некултура и воспитување.

На форумов има луѓе кои ги ценам и почитувам, но има и такви кои се навистина безобразни и провоцираат на голем дел од темите со своите коментари.
Тоа е право на секој член, не сакам да се мешам во тоа, и се трудам максимално коректно да ги образложувам работите.
Да не бидам погрешно сватен, но се обидувам да им докажам натврдоглавите дека освен топлинските пумпи постојат и други извори на топлинска енергија кои за вложено малку може да понудат двојно повеќе. Мислам дека секоја натамошна дискусија ке биде само бранење на его и полемизирање во празно бидејќи повеќе од јасно е како функционира и едното и другото набројано за кое дадов кратко образложение - Кано и топлинската пумпа.
Ако некој мисли дека не сум во право и дека тоа со хемискиот процес не е точно, бујрум нека ме побие.
Благодарам на вниманието :)
Душевно болниот човек никогаш не напаѓа без причина. По тоа се разликува од нормалните луѓе.
Keyboard not found...Press F1 to continue...

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Сале СК,батка,не знам дали си и во кскви односи си со каносистеми ( не ми е битно) и твое право е да го браниш (илинапаѓаш-условно речено).Значи ,каносистеми започна со *народски* изрази ,на што реагираа некои членови,но јас лично не видов тој со формулиили некој емпириски докази да го убеди поголениот дел од Форумот во своите тврдења.Уште и реакцијата беше дека Администрацијата не го заштитила од навреди.Никој од нас не виде лични навреди ,какви имало на некои темиипостови во други рубрики и во друго време,па затоа не реагиравме ,амиоставивме дискусијата да тече.Е,сега после изјавата дека тој не е спремен со Форумот да ја сподели свијата теорија,работа,изум или како да ја наречеме направата или теоријата за топлинскиот изменувач,кој тој сија прави и продава ( по негово кажување),негово е  право дали ке замине или остане,иако гледам дека ипокрајизјавата повторно се вклучува на Форум.Мене лично не ми смета ,ниту пак влегувам во полемики,иако како и на некои други ми заличи неговата дискусија како вид на самореклама.Но,сепак тоа не значи дека ние го бркаме од Форум,напротив,ако сака бидејќи е прозван,нека ги оправда своите ставови со аргументи и нека внесе позитивна енергија,па можеби ке го сменат повеќето своето мислење.

Offline Z31GH

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 714
  • Gender: Male
Одг: Супер хипер греач РУСКА ПОДМОРНИЦА
« Reply #65 on 31.01.2014, Friday, 06:38:53 (Edited 31.01.2014, Friday, 06:59:23) »
@ batka
Околу народните изрази....Додека студирав на машински, на испит ако напишев Радилица наместо коленесто вратило или Дребонг наместо универзален струг....Додека е жив професорот нема да положиш на неговиот испит.  А не е само еден професор. Замисли кај сите да пишеш народни изрази. Многу строг беше и професорот по електротехника, а тој беше и стрсаен ловец. Ако кај него напишев херцажа....сигурно ќе ме застрелаше  :o
Да не ме разбере господинот кано погрешно, со последната порака му се обратив на батка. А што се однесува до господинот кано, се согласувам со батка дека кано треба да внесе малку позитивна енергија на форумот
Hams do it! With Frequency

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12890
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Одг: Супер хипер греач РУСКА ПОДМОРНИЦА
« Reply #66 on 31.01.2014, Friday, 08:06:19 (Edited 31.01.2014, Friday, 08:08:18) »
Дали компаниите кои ги произведуваат топлинските пумпи или клима системите ги презентирааат своите пресметки, формули и равенки кога го пласираат својот производ и притоа прават опис за истиот?
Одговорот е НЕ.

Да, ама не се ни регистрираат на форумов и не пробуваат да не убедат дека нивниот систем е најдобар ;). Си има поле за реклама на форумов, ако сака да се изрекламира, нема проблем, рекламата е прилично евтина на годишно ниво (кој сака да се информира за цена, нека не контактира), ќе има шанса да си го рекламира својот производ на форумот ;). До сега, никој не не контактирал, а еве, очигледно има и поедицни кои поседуваат фирми и си ги рекламираат, на некој начин своите производи. „Мојот систем/производ не функционира како останатите системи, мојот е подобар, поекономичен...“... што е ова ако не реклама ;D?

Дали ако некој ја спомна руската подморница, која се продаваше и на ауто пазар практично врши реклама на истата? Чудно, но не...

Не, не врши, само ја спомнува и бара или нуди мислење за неа. Знаеме кои се членови сопственици на фирми на форумов, барем за оние кои имаат пишано по некое мислење... а и остатокот од членовите знаат, не е тоа баш некоја тајна, најчесто и nick-овите им се името или дел од името на фирмата ;).

И мислам дека нема потреба да велиме дека нештото е украдено, превземено итн, туку конкретно беше објаснето дека соединението е составено од 18 различни состојки. Дали е тоа сода бикарбона која се користи кај останатите слични системи? НЕ. Дали кока кола ја кажува својата тајна? Не...

Па тогаш нема потреба да го презентираш системот на форумов ;D. Тоа е исто како некој да ти даде црна кутија и да ти рече дека може што сакаш да направи кутијата, ама дека не смееш никогаш да ја отвориш и да видиш што има во неа ;D. Јас прв ќе паднам на предизвикот, си признавам, сакам да знам што има во неа ;). Нема поента да презентирам нешто, ако не планирам да споделам како сум го направил. „Моето е најдобро, до сега нема никој вакво нешто направено, ама не ви кажувам како сум го направил“. И што? Јас некој ќар имам од тоа? Нешто повеќе сум научил? Побогат сум за некое знаење повеќе? Не, баш напротив, само сум цел во прашалници ???.

Дали е образложено дека овој уред е изработен од материјали, односно катодата и анодата му се од материјал кој не се аби? ДА.

„Ви кажав нешто, колку да не испадне дека мојот систем навистина е ист како и сите останати, ама не ви кажувам до крај“. Пак ништо не сум научил. И сега? Што, и јас треба исто како него да се зезам 10 години да експериментирам и за да дојдам до истите 18 состојки? Има поента да го правам ова? Не, нема. Поентата е јасна, се разбира дека немам време и јас го правам тоа, затоа, што ќе се замарам, ќе го нарачам од него. Пак е реклама ;). Те намамувам со давање на нецелосни информации за да го купиш мојот систем ;).
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline TimElektronik

  • Нов член
  • *
  • Posts: 26
ДОколку се зголеми фреквенцијата во тој случај таа директно влијае врз брзината на движење на молекулите. Про позабрзано движење имаме и оддавање на поголема енергија.


Сале
Во тој случај ке имаш константно иста потрошувачка на електрична енергија без разлика на тоа колкав простор ке загреваш и колкав котел ке треба да промениш.Значи мењаш фреквенција и загреваш 200 квадрата со 7 литарско котле.После мењаш фреквенција и со истото загреваш 300 квадрата затоа штоп молекулите се многу брзи поради промената на фреквенцијата??Молекулот не е склон кон промени без разлика на надворешни дејствувања.Атомот е тој што ги прави промените.......
Нема врска,ионака се откажувам од понатамошна дискусија зашто изумителот на овој строј не е спремен да образложи ништо повеке и да ја брани до крај тезата,а пошто и ти сам се изјасни дека до крај не знаеш баш како ова функционира a не знам ни јас зашто нема кој да ми објасни нема потреба да се натегаме ;)
Поздрав до сите и имајте пријатен ден.....

Offline SaleSk

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 434
  • Gender: Male
Со секоја почит кон вас дечки но мислам дека не ја разбравте поентата на моите постови.

@batka
Tи реков дека си во право, немораше да навлегуваш во објаснување зошто и како.

@GigaWatt

Дали мислиш дека изумот на кока кола ке го најдеш на некој форум?
Јас никаде не видов по постот некој да побара и даде конкретно мислење за руска подморница освен рекла казала чаршиски муабет дека е сра*е и дека троши дупло повеќе од ова или она итн итн.

И мислам дека нема потреба да велиме дека нештото е украдено, превземено итн, туку конкретно беше објаснето дека соединението е составено од 18 различни состојки. Дали е тоа сода бикарбона која се користи кај останатите слични системи? НЕ. Дали кока кола ја кажува својата тајна? Не...

Па тогаш нема потреба да го презентираш системот на форумов ;D. Тоа е исто како некој да ти даде црна кутија и да ти рече дека може што сакаш да направи кутијата, ама дека не смееш никогаш да ја отвориш и да видиш што има во неа ;D. Јас прв ќе паднам на предизвикот, си признавам, сакам да знам што има во неа ;). Нема поента да презентирам нешто, ако не планирам да споделам како сум го направил. „Моето е најдобро, до сега нема никој вакво нешто направено, ама не ви кажувам како сум го направил“. И што? Јас некој ќар имам од тоа? Нешто повеќе сум научил? Побогат сум за некое знаење повеќе? Не, баш напротив, само сум цел во прашалници ???.

Незнам кој не ти нуди црна кутија? Сите кои имаат некој изум и кој е патентиран не го презентираат тоа до детал, поготово на јавен форум. Мислам дека никој не спомна дека неговиот изум е најдобар, туку дека е многу различен од претходно наброените и дека не е вистина дека троши дупло повеќе електрична енергија.
Сепак тоа не ентузијастички склопен лед ву метар направен во еден примерок, туку комплетен комплексен уред од кој живеат неколку фамилии. Значи фирма која се бави со производство и монтажа на уреди од кои сите вработени си ја вадат платата и лебот.

@Z31GH

Многу добро ги познавам дел од професорите на електротехничкиот факултет.
Посебно професорот по физика Толев, некој си професор по сметачки машини, математика, кои и во тоа време мислеа дека ако се професори, го фатиле господ за онаквото.
Истите тие не мрднаа од позиција професори, истите тие предаваа ист материјал од како се запослиле до ден денес, истите тие не воведоа ни една новина во нивното предавање...
Дали некогаш си имал прилика да седиш на маса во кафеана со такви професори? Да имаш прилика да слушнеш како тие разговараат народски? Да видиш колку уствари тие надвор од нивното зацртано предавање тие немаат благе везе? Да, пак ке речам истите тие останаа само професори, а за разлика од нив, еден куп луѓе кои се откажаа од факултетот, електротехнички, денеска се успешни инжинери во друга област, или пак електротехника, благодарејќи на  истите такви. Факултет завршија некаде надвор, станаа експерти во својата област а закоравеноста како кај нашите професори никогаш немаа потреба повеќе да ја осетат. Таквото однесување на дел од професорите се вика фрустрација, а она што им го прават на студентите е лечење на истото.

После мењаш фреквенција и со истото загреваш 300 квадрата затоа штоп молекулите се многу брзи поради промената на фреквенцијата??Молекулот не е склон кон промени без разлика на надворешни дејствувања.Атомот е тој што ги прави промените.......

Повторно ги читаш само оние работи кои тебе ти се интересни и за кои сакаш  некој да ти ги сервира на тацна. Благодарам што ме исправи дека тоа не се молекули него атоми. Инаку незнаев дека соединенијата се составени од неколку супстанци кои пак се составени од молекули на елементи кои пак се составени од атоми. Тоа не е коректно. Ако добро ги прочиташе моите коментари ке видеше дека кажав дека не сакам да навлегувам подлабоко во анализите и објаснувањата, односно да не навлегувам што точно се случува во молекулите, односно атомите од кои молекулите се составени, односно што се случува со електроните во последните енергетски нивоа на атомите или како се прераспределуваат во орбиталите, односно како заради зголемената брзина надвижење има избивање на електрони а со тоа и ослободување на огромна енергија која резултира топлина итн итн итн итн....


p.s.
Да не ме разберете погрешно, но јас навистина никаде не го увидов тоа дека кано се рекламира, туку дека настапи во одбрана на нешто за кое што беше прозван.
Човекот ве повикува јавно за да ви презентира нешто на лице место. Незнам зошто постојано се обидувате да го извртувате муабетот.
На крај краева дали некој сака да пие кока кола, или ке се грее со кано систем, или не сака да верува во топлинските пумпи, тоа е негова работа. Секој си има свое право.
Моето мислење е дека понекогаш се претерува на форумов. Но тоа е мое лично мислење како што вашето за некој мислења е спротивно .

Имајте убав и прекрасен ден исполнет со љубов и прекрасни мигови  :-* :-* :-*
Душевно болниот човек никогаш не напаѓа без причина. По тоа се разликува од нормалните луѓе.
Keyboard not found...Press F1 to continue...

Offline TimElektronik

  • Нов член
  • *
  • Posts: 26
Сале
Не ја терај дискусијава во друг правец.Изумов не е твој и не очекувам од тебе ништо да објасниш и појасниш зашто самиот кажа дека не знаеш како функционира зашто не ги знаеш состојките на кои котелолт работи.Ако не ги знаеш состојките како можеш да тврдиш дека реакцијата која се провоцира кај нив со помош на струјата дава поголм коефициент на топлина од останатите решенија??Мислам стварно не разбирам како можеш да браниш нешто за кое не знаеш како функционира??И пак ке ти кажам дека молекулите немаат врска во овој случај и остај ги на страна.Не дискутираме за честички уку за процес кој со помош на струја дава топлинска енергија многу повеке од останатите решенија на пазаров кои се нудат насекаде а овој систем никаде го нема.Прашањето е КАКО??Значи не навлегуваме во тајните на рецептот за супата на кој котелот работи туку на принципот.Ако некој толку сака да види внатре во котелот тоа и ке го направи.Има лабаратории кои лесно ке откријат кои состојки ги има,која тоа реакција се случува и која е предноста од овој систем кој ако бил толку добар колку што се трудите да го одбраните{А не знаете ако функционира ни па што има внатре} мене ми е криво што го немам.Значи остај молекули и квантна физика која и ти не ја разбираш туку остај го кано да објасни повеке за НЕГОВИОТ систем.

Offline SaleSk

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 434
  • Gender: Male
Значи остај молекули и квантна физика која и ти не ја разбираш туку остај го кано да објасни повеке за НЕГОВИОТ систем.

Токму за тоа зборувам. Гледаш, ти мислиш дека некој не ги разбира работите, а од каде донесе таков заклучок? Значи упорно тврдиш нешто за кое не знаеш. Јас ке кажам сега дека ти немаш никаква врскасо електроника зошто не ја разбираш, истото важи за и за хемија и физика и ке  те замолам да одиш на форумот фемина бидејќи изгледа ги разбираш тие работи.

И убаво рече. Кано да си го објасни неговиот систем.
Јас само ти посочив нешто за да можеш да го разбереш, а ти навлагаш во полиња за дискусија за кои немаш ама апсолутно никакво разбирање.
Поздрав
Душевно болниот човек никогаш не напаѓа без причина. По тоа се разликува од нормалните луѓе.
Keyboard not found...Press F1 to continue...

Offline TimElektronik

  • Нов член
  • *
  • Posts: 26
Па јас барам објаснување како нештото функционира затоа што не ми е јасно.Ти три поста подоле кажуваш дека не знаеш што тоа има внатре и како работи а тука дрндаш за молекули и атоми кои си ги сретнал во петто одд.

Јас сега ке кажам дека ти апсолутно никаква врска немаш ни од хемија ни од физика а најмалку од електроника и можеш да оди на кајгана заедно со кано зашто изглеа таму може да убедите некого да верува во ништо.
Ја цело време викам Кано да објасни за неговиот систем а ти влетуваш да објаснуваш нешто за кое немаш апсолутно никакво познавање.
Поздрав

Offline Devil

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 5329
  • Gender: Male
    • Македонски форум за електроника
@ TimElektronik, @SaleSk

Престанете, Tim немој да донесуваш заклучоци дали има или нема разбирање поради твое лично мислење.
Jас не сум себичен, помагам. Помагај и ти !

Секоја куќа си има свои куќни правила.Почитувај ги куќните правила!

Offline TimElektronik

  • Нов член
  • *
  • Posts: 26
А според чие мислење тој донесува заклучоци???

Offline 007

  • Нов член
  • *
  • Posts: 36
Многу теми завршуваат на овој начин. Еден куп препукувања, а ништо во врска со темата.