Author Topic: ми треба помош за составување на шеми  (Read 2129 times)

Offline Cobe

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 245
  • Gender: Male
Cobe сега ти го корегирав насловот бидејки ти ја игнорираше препораката ама за во иднина мисли му ја. Најдобро да ги прочиташ правилата за да не ги повторуваш грешките

во ред.
Биди упорен , се ќе си дојде во свое време!

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
До сеа ми е јасно што како , научив да праам обични шеми со Sprint Layout сеа не ми е јасно , дали лепењето на плочата и ставањето во киселина (незнам каква) треба во домашни услови

Прво набави каширан пертинакс или витропласт со бакарна превлака од едната страна.На бакарната страна нанеси го изгледот на печатената плоча што сакаш да ја направиш.Можеш едноставно да ја нацрташ со маркер (водоотпорен фломастер),да ја пренесеш со трансфер метода ( од ласерски печатар на глоси хартија) .Значи битно е бакарните водови да бидат на некој начин заштитени,а оној непотребниот дел од бакарот да биде отворен.Во домашни услови,на проветрено место, стави ја во пластичен или керамички сад ( никако метален!) плочката,залиј ја со обична солна киселина ( онаа за санитарии) и дополни со водороден пероксид ( или хидроген 9 или 12%).Односот е -3:1 ( киселина : хидроген)Промешувај го растворот со дрвена или пластичена лажичка и за 10-15 мин тој ке потемне до темно зелена боја.Полека ке го снема бакарот што не е заштитен и ке остане само заштитениот дел.Внимавај,се работи со киселина ,а во растворот се ствара топлина.Работи со гумени нараквици и пази ги очите.Кога вишокот бакар ке остане во растворот,испери ја со вода плочката и одстрани ја заштитата со разредувач или механички со шмиргла.Потоа избуши ги отворите за елементите ,најчесто со бургија 1 мм,па потоа леми.

Offline Cobe

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 245
  • Gender: Male
Во врска со со трансфер методата , како црното од гласи хартијата останува на бакарната страна од плочата
Биди упорен , се ќе си дојде во свое време!

Offline Malecko

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 3059
  • Gender: Male
Во врска со со трансфер методата , како црното од гласи хартијата останува на бакарната страна од плочата
Види го клипчево ќе ти се разјасни колку толку DIY Printed circuit board
If you're good at something, never do it for free... -Joker

Offline Devil

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 5329
  • Gender: Male
    • Македонски форум за електроника
се пегла со пегла за алишта пеглање :)
ја ставаш хартијата на плоча ја прицврстуваш со лепило на краевите (по малку, пази да не ти се залепи за пегла после) и притискаш силно на така поставената хартија, пазиш при тоа да не ја измрдаш хартијата, држиш 15-20 секунди, после полека со мали притискања пеглаш преку цела плоча, ама пак пази да не ја изместиш или искинеш хартијата, ова работиго уште 1 минута и после полека одлепија хартијата од плоча, треба тонерот да е префрлен на плоча
ако има негде пропусти со перманентен маркер поправи ги (нацртај линија кај што фали)

после набави солна киселина од она за домашна употреба и побарај по аптеките хидроген пероксид (јас користам 36%), во пластичен сад, значи мора да е пластика, каде ја бери плочата тури малку вода, ставија плочата, водата треба едвај да ја покрива плочата, потоа дотури киселина колку да се покрие плочата и да има малку над неа и после дотури малку хидроген, значи многу малку, ќе настане реакција и ќе почне да се нагризува бакарот, ова работи го во добро проветрена просторија пошто се ослободуваат гасови кој се штетни :)

нишај го садот од време на време да нема меурчиња одозгора на плочата, дотури уште малку хидроген ако оди споро, ама немој да претеруваш :)

пази овај раствор е нагризувачки, ако ти капне по облеката остава трајна флека која не се чисти и немој да ставаш рачен алат во растворот пошто ќе го нагризи :)
набави си пластична пинцета, или клешта со која што ќе ги вадиш плочите, може и со раце ама пошто си почетник, земи си нешто за напомош :)

после само убаво измија ја плочата и со помш на астра (челична волна) за садови миење истриј го полека тонерот од плочата, да се појави бакарот

пред да ја пеглаш плочата, убаво исчистија од мрснотии, со астра земи поминиа, да свети плочата :)
Jас не сум себичен, помагам. Помагај и ти !

Секоја куќа си има свои куќни правила.Почитувај ги куќните правила!

Фала , ми помогна ова