Денес ми донесоа за сервисирање еден апарат за коцкање APEX кој имаше проблем со графиката (chipset-от конкретно
north bridge -северна единица) и бидејки имав повеќе слободно време се решив да направам еден туториал кој се надевам дека ке ве упати во прелемување на овие процесори.
Во казината овие апарати работот 24 часа, кој со тек на време од греење на пиновите на BGA процесорот се јавуаат ладни лемови односно на калај топчињата се создават воздушни пори кој создаваат лош контакт или прекин на пинот на процесорот,со што се губи сликата или се јавуваат некој вертикални линии коцки секакви пореметувања на сликата
Истиве проблеми можат да се појават и на матичните плочи на дестоп компјутерите,графичките карти,лаптопови и други уреди.
Не е добро само да се загрее BGA процесорот за да се стопи неговиот калај така може да проработи ама за некое време пак ке го јави истиот проблем.
Потребен материал и алат:
На сликата е сликан основниот алат кој ни е потребен да прелемиме еден BGA процесор.
SMD фен кој дува топол воздух добро е и да се има и предгрење кое се поставува под плочата за да ја загрее до 120 степени па потоа со фенот да го догрееме процесотор до 220 степени,ама може да се прелеми и без предгреење.
Леткуми: за побрзо да оди работата јас користам два леткуми ERSA та ја користасм за чистење на калајот од плочата и прочесорот која имам посебен врв поголем и рамен за полесно собирање калај и да не се оштети плочата и прочесорот а WELLER от кој има пошпицаст врв го користам за ситни корекции
Вакум пенкалото се користи за вадење на процесорот од плочата кога ке го одлемуваме не пробувајте да го вадите со пинцети или некое мало штравцигерче бидејки може да се оштетат пиновите на процесорот или пак лемните места на плочата
IR термометарот се користи за мерење на температурата на на BGA процесорот која несмее да биде поголема од 220-230 степени
Потрошен материал:
-флус за чистење
-фукс за лемење BGA
-плетенка за собирање калај
-калај
-калак кугли
-спреј за чистење на флуксот
-алуминска фолиа
Поцнуваме со работа
Најпрвин го вадиме ладилникот кој е поставен на процесорот и околните пластики кој можат да се стопат при одлемувањето.
Потоа со помош на алуминската фолиа ги заштитуваме пластичните конектори кој се околу процесорот.
Ставаме флукс околу процесорот и поцнуваме со загревање прво го загреваме процесорот и околината околу него до 120 степени затоа и служи предгреењето кое се става под плочата оваа температура ја мериме со IR термометарот кога ке се постигне оваа температура за една до две минути треба да го загрееме до 170 степени (мериме температура) кога ке се постигне оваа температура отприлика за една минута треба да го загрееме до 220-230 степени (мериме температура) кога ке ја постигне оваа температура со помош на вакум пенкалато го вадиме од плоча процесорот и го оставаме да се лади отприка температурата треба да пага 6 степени на секунда.
При греењето може да се подуе некој електролит и да истече кој ке треба да се замени,на оваа плоча ми се подуја 2 кондензатори
Кога ке се олади процесорот и плочата започнуваме со чистење нанесуваме флукс за чистење и со помош на нов калај го собираме стариот. Кога површно ке ја очистиме плочата и процесорот од стариот калај со помош на плетенката за собирање на калај ги чистиме детално плочата и процесорот нетреба да има нерамнини треба целиот калај да се извади од кога ке исчистиме детално со помош на спреот за чистење го чистиме флуксот.
Од кога се ке се очисти процесорот го премачкуваме со тенок слој флукс кој е наменет за лемење на BGA процесори потоа почнуваме со поставување на нови калај топчиња,за да знаеме колкави топчиња треба да поставиме потребно е да најдеме datasheet за делот,со тек на искуство уште кога ке го видите процесотор ке знаете колкави калај топциња ке треба да се стават.
Конкретно за овој тип на процесор немав сеалка за топчиња па морав рачно да ги местам доста е макотрпно да се местат рачно треба да се има живци и смирена рака.
За неколку дена ке ви објаснам како да работите и со сеалка со која е многу лесно и за една минута се нанесуваат топчињата.
Откога ке ги наредиме топчињата прво правиме инспекција да не има некој споени топчиња дали се сите убаво подредени ако се е во ред со помош на дувалката ги растопуваме топчињата калај
крајниот резулат би изгледав вака
Кога ке се стопат топчињата калај процесорот го оставаме да се олади за тоа време нанесуваме тенок слој на флукс на плочата каде што ке треба да се залеми процесорот.
Кога ке се олади процесорот го поставуваме на плочата има репери со бели линии каде теба точно да стои кога ке го наместиме започнуваме со греење истата постапка како за вадење.
Откако ке го залемиме оставаме да се олади плочата,кога ке се олади започнуваме со чистење на горните делови на кој треба да лежи ладилникот и премачкуваме со нова термопаста.
Ако сме направиле се како што треба уредот ке работи без никакви проблеми.
Ова е накратко за прелемување на BGA процесори,се најубаво и успешна работа.