Author Topic: Туторијал за поврзување на пакетите од микроелектроника со пакетите на микрочип  (Read 948 times)

Offline Devil

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 5329
  • Gender: Male
    • Македонски форум за електроника
Главна страна (дискусии, прашања)
http://elektronika-mk.net/index.php?topic=4291.msg39377#msg39377
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------

Поради тоа што пакетите на микроелктроника не ги поддржуваат дебагерите и програматорите на микрочип, односно мора да поседувате дебагер/ програматор од микрое., најчесто се јавува проблем со дебагирањето на некои поголеми проекти, кога мора цело време да го средувате кодот и цело време да го вадите микроконтролерот и да го препрограмирате. Доколку поседувате програматор/ дебагер од микрочип а сакате да ги користите пакетите компајлери на микрое. има еден начин за тоа како да ги дебагирате проектите преку компајлерот на микрочип MPLAB ( можете да го симните бесплатно од сајтот на микрочип). Се што треба да направите е да го подесите компајлерот на микроелектроника да меѓу другите работи при градбата на проектот што ги дава (hex., asm и слични фајлови) да дава и COFF фајл, кој подоцна ќе го вметнувате во компајлерот на микрочип.

За да го поставите/ подесите ова потребно е да ги направите следниве чекори (погледнете ја сликата подолу за појасно):
  • Кога ќе отворите нов проект одете во полето Tools
  • Од ова мени изберете го полето Options
  • Ќе ви се отвори еден прозорец со лента од левата страна
  • Изберете го полето Output (Output Settings)
  • Во овај дел селектирајте го полето Generate COFF File



Сега кога ќе го генерирате/ компајлирате проектот ќе се појави во прозорчето најдолу порака која кажува дека е генериран COFF фајл (види слика)



Овај генриран COFF фајл се наоѓа во папката каде што е и самиот проект (каде што ви се hex, asm и сличните фајлови).
Откако ќе ги направите сите овие чекори, одиме на поставувањата за да микроконтролерот може да се дебагира хардверски.
  • Во прозорецот од дебагерот на микрое. се клик ана полето Project
  • Од менито што ќе излези се избира Edit Project...
  • Во новиот прозорец што ќе излези побарајте Background Debug bit (In-Circuit Debugger Mode bit) и дозволете го (enable)
  • Кликнете на полето Save Scheme и после на OK
Со ова завршивте со поставувањата во компајлерот на микроелектроника, следен чекор е да го програмирате микроконтролерот со соодветниот .hex фајл кој го генериравте/ компајлиравте од вашата програма пишувана во пакетот на микроелектроника.

Следен чекор се поставувањата на MPLAB.

  • Стартовајте ја програмата MPLAB
  • Во горното мени што ќе ви се појави има едно поле Configure
  • Од ова поле изберете  Select Device (микроконтролерот кој сакате да го дебагирате)

Откако ќе го изберите посакуваниот микроконтролер треба да се вчитаат следните работи
  • Кликнете на File па после во тоа што ќе излези кликнете на Import
  • Од прозорчето што ќе излези отворете ја папката каде што ви е проектот и внесе те го .hex фајлот од проектот
  • Следен чекор е пак да го отворите истото но наместо .hex фајлот овај пат ќе го изберите генерираниот COFF фајл.

Внимавајте на овај чекор тој е многу бите, посебно тоа што треба .hex фајлот да го вметните, бидејќи тој содржи посебни калибрациони битови без кои дебагирањето нема да биде успешно.

Следно што треба да направите е:
  • Од менито Debugger кликнете на полето Select Tool
  • Изберете во зависност од тоа што поседувате и од зависност тоа што поддржува микроконтролерот како дебагер, дали тоа е PicKit2 или ICD2.

Откако ќе го направите ова ќе ви излези некој Волшебник (Wizard ) за тоа како да го подесите правилно програматорот. Откако ќе завршите со ова наредно што треба да направите е:
  • Од менито Debugger притиснете на копчето Connect
  • Откако ќе заврши конектирањето од истото мени Debugger кликнете на копчето Program





Откако ќе заврши и програмирањето последен чекор ви е дебагирањето, со притискање на некоја од командите во полето за дебагирање (виси слика подолу), имате можност за чекор напред, чекор назад, пауза на моменталната работа, со што ја задржува состојбата во која се наоѓа и некои други можности (ќе разгледате сами)

Jас не сум себичен, помагам. Помагај и ти !

Секоја куќа си има свои куќни правила.Почитувај ги куќните правила!