Author Topic: Стерео појачувач со СТК 401 - 040  (Read 508 times)

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Стерео појачувач со СТК 401 - 040
« Opened on 04.02.2011, Friday, 01:47:42 (Edited 04.02.2011, Friday, 01:56:09) »
Ова шема е оригинална  од фабрички кит со СТК коло и дваесетина пасивни елементи,Има декларирана снага од 2Х25 вати на 6 ома! Токму ова беше поводот човеков кој си купил кит во Австрија ,да праша какви звучници да стави(купи!) за појачувачов . Во основа ке пасуваат и 4 и 8 омски звучници,макар што е посигурно да се стават 8 омски.Силата нема значајно да се намали,а греењето ке биде во граници на нормалата.Со 4 омски звучници ке грее само повеке,а нема да даде поголема сила.Кај СТК колата постои заштита која ја намалува струјата низ излазните транзистори ,ако се зголеми греењето на ИК. Педантните Австријанци дури и даваат готови,намотани калеми на излезните отпорници кон звучникот! Плочката е солидна,ама човекот ја склопил пред да ја ископирам.Со кит-от добил и 2 метри тинол жица конектори за штампата и утичници за звучниците.Секоја чест! Китот кошта 14 ЕУ без исправувач.