Земи вака: ако плочката кошта толку,што мислиш колку би коштале деловите,посебно исправувачот? Еве како дискутираа за овие ситуации на странски форуми: прво се засилува кампања,рецензии,написи ( како ова се е супер!! еве ви плочки!! Купете ке нема..),па ти нудат само кит-комплет без излезни транзистори,потоа се нудат само излезни транзистори,а никој не ви кажува колку чини трафо,исправувач,електролити..
На крај кога ке го купите и составите кит-от слушате нешто што нема врска со она што сте очекувале! Прво,поради тоа што не сте способни или немате знаење и апаратура,да го подесите појачувачот да работи во вистинска А класа,а второ што деловите кои сте ги купиле не соодветствуваат со квалитет.Трето,кога ке видите колку пари ве чинело тоа задоволство.... Видете колку чинат А класа појачувачите во комерцијална изведба,се ке ви биде јасно.