Author Topic: Барам подетални информации околу термопаровите  (Read 2361 times)

Offline Bukefal

  • Нов член
  • *
  • Posts: 4
Барам подетални информации околу термопаровите
« Opened on 01.12.2010, Wednesday, 16:08:50 (Edited 01.12.2010, Wednesday, 18:24:23) »
ме интерсира дали некој знае нешто за термопарови (од неблагородни, благородни метали и специјални термопарови), ако знае нека го сподели своето знаење...
фала однапред

Споено мислење: 01.12.2010, Wednesday, 18:24:23
ајдеее бе, така не се најде некој да знае  термопарови  :'(

Offline Bojan

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 3235
  • Gender: Male
  • Turn it ON and keep it ON
друже знаеш нешто ти за термо парови, пиши што знаеш, па тоа што незнаеш можеби некој го знае па ке ти каже...имаш барано на гугле за нив???
Теоријата е ,кога се знае се,а ништо не функционира.Праксата е кога се функционира ,а не се знае зошто.Ние во Македонија успешно ја спојуваме теоријата и праксата ,при што ништо не функционира и никој не знае зошто!!!
(позајмено од batka)

Offline Bukefal

  • Нов член
  • *
  • Posts: 4
друже знаеш нешто ти за термо парови, пиши што знаеш, па тоа што незнаеш можеби некој го знае па ке ти каже...имаш барано на гугле за нив???

имам барано на гугл, ама ништо не најдов, а тоа што го пише во учебникот е премалку :S

еве што пишува во учебникот:

Термоелектрични спрегови или термопарот се користи за мерење на темпертурата. Тој претставува електропроводно коло од два различни материјали, чии краеви се загреани на различни температури. Работата на термопарот се базира на термоелектричниот или Зебековиот ефекет.....

Термопаровите се делат на три поголеми групи
Термопарови од неблагородни материјали
Термопарови од благородни материјали
Специјални термопарови

е за болдираново, ке правам проект, а никако да најдам нешто на нет  ???

Offline Devil

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 5329
  • Gender: Male
    • Македонски форум за електроника
Одг: Барам подетални информации околу термопаровите
« Reply #3 on 01.12.2010, Wednesday, 21:13:22 (Edited 01.12.2010, Wednesday, 21:15:57) »
Code: [Select]
http://www.electronic-sensor.de/techinfoe.htmlвиди има некој табелеи и карактеристики

Code: [Select]
http://www.sawi.ch/infos_e/pdf_e/ref_082500e.pdfне е баш за термопарови ( не е за тоа стриктно ) ама има имформации како работаат, разгледај го убаво ќе најдеш добри податоци ( Thermocouples)

Code: [Select]
http://www.omega.com/prodinfo/thermocouples.html
Си барал на гугл ама не си знаел што ;D
сака малку англиски да се знае  ;)
Jас не сум себичен, помагам. Помагај и ти !

Секоја куќа си има свои куќни правила.Почитувај ги куќните правила!

Offline MarkoMK

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1001
  • Gender: Male
Одг: Барам подетални информации околу термопаровите
« Reply #4 on 01.12.2010, Wednesday, 21:45:34 (Edited 01.12.2010, Wednesday, 22:24:30) »
Термопаровите најчесто се користат за мерење на високи температури - во индустријата - односно таму каде што не можат да се користат силициумски сензори. Станува збор за температури до 1000 и повеќе степени.
Се состојат од проводници од 2 метали кои на едната страна се споени помеѓу себе - тоа е т.н. топла страна (тука мерат температура) а останатите два краја се поврзани на инструментот - тоа е ладна страна  и тука исто така има спој метал - бакар поради бакарните водови и клеми (најчесто).
Термопарот (или сонда, како што ја викаат мајсторите :)) генерира напон кој е зависен од температурата и тоа од редот на десетици микроволти по степен. Овде е најбитно тоа што напонот генериран од термопарот не зависи апсолутно од температурата, туку е пропорционален на температураната разлика помеѓу топлата и ладната страна. Затоа во инструментите (термостатите) се прави „компензација на ладна страна“ - тоа значи дека на ладниот спој (термопар - бакар) има сензор за мерење на ниски температури (амбиентални) и таа информација се користи понатаму при одредувањето на апсолутната температура.
Инаку има повеќе типови термопарови (во зависност кои метали се користат) од кои најкористени се
тип К - Cr Al  - хромел алумел
тип Ј - Fe  Const - железо константан
со овие се имам сретнато инаку има повеќе види на
Code: [Select]
http://en.wikipedia.org/wiki/Thermocoupleтука ќе ги најдеш и тие што се од благородни метали и останати, но за практична работа разгледај ги типовите што ги напишав.
Друга карактеристика на термопаровите е нивната нелинеарност односно генерираниот напон не е во линеарна зависност од температурата - па и тоа мора да се компензира односно линеаризира. За секој тип има полином со коефициенти по кои се пресметува отстапувањето.
Но сепак, доколку е потребно мерење во помал опсег - на пример 0-400 степени, или 600 - 800 степени (има разни потреби во индустриајта) и ако се прифати отстапување од неколку степени во дадениот опсег - може да се сметаат за линеарни и нема потреба од линеаризација.

Јас ги проучував овие термопарови, и одамна се спремам да направам термостат со PIC, ама не се наоѓа време никако. Ако се решиш нешто да правиш, кажи, па може да помогнеме. ;)
Life is too short to remove USB safely ..

Offline Bukefal

  • Нов член
  • *
  • Posts: 4
Code: [Select]
http://www.electronic-sensor.de/techinfoe.htmlвиди има некој табелеи и карактеристики

Code: [Select]
http://www.sawi.ch/infos_e/pdf_e/ref_082500e.pdfне е баш за термопарови ( не е за тоа стриктно ) ама има имформации како работаат, разгледај го убаво ќе најдеш добри податоци ( Thermocouples)

Code: [Select]
http://www.omega.com/prodinfo/thermocouples.html
Си барал на гугл ама не си знаел што ;D
сака малку англиски да се знае  ;)

џабе што имам 5-ка англиски, ништо не разбирам  :'(
сепак фала

Offline deophorant

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 300
Ако сте за практична работа, веке имам нешто такво направено, па ако има потреба ке ставам некои матријали, сега сум на работа неможам да ставам.

Offline Bukefal

  • Нов член
  • *
  • Posts: 4
Ако сте за практична работа, веке имам нешто такво направено, па ако има потреба ке ставам некои матријали, сега сум на работа неможам да ставам.

ако можеш стави, а ако не остај, не мора да се мачаш  ;)

Споено мислење: 02.12.2010, Thursday, 13:36:17
Термопаровите најчесто се користат за мерење на високи температури - во индустријата - односно таму каде што не можат да се користат силициумски сензори. Станува збор за температури до 1000 и повеќе степени.
Се состојат од проводници од 2 метали кои на едната страна се споени помеѓу себе - тоа е т.н. топла страна (тука мерат температура) а останатите два краја се поврзани на инструментот - тоа е ладна страна  и тука исто така има спој метал - бакар поради бакарните водови и клеми (најчесто).
Термопарот (или сонда, како што ја викаат мајсторите :)) генерира напон кој е зависен од температурата и тоа од редот на десетици микроволти по степен. Овде е најбитно тоа што напонот генериран од термопарот не зависи апсолутно од температурата, туку е пропорционален на температураната разлика помеѓу топлата и ладната страна. Затоа во инструментите (термостатите) се прави „компензација на ладна страна“ - тоа значи дека на ладниот спој (термопар - бакар) има сензор за мерење на ниски температури (амбиентални) и таа информација се користи понатаму при одредувањето на апсолутната температура.
Инаку има повеќе типови термопарови (во зависност кои метали се користат) од кои најкористени се
тип К - Cr Al  - хромел алумел
тип Ј - Fe  Const - железо константан
со овие се имам сретнато инаку има повеќе види на
Code: [Select]
http://en.wikipedia.org/wiki/Thermocoupleтука ќе ги најдеш и тие што се од благородни метали и останати, но за практична работа разгледај ги типовите што ги напишав.
Друга карактеристика на термопаровите е нивната нелинеарност односно генерираниот напон не е во линеарна зависност од температурата - па и тоа мора да се компензира односно линеаризира. За секој тип има полином со коефициенти по кои се пресметува отстапувањето.
Но сепак, доколку е потребно мерење во помал опсег - на пример 0-400 степени, или 600 - 800 степени (има разни потреби во индустриајта) и ако се прифати отстапување од неколку степени во дадениот опсег - може да се сметаат за линеарни и нема потреба од линеаризација.

Јас ги проучував овие термопарови, и одамна се спремам да направам термостат со PIC, ама не се наоѓа време никако. Ако се решиш нешто да правиш, кажи, па може да помогнеме. ;)

ФАЛАА брат, ми беше од голема помош  :)

Offline MarkoMK

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1001
  • Gender: Male
Ако сте за практична работа, веке имам нешто такво направено, па ако има потреба ке ставам некои матријали, сега сум на работа неможам да ставам.

Па јас сум заинтересиран, ако имаш некоја шема да поставиш.