Си одбрал лоша комбинација: басот оди од 28 хз до 8 Кхз,значи длабоко влегува во среднотонско подрачје.Ако изработиш свртница 6 дб ке имаш *плиток* рез со среднотонец и високотонецот ке оди многу *високо* Значи,по мое, треба да ги отфрлиш средните( ке крештат само и ке бидат прегласни!),а да се концентрираш на добар високотонец.
Последен пат во Ск бев во представништвото на БИЕМА( во Козле е,во зграда пред бензинската на Макпетрол,а наспроти Германската амбасада) каде има добри и релативно евтини звучници.Високотонец со 90 дб,1,5-20 кхз,8 ома со ознака БМХ-1301 чини 350 ден. за парче и дава солиден звук.За толку пари не сум сретнал подобар моментално.Свртницата направи ја двосистемска,12дб,некаде околу 4000 хз резна фреквенција.Кутијата може да биде компресиона(помала) или некоја ТЛ или друг тип кој ги дадов.Ако веке сакаш да ги користиш високотонциве и среднотонците,тогаш направи сабвуфер и два сателити(средни + високи).Нацрти има колку сакаш,само кажи од каде си? Ако си од Велес... ке се најдеме