Author Topic: Интересен стерео кодер  (Read 777 times)

Offline ivica.s

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 369
  • Gender: Male
  • RF Guru
    • Регистрирај се и заработи на envato.com
Интересен стерео кодер
« Opened on 04.11.2010, Thursday, 23:12:08 (Edited 04.11.2010, Thursday, 23:16:31) »
Овој кодер е интересен поради тоа што не користи кристал, туку PLL RC осцилатор кој е изведен со CD4046 интегралецот. Овој осцилатор работи на 76 Khz, и после ова фреквенцијата се дели на 38 и 19 Khz.

Овој кодер го имам правено во 2007 година и работи проверено, но беше подарен на еден мој братучед и за жал немам слики од мојот кодер (тогаш немаше мак. форум за електроника  :D).

Квалитетот на звукот е добар, но сепак не може да се споредува со профи кодер.

Со тримерот P1 се мести фреквенцијата на излезот од CD4046 да биде 76 Khz (поновите дигитални мултиметри мерат и повисоки фреквенции), а со тримерот P2 се подесува нивото на 19 Khz пилот тонот.

Една препорака, заменете го 78L09 со обичен 7809, оти овој првиот има послаб ripple rejection (потиснување на брумот) а бидејќи ова е кодер брумот мора да биде на минимум.

Еве шема, плочка и слика: